Одброени се деновите на рачните менувачи?! - Канал 5

Одброени се деновите на рачните менувачи?!

Автоматските менувачи станаа стандард на многу пазари, загрозувајќи го опстанокот на автомобилите со рачни менувачи.

Одброени се деновите на рачните менувачи?!

Во 2001 година, речиси секое патничко возило регистрирано на пет големи европски пазари - Германија, Обединетото Кралство, Франција, Италија и Шпанија - имаше рачен менувач.

Во тоа време, рачните менувачи сочинуваа 91% од регистрациите на овие пазари. Овој тип на менувач беше попопуларен од автоматските, дури и кај премиум и луксузните брендови.

Технологијата тогаш не беше ни приближно толку напредна како што е денес, па затоа високите трошоци за развој директно влијаеја на конечната цена, а автоматските менувачи беа повеќе луксузна опција отколку неопходност.

Сепак, како што беше случајот со воздушните перничиња и другите автомобилски технологии, постепеното усвојување помогна во намалувањето на трошоците и цените. Со зголемувањето на метежот во големите градови, автоматските менувачи брзо стануваат одговор на новата реалност, објавува „Motor1“.

Минатата година, автомобилите со рачни менувачи сочинуваа само 29% од регистрациите на петте главни европски пазари. Поделбата помеѓу популарните и премиум брендовите, исто така, покажува големи промени.

Во 2001 година, премиум автомобилите со автоматски менувач учествуваа со 31% во продажбата. До 2024 година, тој процент достигна 97%.

Што се однесува до популарните брендови, промената е подеднакво драматична: пазарниот удел на автоматските менувачи порасна од 5% во 2001 година на 63% минатата година.

Извор: Мотор 1

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер