Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
БалканОд недела до 10 јануари задолжителен ПЦР или рапид тест за влез во ГрцијаНевакцинираните и оние кои не прележале, а пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во ГрцијаНегативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар, од недела се задолжителни за влез во Грција, независно дали патниците се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19, а мерката важи за сите посетители, меѓу кои и оние од Македонија, согласно министерската одлука што ќе биде во сила до 10 јануари 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, невакцинираните и оние кои не прележале, а пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во Грција, нешто што веќе извесен период се применува. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19", денеска беше објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила во недела во шест часот наутро, ќе важи до 10 јануари 2022 година, а МИА детално ги пренесува сите правила за патување кај јужниот сосед. Промените веќе беа најавени како од Министерството за здравство на Грција, така и од владиниот портпарол Јанис Иконому, а согласно одлуката „сите патници кон Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата, без разлика на вакцинацијата или прележана болест, мора да бидат тестирани негативно" со ПЦР во последните 72 часа пред нивното пристигнување во земјата или „алтернативно да се тестираат негативно со употреба на брз антиген тест во рок од 24 часа пред нивното пристигнување во земјата". Тестирањето треба да биде во одобрена, од државата на потекло, приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. За патниците „независно од државјанството и начинот на влез во земјата, а кои во Грција пристигнуваат од Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција", предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во земјата. Исклучок од оваа мерка се вакцинираните кои имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена и оние кои прележале Ковид-19 и имаат потврда што важи 30 дена по првиот позитивен резултат и до 90 дена подоцна, Во однос на потврдите за прележана болест и промените воведени минатата седмица, согласно одлуката, оние кои се издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година важат до 31 јануари 2022 година. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), што треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Тестирањата, за вакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19 се по случаен избор, а за останатите се задолжителни. Во случај на позитивен резултат, предвиден е десетдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи, а доколку се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена. На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат N95 маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во последните 90 дена, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи, дозволен е влез на 1.500 лица седмично. Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. Одлуката за задолжителен тест за влез во Грција, во средата ја соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека ПЦР тестот треба да биде направен 48 часа пред патувањето, вчера напладне портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, рече дека тестот е валиден 72 часа пред пристигнувањето, а министерка за здравство на Грција Мина Гага вчера попладне објасни дека се воведува и можноста со рапид тест. Иконому на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина појасни дека станува збор за вонредна и привремена мерка за празничниот период за да се спречи ширењето на Омикрон. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00