ЗабаваМагичниот остров на Медитеранот магнет за многу туристи Уживајте во преубавите плажи и топлото море!Ако сè уште не сте одлучиле каде ова лето, овој романтичен остров е препорака за многумина. Рајскиот остров, како што го нарекуваат Кипар, не залудно го носи ова име, бидејќи штом ќе зачекорите на неговото тло, навистина ќе имате чувство дека сте во рајот. Ќе бидете опкружени со прекрасните плажи и недопрената природа, а бојата на морето ќе ве маѓепа на прв поглед. Последниве години, нашите туристи со задоволство избираат да летуваат на овој остров бидејќи нуди можност да доживеете вистинска егзотика, и тоа многу поволно. View this post on Instagram A post shared by Kasia Kozlowska | o życiu na Cyprze 📍Larnaka, Cypr (@cyprusbykasia) Без разлика дали одите со друштво или со семејството, на ова егзотично одморалиште, како еден од поголемите острови на Медитеранот, сигурно ќе го најдете она што го посакувате, релаксација, забава или мир. Покрај магијата на живописните пејзажи, туристите имаат можност да уживаат и во богатата гастрономска понуда. Хотели за сечиј џеб Овој остров нуди многу дестинации за сместување на туристите, додека хотелите се движат од две до пет ѕвездички, во зависност од луксузот што го нудат. Аја Напа е едно од омилените одморалишта и е особенопопуларно кај младите бидејќи нуди голем број забави на отворено и богат ноќен живот. Ноќевање со појадок во хотели со три ѕвезди може да најдете за 35 евра по лице, додека за хотел со четири ѕвезди на база на полупансион потребно е да одвоите 70 евра. Места што вреди да се посетат Освен големото задоволство, кое ќе ви го пружат некои од одморалиштата на Кипар, многу од нив кријат историски и културни занимливости. Покрај Аја Напа, како најпримамливата дестинација за нашите граѓани, тука е и одморалиштето Ламасол, кое претставува „економско и културно срце“ на Кипар, со богата историја и фестивали кои ги воодушевуваат посетителите. Доколку истовремено сте љубители и на традиционалното и на модерното, Ларнака е приморски град кој ќе ве освои со своите историски знаменитости, но и модерното пристаниште. Протарас е совршено место за оние кои одат на одмор со семејството бидејќи го красат кристално чисти води и тивки плажи, идеални за релаксација. Кипарска кујна и деликатеси За гурманите, кипарската кујна е посебно примамлива. Овде може да пробате бројни локални специјалитети бидејќи нивната кујна е слична на нашата. Предјадењата локалните туристи не ги пропуштаат, а баклавата и локумот како десерт се служат во сите тамошни ресторани. Бидејќи на овој прекрасен остров има и лозови насади, добрите и квалитетни вина се незаменливи, па можете да ги вкусите во некоја од неговите автентични таверни Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалДиего Симеоне испиша историја во шпанскиот фудбал Шпанскиот фудбалски гигант, Атлетико Мадрид го совлада Леванте со 2:0 во 11 коло од Ла Лига и привремено го презеде врвот на табелата, но натпреварот беше одбележан со историско достигнување на предводникот на популарните „јорганџии“ Диего Симеоне.Аргентинскиот стручњак ја оствари својата 344-та лигашка победа на клупата на „јорганџиите“, со што се израмни со легендарниот Луис Арагонес на врвот на вечната листа на најуспешни тренери во историјата на шпанското првенство. Атлетико триумфираше на гостински терен со головите на Алехандро Грималдо во 28-мата минута и Џулијано Симеоне во 62-рата минута. Податокот дека Симеоне стигнал до 344 победи на само 565 натпревари звучи особено импресивно, додека на Арагонес му биле потребни дури 756 натпревари за истиот учинок.Тагови: Атлетико Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗатекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологијаОсум лица биле приведени отако полициски службеници кои постапувале по претходно добиени сознанија за точење на алкохол на малолетници во угостителски објект во Карпош каде затекнале малолетни лица во видно алкохолирана состојба .-Во полициската станица Карпош при извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook