3Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
ЖивотОгромен глечер испуштил милијарди тони слатка вода во океанот (ВИДЕО)Џиновскиот гелечер, кој се одвои од Антарктикот во 2017 година, ослободил во океанот вода како 61 милион олимписки слатководни базени, покренувајќи прашања за влијанието врз морскиот екосистем.Огромната санта мраз била двојно поголема од Луксембург кога се откачила од ледената покривка Ларсен, која се загреала побрзо од кој било друг дел од најјужниот континент на Земјата. Со површина од 5.719 квадратни километри, тој бил најголемиот глечер на Земјата кога се формирал и шести по големина забележан досега, според британското Антарктичко истражување. Две години, гигантот тежок трилиони тони, познат како А-68а, плутал во студените води на Веделското Море пред да отпатува на север и да му се закани на британскиот остров Јужна Џорџија, на околу 4.000 километри од неговата почетна точка. Глечерот, наречен А-68а по отцепувањето, опасно се приближил до островот кон крајот на 2020 година, предизвикувајќи стравувања дека ќе се заглави на морското дно, блокирајќи ги океанските струи и попречувајќи го минувањето на илјадниците пингвини и фоки. Но, една нова студија покажала дека глечерот, иако накратко го допрел морското дно, брзо се стопил во потоплите региони околу Јужна Џорџија и изгубил значителна количина од својата маса додека да стигне до поплитките води. Научниците кои го следеле неговото патување преку сателит пресметале дека А-68 испуштил вкупно 152 милијарди тони свежа вода богата со хранливи материи во морето помеѓу крајот на 2020 година и неговото топење во 2021 година. Тоа одговара на 20 пати поголема количина на вода отколку што има во езерото Лох Нес, Шкотска, или 61 милион базени со олимписка големина, се вели во соопштението за печатот на БАС, додавајќи дека тоа е „пореметување што може да има големо влијание врз морскиот екосистем на островот“. „Тоа е огромно количество растворена вода“, рече Ен Бракман-Фолгман, научник од Центарот за поларно набљудување и моделирање (CPOM), која ја предводела студијата објавена во списанието Remote Sensing of Environment. „Следното нешто што сакаме да утврдиме е дали ова има позитивно или негативно влијание врз екосистемот околу Јужна Џорџија“, рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Мораме да се движиме со современите текови на човештвото Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по презентацијата на апликацијата „m.Uslugi“.Апликацијата „m.Uslugi“, овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и лична карта, директно на својот мобилен телефон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЃорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје. - На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook