Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
2Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
3Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок
МакедонијаФилипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државатаНема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата. Вториот ребаланс кој што се носи за неколку месеци е признание за катастрофалното водење на финансиите на Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека со овој ребаланс наместо стабилни јавни финансии, повисок животен стандард и реализација на капиталните инвестиции, власта повторно ги пополнува дупките во буџетот, ги крати инвестициите и ја зголемува задолженоста на државата „Нема држава која што сега прави втор ребаланс на буџетот. Сега сите држави кои што добро се менаџираат, веќе разговараат за буџетите, за 2027 година. Што ние правиме - ребаланс, за да само што ќе заврши, овој ребаланс ќе почне и ќе се отвори дискусијата за буџетот за следната година. Нема поголем доказ за лошо менаџирање на буџетот, финансиите и економијата од страна на Христијан Мицкоски и од овој втор ребаланс“, рече Филипче. Филипче нагласи дека вториот ребаланс не носи подобар живот за граѓаните, нема зголемување на платите, нема фискална стабилизација, а капиталните инвестиции се кратат. Наместо развој и подобрување на стандардот, владата се задолжува за да ги покрие дупките што сама ги создаде во буџетот. „Се остваруваат работите кои ги предвидувавме и на кои укажувавме за време на јулскиот ребаланс на буџетот. Што е ова како акт, како чин? Ребаланс кој не носи подобар стандард за граѓаните, нема пари за поголеми плати, нема фискална стабилизација, нема капитални инвестиции, напротив, тие се кратат, ова претставува ребаланс за да се направи задолжување за трошење, односно ребаланс со кој што ќе се пополнат дупките во буџетот“, рече Филипче. Тој посочи дека власта со новиот ребаланс практично признава дека првично го конструирала буџетот погрешно. Иако со јулскиот ребаланс дефицитот беше зголемен за околу седум милијарди денари со образложение дека парите ќе бидат наменети за капитални инвестиции, сега тие инвестиции се кратат, а дефицитот останува зголемен. „Тотален дебакл и практично признание дека сè е промашено при конструирањето на овој буџет. Со јулскиот ребаланс, дефицитот беше зголемен за околу 7 милијарди денари. Тогаш, образложението беше дека тие пари ќе одат за капитални инвестиции. Сега, сумата на капитални инвестиции се крати од јулскиот ребаланс, се носи на првично предвидената, а дефицитот останува 7 милијарди денари над почетниот план“, рече Филипче. Дополнително, наместо планираните приходи да се реализираат, владата повторно ги намалува проекциите, што е уште една потврда за лошото планирање и недостигот на капацитет за управување со јавните финансии. Филипче посочи дека во јули проекцијата на приходите беше зголемена на 379,5 милијарди денари, а сега се намалува за 5,3 милијарди денари, на околу 374 милијарди денари. „Што значи тоа? Дека на приходната страна сериозно е потфрлено. Јавниот долг расте, ќе достигне 12 милијарди евра, а со долговите на јавните претпријатија, пред сè на Јавното претпријатие за државни патишта, долгот ќе надмине 63% од бруто домашниот производ. Ние немаме капацитет на економијата да го издржиме овој огромен јавен долг“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди дека за само две и пол години вкупниот долг на државата е зголемен за 50%, од 8 на речиси 12 милијарди евра. „За две години, практично, две и пол години, за 50% е зголемен вкупниот долг на државата. Од 8 на скоро 12 милијарди евра. При тоа, од тој зголемен долг, од тие нови, скоро 4 милијарди евра, рекорден долг од независноста од 1991 година на државата, граѓаните не видоа ништо добро. Ајде да имаше подобар стандард, ајде да имаше поголеми плати, ајде да имаше поголеми субвенции во земјоделството, да имаше зголемување на приходите преку оброк или преку други извори за студентите, да имаше некаква стимулација на младите да останат во земјата, нешто да се случуваше на квалитативната страна во здравството, ништо не се случува, нешто во образованието, исто така, никој не виде никаков бенефит од ова огромно зголемување, само долгови и камати, кои што ќе ги плаќаат следните кој знае колку генерации“, рече Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје. - На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежокДенес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Почитувани центарци, Почитувани претставници на медиумите, Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот. Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото? Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму. Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување! Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39