Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
2Иранската фудбалска асоцијација: ФИФА го откажа доделувањето билети за иранските навивачи за групната фаза
МакедонијаОд 187 контролирани, 33 возачи биле под дејство на алкохол Кај 33 од 187 возачи е утврдено присуство на алкохол во контролата што полицијата ја спровела ноќеска меѓу 22 и 4 часот на подрачјето на Скопје, а во акцијата биле откриени и 50 други прекршоци.Од 6 до 22 часот вчера, пак, 47 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени им се мандатни платни налози. Констатирани се и 82 останати прекршока за кои се издадени 61 мандатен платен налог и 21 прекршочен платен налог. Како што информира МВР, од 23 часот синоќа до 5 часот утрово на подрачјето на Скопје со специјално возило „пајак" се подигнати 24 непрописно паркирани возила, најголем дел на кеј „13 Ноември".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ЕвропаБугарија ја запира воената помош на УкраинаВладата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев.Според него, Бугарија дала доволно, додека како што кажа, трпи социјално-економски штети од војната. Повтори дека до мир може да се дојде само преку дипломатско решение, а не со воени средства. Според Радев, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во иднината на земјата. Неговата одлука предизвика бурни реакции кај бугарската опозицијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура5. издание на фестивалот„Преку езерото“ од 8-15 јули во Дојран, Струмица и ГевгелијаПеттото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. На денешната прес конференција за деталите, програмата, гостите и новитетите информираа директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, селекторот, Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. -Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да е фестивал на филмови од тој регион и да не се шириме надвор од тој архипелаг, кој има мошне значајно место во светот на кинематографијата. Оваа година за прв пат фестивалот го регионализираме и од 8-15 јули ќе се одржи во три града: Дојран, Гевгелија и Струмица. Поместувањето на терминот на фестивалот се должи на тоа што сакаме да им овозможиме на студентите и учениците кои сеуште не се заминати на одмор да можат да дојдат во Дојран, Гевгелија и Струмица и да уживаат во филмската магија. Проекциите на филмовите од главната селекција ќе се одржува во Дојран, во прекрасна атмосфера на отворено, во Амфитеатарот кој гледа точно преку езерото, а останатите програми, како краткометражната, студентската програма и кинематографијата во фокус ќе се одржат во Струмица. Годинава за прв пат имаме кинематографија во фокус и тоа ќе биде современата иранската кинематографија- еден ирански филм ќе биде во селекција и ќе имаме светска премиера на „Преку езерото“ и ме радува што сме препознаени како значаен фестивал на кој се одржуваат светски премиери, рече Јани Бојаџи, директор на фестивалот. Бојаџи информираше и за работилницата на која се развиваат и финансираат снимање на дипломски студентски краткометражни филмови. -Оваа работилница ја реализираме по трет пат, веќе се снимени пет краткометражни играни филмови на студенти од македонските универзитети. Од минатогодишната работилница имаме два филма и тие ќе имаат светска премиера на фестивалот во Дојран, соопшти Бојаџи и им се заблагодари на сите актери кои им излегле во пресрет на студентите и снимале без надомест. Новина годинава е соработката со Креативна Европа и организирање на работилница на актуелна тема „Вештачката интелегенција и современата кинематографија“. -Сите сме свесни дека голем дел од кинематографијата ќе биде создавана со алатките на вештачката интелегенција. Јас, како универзитетски професор го поттикнувам тоа и сметам дека не можеме да пливаме наспроти брановите и мора да се движиме заедно со развојот на технологијата затоа што филмот е применета уметност- не можете да направите филм ако не примените технологија. Таа се развива и сите умни колеги порано или подоцна ќе сфатат дека борбата против технологијата е безмислена. Таа работилница ќе ја водат два медија деска од соседството- веќе е потврден медија дескот од Бугарија од каде ќе имаме предавач, а во преговори сме и со медија дескот од Србија од каде чекаме потврда за нивниот предавач, информираше Бојаџи. Селекторот на филмската програма, Златко Гелески рече дека се посветил на сите лица, односно сите култури и филмови кои ги опфаќа Балканот и Медитеранот. -Главната селекција ќе брои шест филмови, поголем дел се филмови од Балканот, но за останатите сакав да допрам до најдалечните точки на Медитеранот, за да се понуди диверзитет. Можам со сигурност да потврдам дека ниту еден филм не наликува на било кој од селекцијата. И токму тоа беше убавината на селекцијата. Предвидуваме гости од сите филмови на фестивалот, бидејќи токму гостите се тие што го прават фестивалот, а културната разновидност е токму она што го прави посебен „Преку езерото“. Во селекцијата на краткометражни филмови ќе има 15 филмови од кои половина се филмови од странство, а другата половина се македонски краткометражни филмови. Значи од 40, 20 филмови ќе бидат македонски. Од друга страна во студентската програма се поместени 12 филмови од студентите на Универзитетот во Тетово, ЕСРА и ФДУ, информираше Гелески и дополни дека фестивалот и годинава ја има програмата за деца. Дејан Милошевски, извршен директор на фестивалот информираше за претпрограмата и програмата на фестивалот. -На 10, 11 и 12 јули ќе се одржи работилницата за развој на сценарија под менторство на Александар Русјаков и секој што сака да биде дел од неа може да аплицира на веб страната на фестивалот, рече Милошевски кој истакна дека очекуваат над 100 гости годинава и подготвени се капацитетите во Дојран за достоен пречек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПапата Лав посети затворот во Барселона!Затвореничка: Благодарна сум, никој не се сеќава на насПапата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. Лав го посети Затворот „Бријанс 1“, изграден во 1991 година која е на околу 40 километри од Барселона, и во него има околу 1.000 затвореници. Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“. „Ова е можност што се случува еднаш во животот. Воопшто не можев да спијам“, рече Монтсе Бенавенте, затвореничка која разговараше со папата за нејзините борби со верата и штетата што нејзините постапки му ја нанеле на нејзиното семејство. Лав последен пат го посети затворот во април, кога беше во Екваторијална Гвинеја како дел од турнејата низ четири земји низ Африка. Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, е во еднонеделна посета на Шпанија, каде што предупреди дека интензивираните конфликти го турнале светот во длабока криза и повика на подобар третман на мигрантите. За време на престојот во Шпанија Папата ќе ја инаугурира најновата кула на Саграда Фамилија, модернистичката базилика дизајнирана од Антони Гауди, која стана највисоката црква во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook