Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
МакедонијаОдржана надзорна расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазикКомисијата за култура и туризам денеска во Собранието одржа надзорна расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“, посветена на согледување на предизвиците во спроведувањето на зако.Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието одржа надзорна расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“, посветена на согледување на предизвиците во спроведувањето на законот и можностите за негово поефикасно применување. На надзорната расправата, покрај претседателката, членовите и заменик-членовите на Комисијата, учествуваа и пратеници, како и претставници на институции, академската заедница и стручната јавност. Свои излагања имаа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Инспекторатот за македонски јазик Менче Андреева, поранешната претседателка на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџоска, претседателката на Здружението на лектори Елизабета Бандиловска, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар“ Александар Јорданоски, деканката на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип Луси Каранфиловска-Чочоровска и вонредниот професор на Студиската програма за македонски јазик и литература при Универзитетот во Тетово Михајло Марковиќ. Отворајќи ја расправата, претседателката на Комисијата, Саранда Имери Фетаи, истакна дека надзорните расправи претставуваат значаен механизам за остварување на парламентарниот надзор над извршната власт, овозможувајќи оценка на практичната примена на законите и согледување на потребата од нивно унапредување. Во своето обраќање, министерот за култура и туризам Зоран Љутков нагласи дека македонскиот јазик не е само административна обврска, туку темел на културниот и државниот континуитет, столб на националниот идентитет и суштински елемент на уставниот поредок. Тој се осврна на спроведувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик, јазичната политика, подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, развојот на лекторската дејност и меѓународните лекторати, а одговори и на прашањата на пратениците поврзани со формирањето и функционирањето на Инспекторатот за македонски јазик. Понатаму во текот на расправата исказ даде и директорката на Инспекторатот за македонски јазик, Менче Андреева, која информираше дека Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик започна со работа како орган во состав на Министерството за култура и туризам, со систематизирани и прецизно дефинирани работни места. Понатаму даде образложение и им одговори на прашањата на пратениците во врска со формирањето и функционирањето на Инспекторатот, за Стратешкиот план на Инспекторатот за периодот 2025 – 2027 година; Годишниот план за работа на Инспекторатот за 2025 година; Годишниот извештај и Годишен план за работа на Инспекторатот за 2026 година. Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска, говореше за улогата на Советот како советодавно тело во креирањето на јазичната политика и неговото учество во подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, укажувајќи на ограничените надлежности за непосредно спроведување на промените. Претседателката на Здружението на лектори, Елизабета Бандиловска, ја нагласи целта на Здружението да биде промотор и заштитник на македонскиот стандардниот јазик во јавната сфера и во врска за исполнување на оваа цел ги нагласи работилниците кои се одржуваат со лекторите на повеќе теми како и напомена дека основното образование е многу битно во зачувањето на македонскиот јазик. Таа побара да се зголеми бројот на лекторите не само во јавните институции туку и во медиумите, и побара да има правно уредување на статусот на лекторите. Таа им одговори на прашањата на пратениците во врска со интересот на младите за проучување на македонскиот јазик и како Законот за македонскиот јазик влијае на нивниот интерес, но исто така, нагласи дека треба да се подобри и начинот на вреднување на лекторите. Александар Јордановски, директорот на НУ „Национален конзерваторски центар“, ја спомна ратификацијата на Конвенцијата за заштита на нематеријалното наследство, донесена во 2003 во Парис, ратификувана во 2006 година од нашата држава и обврските што произлегуваа од таа конвенција, а се однесуваат и на македонскиот јазик како нематеријално наследство. Исто така се осврна и на мерките и на дигитализацијата за зачувување и заштита на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство. Тој ја нагласи и соработката со Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ со цел трајна заштита на најголемиот документациски ресурс во врска со културното наследство, и нагласи дека треба да се внимава на говорно-јазичната норма, Правописот на македонскиот јазик и заштитата на македонскиот јазик. Деканката на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Луси Каранфиловска-Чочоровска, даде преглед на работата на Филолошкиот факултет во Штип и нагласи една од мерките на овој факултет е дека студентите кои се запишани на Македонски јазик и книжевност да бидат ослободени од партиципација за прв циклус студии. Вонредниот професор на Студиската програма за македонски јазик и литература при Универзитетот во Тетово, Михајло Марковиќ, зборуваше за предизвиците во примената на Законот за употреба на македонскиот јазик во мултиетничка средина, како и за значењето на ефикасното функционирање на Инспекторатот за македонски јазик. По завршувањето на исказите и дискусијата, претседателката на Комисијата информираше дека надзорната расправа ќе продолжи во наредниот период, за што јавноста и учесниците ќе бидат дополнително известени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook