Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена

Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто.

Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Како што посочи претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по носењето на одлуката, цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти. Со ова, додаде, за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок трошокот за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок трошокот на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок трошокот ќе се зголеми за 0,57 проценти.

- Да донесеме ваква одлука, каде што реално нема никакви промени ни овозможи тоа што на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од 60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието кои овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти, појасни тогаш Бислимоски.

На тендерот што претходно го распиша универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ беше прифатена цената од АД ЕСМ од 60 евра за мегават час и за покривање на 85 проценти од потребите на регулираниот пазар, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните пазарни цени. Дополнувањата на Законот за енергетика, пак, беа донесени во понеделникот на пленарна седница. Со ова законско решение, според предлагачите, се обезбедува сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна во изјава за медиумите рече дека не очекува зголемување на цената на електричната енергија, посочувајќи дека се исполнети двата услова - донесени се дополнувањата на Законот за енергетика и универзалниот снабдувач ги оптимизирал количините за да не дојде до енормно зголемување на цената на струјата.

Центата на струјата треба да важи до крајот на годинава, а за наредниот регулациски период по 1 јануари 2025 година властите најавуваат намалување на цената доклку се е вообичаено и нема некои изненадувања.

Магичниот остров на Медитеранот магнет за многу туристи

Уживајте во преубавите плажи и топлото море!

Ако сè уште не сте одлучиле каде ова лето, овој романтичен остров е препорака за многумина.

Рајскиот остров, како што го нарекуваат Кипар, не залудно го носи ова име, бидејќи штом ќе зачекорите на неговото тло, навистина ќе имате чувство дека сте во рајот. Ќе бидете опкружени со прекрасните плажи и недопрената природа, а бојата на морето ќе ве маѓепа на прв поглед. Последниве години, нашите туристи со задоволство избираат да летуваат на овој остров бидејќи нуди можност да доживеете вистинска егзотика, и тоа многу поволно.

Без разлика дали одите со друштво или со семејството, на ова егзотично одморалиште, како еден од поголемите острови на Медитеранот, сигурно ќе го најдете она што го посакувате, релаксација, забава или мир.

Покрај магијата на живописните пејзажи, туристите имаат можност да уживаат и во богатата гастрономска понуда.

Хотели за сечиј џеб

Овој остров нуди многу дестинации за сместување на туристите, додека хотелите се движат од две до пет ѕвездички, во зависност од луксузот што го нудат.

Аја Напа е едно од омилените одморалишта и е особенопопуларно кај младите бидејќи нуди голем број забави на отворено и богат ноќен живот. Ноќевање со појадок во хотели со три ѕвезди може да најдете за 35 евра по лице, додека за хотел со четири ѕвезди на база на полупансион потребно е да одвоите 70 евра.

Места што вреди да се посетат

Освен големото задоволство, кое ќе ви го пружат некои од одморалиштата на Кипар, многу од нив кријат историски и културни занимливости. Покрај Аја Напа, како најпримамливата дестинација за нашите граѓани, тука е и одморалиштето Ламасол, кое претставува „економско и културно срце“ на Кипар, со богата историја и фестивали кои ги воодушевуваат посетителите.

Доколку истовремено сте љубители и на традиционалното и на модерното, Ларнака е приморски град кој ќе ве освои со своите историски знаменитости, но и модерното пристаниште.

Протарас е совршено место за оние кои одат на одмор со семејството бидејќи го красат кристално чисти води и тивки плажи, идеални за релаксација.

Кипарска кујна и деликатеси

За гурманите, кипарската кујна е посебно примамлива. Овде може да пробате бројни локални специјалитети бидејќи нивната кујна е слична на нашата. Предјадењата локалните туристи не ги пропуштаат, а баклавата и локумот како десерт се служат во сите тамошни ресторани. Бидејќи на овој прекрасен остров има и лозови насади, добрите и квалитетни вина се незаменливи, па можете да ги вкусите во некоја од неговите автентични таверни

Извор: srecna.republika.rs

Никој не ја препознава Кристина Агилера, откако ослабе 20 килограми (ВИДЕО)

Пејачката Кристина Агилера (43) привлече внимание откако драстично ослабе.

Музичарката, позната по своите облини, изненади со трансформацијата и откри дека ослабела 20 килограми. Поп-пејачката викендот го помина во Италија каде што настапи на гламурозниот настан Dolce & Gabbana Alta Moda.

На својот Инстаграм профил таа сподели видео на кое се шета во розов мини фустан и чизми над колена во иста боја, а многумина забележаа дека пејачката зрачи со самодоверба.

Ја красеше сигурна прошетка, заводлив поглед и насмевка на лицето, а многумина повторно почнаа да шепотат дека користела Оземпик, лек кој е одобрен само за лекување на дијабетес тип 2. Сепак, многумина го користат за губење тежина.

„Што се случи со таа убава тежина што ја имавте?“, „Поради операциите, Оземпик сега изгледа вака“, „По ѓаволите, ја изгуби сета таа секси тежина, се надевам дека е барем среќна“, „Икона Кристина“, „Што се случува, што се случи со Кристина Агилера?“, беа само дел од коментарите на нејзината објава.

Пејачката претходно призна дека се храни здраво и дека се откажала од грицките. Почнала да вежба и сака јога, бокс и кардио тренинзи.

Драма во САД: Сосед застрелал седум лица, меѓу кои четири деца, па си пресудил

Сосед (74) застрелал седум лица, меѓу кои четири деца, пред да се самоубие!

Овој расно мотивиран напад, како што пренесува Dailymail, се случил во Крит (американската држава Небраска).

Напаѓачот, Били Бут, пред да отвори оган врз жртвите, чиј идентитет не е соопштен, им рекол да се вратат од каде што дошле.

Полицијата соопшти дека четворицата жртви се деца на возраст од три до десет години. Ранетите веднаш биле префрлени во болница. Никој од нив нема повреди опасни по живот. Сите жртви се од шпанско-американско потекло.

„Напаѓачот им рекол да одат од каде што дошле. Тој им рекол да зборуваат англиски“, рече полковникот Џон А.

Пукањето се случило за време на семеен собир. По пукањето напаѓачот се повлекол во својата куќа каде се заклучил.

„Наскоро се слушна истрел. Специјалците влегоа внатре и го пронајдоа напаѓачот мртов“, додаде Болдук.

Четворица ранети набрзо се пуштени од болница, додека три лица се приведени. Две од нив се деца, кои се задржани во детска болница во Омаха.

Полицијата ја продолжила истрагата обидувајќи се да утврди кој бил мотивот за овој расистички напад.

притисни ентер