3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Шоу бизНикој не ја препознава Кристина Агилера, откако ослабе 20 килограми (ВИДЕО)Пејачката Кристина Агилера (43) привлече внимание откако драстично ослабе.Музичарката, позната по своите облини, изненади со трансформацијата и откри дека ослабела 20 килограми. Поп-пејачката викендот го помина во Италија каде што настапи на гламурозниот настан Dolce & Gabbana Alta Moda. На својот Инстаграм профил таа сподели видео на кое се шета во розов мини фустан и чизми над колена во иста боја, а многумина забележаа дека пејачката зрачи со самодоверба. Ја красеше сигурна прошетка, заводлив поглед и насмевка на лицето, а многумина повторно почнаа да шепотат дека користела Оземпик, лек кој е одобрен само за лекување на дијабетес тип 2. Сепак, многумина го користат за губење тежина. View this post on Instagram A post shared by Christina Aguilera (@xtina) „Што се случи со таа убава тежина што ја имавте?“, „Поради операциите, Оземпик сега изгледа вака“, „По ѓаволите, ја изгуби сета таа секси тежина, се надевам дека е барем среќна“, „Икона Кристина“, „Што се случува, што се случи со Кристина Агилера?“, беа само дел од коментарите на нејзината објава. Пејачката претходно призна дека се храни здраво и дека се откажала од грицките. Почнала да вежба и сака јога, бокс и кардио тренинзи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаРаспишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорецМинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога.Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека денеска бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба. -Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев. Опозиската СДСМ, преку соопштение ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.Тагови: Цуната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на РЦУК Свети Николе за заштита од пожариАктивностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари.Во насока на намалување на ризикот од пожари на отворен простор, тим составен од претставници на Подрачното одделение на Регионалниот центар за управување со кризи (ПО на РЦУК) Свети Николе, ОВР – Полициска станица Свети Николе, ТППЕ Свети Николе и ПШС „Шумарство“ Свети Николе спроведува заедничка координативна превентивна акција за заштита од пожари на територијата на општините Свети Николе и Лозово. Во рамките на акцијата се посетуваат населени места, каде на средбите со граѓаните се укажува на опасностите и последиците од предизвикување пожари, а се дистрибуира и промотивно-едукативен материјал со препораки за превенција. Паралелно, се вршат контроли во шумските подрачја со цел да се утврди дали се почитува забраната за движење во шумите. Активностите се реализираат согласно заклучоците од координативниот состанок на надлежните институции за заштита од пожари, во соработка со општините Свети Николе и Лозово, со цел подигнување на јавната свест и намалување на ризикот од појава на пожари.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДевет пријави за семејно насилствоСедум лица лишени од слобода, едно пренесено во здравствена установа, вкупно девет пријави за семејно насилствоНа 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(18) од Радовиш. Според пријавеното тој околу 19:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(54) од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 48-годишна сопруга и нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени А.Д.(59) од Струга и Ж.С.(62) од Охрид. Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што Ж.С. физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од штипско, дека околу 00:05 часот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во село во општина Македонски Брод, М.М.(45) физички ја нападнал неговата 50-годишна сестра. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок. На 12.07.2026 во 18:45 часот во СВР Битола Т.Ч.(59) и Л.Ч.(52), двајцата од Битола пријавија дека од страна на И.Ч., кој е брат на Т.Ч., им биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 12.07.2026 во 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.А.(38) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека во домот агресивно се однесувал и фрлал предмети. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 12.07.2026 во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријави дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол. П.Ц. е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter