МакедонијаОграничена е пловидбата на Охридското, Преспанското и Дојранското езероВладата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Имено со Одлуката се ограничува: - Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот. - Пловидба на чамци и тоа: од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21.00 до 05.00 часот од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20.00 до 06.00 часот од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19.00 до 06.00 часот Оваа Одлука се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата. Исто така, информираме дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Апелираме до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАпокалипса во Америка: Ветер од 160 км/ч го исфрли возот од шините, застрашувачки сцени (ВИДЕО)Силни ветрови со брзина помеѓу 130 и 160 километри на час предизвикаа сериозно излетување на товарен воз од шините во државата Илиноис, при што голем број вагони завршија превртени во блиските земјоделски површини.Снимките од воздух покажуваат десетици вагони расфрлани по пругите и полињата, додека спасувачките екипи и железничките служби веднаш излегоа на местото на несреќата за да го обезбедат местото на несреќата и да започнат со отстранување на возот. Според првичните информации, во несреќата немало поголеми повреди, а властите работат на проценка на материјалната штета и утврдување на сите околности што довеле до излетувањето на возот од шините. View this post on Instagram A post shared by Uticajtv (@uticaj.tv) Истрагата е во тек, додека метеоролозите наведуваат дека налетите на бура во областа достигнале брзина карактеристична за урагански услови.Тагови: Америка воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожариВо рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.Денеска (22.06.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, реализираа сообраќајни превентивни активности во кои главен акцент беше ставен на пешаците. Тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а во рамки на активностите им беше потенцирано дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации итн. Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Тетово, спроведоа превентивни активности во Скопје и Тетово под мотото „Носи кацига“, насочени кон возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети. При тоа им беа поделени и едукативни материјали подготвени од страна на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Полициски службеници од ОВР Кавадарци и Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, вчера во Кавадарци и општина Брвеница реализираа превентивни активности на тема „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари“. Преку непосредни разговори на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, укажувајќи им да не фрлаат догорчиња од цигари или било каков друг вид запаливи материјали покрај патиштата, како и на обврската за внимателно и одговорно однесување кога се движат во шумски предели, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, особено во летниот период кога е зголемена температурата и опасноста од пожари е поголема. Превентивни активности за заштита од пожари денеска беа реализирани и во Делчево и Берово од страна на полициски службеници од СВР Штип. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дождУтре под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени. Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36