Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
1Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
СветГермански полицаец украл 180 кг. сирење од превртен камион- веднаш добил отказ Германски полицаец украл околу 180 килограми сирење „чедар“ од превртен камион по сообраќајна несреќа и поради тоа останал без работа.Вишиот управен суд во Порајње-Фалачка ја одби жалбата на полицаецот, што значи дека неговата претходна осуда останува во сила, објави Ројтерс. Полицаецот работел во сообраќајната полиција и требало да го обезбеди местото на несреќата, соопшти судот. Тој со полициско возило се упатил до оштетениот камионски контејнер и побарал од вработената во фирмата за расчистување на патот по сообраќајната несреќа да му предаде неколку пакувања сирење. Тој украл вкупно девет пакувања сирење, секое тешко по 20 килограми, во вредност од 554 евра. „Пријавениот дел од пакетите ги донел во канцеларијата“, стои во соопштението. Може да се претпостави дека чувал нешто за себе и за своите пријатели и роднини. Во пријавата, полицаецот изјавил дека сирењето практично не вредело ништо и дека сакал да го спаси од уништување. Судот зазеде поинаков став, а во него пишува дека мажот извршил кривично дело кражба додека бил на должност. „Со ваквото однесување обвинетиот во голема мера го нарушил угледот на полицијата во државата“, велат од судот. Судот додаде дека не е важно дали сирењето имало мала вредност, истакнувајќи дека должност на полицаецот е да спречи кражба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕРТ: Регрутирањето на македонски државјани за напад во Грција започнало од турски затворРегрутирањето на македонските државјани во Иранската прокси мрежа која наводно планирала смртоносен напад во Грција започнало кога тие биле во турски затвор – тврди Грчката национална телевизија - ЕРТ. Како што наведуваат, едно од петмината уапсени лица се запознал со иранскиот нарко-бос Наџи Шарифи Зиндашти кога двајцата се наоѓале во ист турски затвор поради случи поврзани со дрога, што послужило како почетна точка за регрутирање на дополнителни лица КОИ што подготвувале напад во Грција. „Токму таму Зиндашти – нарко-босот кој наводно е вклучен во оваа иранска мрежа и за кого се верува дека е нејзиниот главен организатор – првпат се сретнал со едно од лицата уапсени овде во Скопје. И токму таму започнало регрутирањето на останатите лица. Исто така, потврдено е дека сите пет лица се од албанско потекло и се државјани на Македонија.“ Шарифи Зиндашти се поврзува со меѓународни мрежи за трговија со дрога а е баран и од FBI односно американското истражно биро, меѓудругото и за два обиди за убиства на американски државјани. Како што наведува ЕРТ, иранскиот државјанин Едрис Маванех кој одиграл клучна улога во координирањето на нападот, ги искористил врските на Шарифи Зиндашти за да ангажира оперативци од Македонија. Професорот Злате Димовски од Факултетот за безбедност, појаснува дека финансискиот елемент, идеологијата но и авантуризмот, се меѓу причините за врбување на македонски државјани во меѓународни терористички и паравоени групации. „Кај нас има доста замрзнати ќелии кои што претежно се од Ал Каеда и од ИСИЛ, како и од некоја друга поголема терористичка организација. Тие лица живеат и работат тука. Тука се на оваа територија, меѓутоа во услови кога ќе им се даде соодветниот сигнал, тие можат веќе да се стават во функција дали на евентуално вршење надзор на одредени објекти, за подготовка на некакви активности или за реализација на точно дефинирано што и како, бидејќи плановите ги прават доста децидно. // Ние ги викаме странски борци, но тие се наши државјани. Тие доаѓаат тука, се враќаат практично, заминале по одреден основ, а претходно се прави нивна идентификација, кој би можел да одговара на профилот. Понатаму, тука се подготвуваат, се индоктринираат оние коишто ќе одговорат на одредени нивни специфични критериуми, ќе бидат испратени во соодветни обучни центри, каде што ќе се обучуваат.“ Во последните две години, поради поврзаност со меѓународни криминални организации во државава се уапсени вкупно 12 лица. Во случајот со планираниот напад во Грција, властите во државава во соработка со грчката национална разузнавачка служба, трагаат по шестото вклучено лице, кое побегнало во странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаКопман: Блокадата е кај Скопје, без уставни измени нема почеток на преговориМакедонија напредува во реформите, но без уставни измени процесот не може да продолжи. Топката е кај Скопје, порачува Генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман. Во интервју за „Балканс дебриф“ на Атлантскиот совет, високиот европски дипломат признава дека Македонија предолго чека и оти се соочила со многу билатерални прашања, но вели дека ставот на Брисел е јасен и инкорпориран во европските документи. -Постои ли надеж за надминување на блокадата во Советот и дали Комисијата може нешто да направи во оваа фаза? - Дозволете ми да ве коригирам, ќе ми простите Илва. Блокадата не е во Советот. Блокадата е во самата држава. Земјата точно знае што треба да направи за да ги отвори преговорите, а тоа, во суштина, е промена на Уставот. Тоа е бугарското вето? -Не станува збор само за бугарско прашање. Ова е став на ЕУ. Тоа е дел од заклучоците на Советот. , изјави Герт Јан Копман, генерален директор за проширување и источно соседство на ЕК. Копман во интервјуто потсетува дека земјава треба да усвои и патокази и акциски план за малцинствата, за кои оцени дека се во напредна фаза на подготовка. Го пофали напредокот во однос на реформската агенда, но и наспроти тоа, вели имате нула напредок за суштинскиот почеток на преговори по кластери. -Земјата е способна за реформи. Оваа година постигна многу добар напредок во Планот за раст, што всушност значи дека направи многу тешки реформи. Прашањето сега всушност е да се адресира прашањето за уставните измени сериозно. Таа не е блокирана од земја – членка. Таа е блокирана бидејќи, досега, не сака да го направи она што знае дека треба да се направи. Топката е кај Скопје? –Апсолутно. , вели Копман. Интервјуто на Копман е дадено неколку дена пред Форумот за проширување во Брисел, во чии рамки тој се сретна со премиерот Мицкоски. По средбата, Мицкоски објави дека во фокусот на разговорот биле европската перспектива, реформските процеси и следните чекори во пристапуваето кон ЕУ. Македонскиот премиер, пак, од Форумот во Брисел порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат и покрај условот за Уставните измени, наместо да се вреднува реформскиот напредок. Тагови: ЕУ уставни измени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов Кривичен законик: Построги казни за корупција и јавни набавки, се чека БриселМинистерството за правда го чека мислењето на Европската комисија за предлог-новиот Кривичен законик. По добивањето на забелешките од Брисел, се најавуваат јавни расправи, а очекувањата се законот во декември да се најде пред пратениците.Една од дилемите е дали со новиот Кривичен законик конечно ќе бидат отстранети штетните последици од измените во 2023 година, на кои Европската комисија предупредуваше во своите извештаи? Тогаш беа намалени казните за одредени корупциски дела, а беше избришано и посебното дело за злоупотреба при јавни набавки. Од работната група која работеше на законот велат дека во новиот текст е интервенирано токму во овие области. -Во оваа насока беше интервенирано во делот на службената должност, посебно нели делот во којшто зборуваме за злоупотребата, со посебна нагласка злоупотреба на службената должност и овластување. А во оваа насока ние како експертска група нели одговорна за новите измени и дополнувања на КЗ, освен тоа ние реагиравме и во делот на последниот извештај во којшто Европската комисија дава забелешка во врска со злоупотребите при јавни набавки. Така што во овој контекст ние воведовме едно ново кривично дело со новиот Кривичен законик, членот 461, злоупотреба при јавни набавки или договори за јавно-приватно партнерство, во кое освен другото ние ги зголемивме и казните при вакви злоупотреби,- изјави – Африм Османи – Универзитет во Тетово. Но дел од правните експерти се сомневаат дека повисоките затворски казни се доволни за да се сузбие корупцијата. Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека суштината не е само во висината на казната, туку во тоа дали законот ќе се применува еднакво кон сите и дали ќе се одзема имотот стекнат со криминал. -Во ред е што се зголемуваат казните но тоа нема да ја сузбие корупцијата. Корупцијата ќе ја сузбие само сериозно применување на законот кон секого и „чистење“ на институциите од влијание на политиката. Тоа е законски „шминкерај“. Подобро осудете некој на 3 години наместо осум, ама земете и конфискувајте му го тоа што го зел,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат ( Само Вистина 18.11.2026). За злоупотреба на службената положба се предвидуваат казни од шест месеци до пет години, а зависно од прибавената корист или причинетата штета, казните може да достигнат и до 15 години затвор. За злоупотребите при јавни набавки, казните се движат од една до пет години, а во потешките случаи достигнуваат до 15 години затвор. Меѓу новините во предлог-законикот е и воведувањето кривично дело загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45