БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook