МакедонијаОбновата на езерото „Треска“ останува само како најава и по 20-тина години од затворањето на комплексотДодека Македонија се наоѓа во портокалова фаза поради високи температури – скопјани и посетителите на главниот град уште едно лето останаа без доволно места за разладување. Некогашната гордност на Скопје рекретивното вештачко езеро Треска и натаму останува само во сеќавањата на граѓаните. „Ова зад мене е некогаш познатото езеро Треска. Место кое привлекувало илјадници туристи дневно кои доаѓале тука да пливаат да се сончаат и да кампуваат денеска по повеќе од 20 години откако е затворено езерто е обраснато со трева а компнексот од околу целосно уништен. “ Општина Сарај, под чија надлежност е езерото пред неколку години ги урна некогашните објекти, како кафулиња, ресторани, бунгалови, сместени во комплексот, а површината од над 130 илјади метри квадратни денеска по две децении е дива депонија на која може да види секаков тип на отпад. Екс градоначаникот на Сарај, Беџети, пред неколку години рече дека со Деталниот урбанистички план е предвидено да има целосна ревитализација и трнасформација на просторот, но засега нема никакви активности. Најави дека има заинтересирани инвеститори имаше и годинава но се уште без конечен договор, дотогаш езерото остнаува во сеќавањата на скопјани, кој и денеска се пожалија дека градот нема доволно места за разладување во летните горештини... „ Беше едно време езерото Треска ама и тоа го прокоцкавме ништо не остнаува кај нас.“ „ Страшна работа е тоа да нема каде да се оладиме.“ Во меѓувреме додека езерото Треска останува затоврено, една од опциите за разлдување на скопјани се најблиските реки, како и на кањонот Матка, кој е доста посетен не само од домашни туку и од голем број странски туристи .... „Додека температурите достигнуваат и до 40тиот степен многу денеска спасот од жештините го побараа на Матка.“ Со кафе и појадок в рака уште од раните утрински часови велат се сместиле под длабоките сенки на дрвјата кој се простираат по должината на речното корито. Дел од нив велат знаат тука да го минат и целиот ден, во добро друштво, со ручек покрај река а понекогаш дури и се разладуваат во студените води на Треска. „Доаѓаме два три дена додека сме слободни после сме на работа. Добро е три ден по ред одиме, од ваму река, си седиме доручек тука кафе тука.“ „Прекрасно многу убаво.“ Неколку години веќе не работи ниту аква паркот во Скопје сместен во рамки на Спортскиот центар, Борис Трајковски, за кој и годинава директорот со ветување дека од идната ќе профункционира. А со години затворен остнаува и базенот под скопското Кале. „Во изминатиот период направивме една анализа на целиот обејкт која ни кажува дека има трајни и големи оштетувања кој се обидовме да ги стигнеме оваа година да ги санираме меѓутоа невозможно бидејќи навистина е од голем обем работата што треба да се превземе. Ние од ова лето почнавме со подготовки за наредното така што правиме сервиси на сите реквизите и треба уште некој процедури да се поминат ние како спортски центар активно работима на санирање.“ - Данијел Апостолоски - директор на СЦ.Борис Трјаковски Освен природните реки, на скојани сега на располагање имс тојат само уште неколку базени. По 35 години пред еден месец повторно беше ставен во функција базенот во спортскиот центар Сарај, откако беше даден под концесија на приватна фирма. Во функција е и Воениот базен во општина Аеродром, како и на олимпискиот базен кој во моментов останува и единствен кој е од затоврен тип и ќе може да се користи и во зимските денови. Базенот во Карпош пак според најавите ќе биде затворен 2 години поради реконструкција на кровот кој беше уништен од невремето кое пред околу три недели го зафати Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирањеВо Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото. Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје. More than 90 countries attended a memorial ceremony in Nagasaki marking the 81st anniversary of the US atomic bombing. Participants observed a moment of silence at 11:02 a.m., the exact time the plutonium bomb exploded over the city on August 9, 1945. The bombing killed an… pic.twitter.com/2sSSZbXAb8 — TRT World (@trtworld) August 9, 2026 Тагови: Нагасаки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
До 13 часот активни пожари во Аеродром, Илинден, Босилово, Крива Паланка и Гостивар, соопшти ЦУК15:08
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
СветИран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направенаИранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе. Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него. Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност. State Media Video of Khamenei Backfires, Heightening Health Rumors Iranian state outlets released a video titled "First Images of the Leader" showing the Supreme Leader addressing students, following reports of his critical hospitalization. However, Iranian social media users… pic.twitter.com/9sIAQ8IvWa — ME24 - Middle East 24 (@MiddleEast_24) August 8, 2026 Тагови: Моџтаба Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и бројките - или како да се лаже со статистика додека фрижидерот е празенВМРО-ОКГ денеска повторно се фали со „бројки“ и тврди дека СДСМ ширел паника за инфлацијата.Ајде да ги видиме тие „деманти“: 27 март – Филипче вели: цените на храната растат секој ден. Реалност: инфлацијата во април достигна 5,7%. Граѓаните плаќаат повеќе за леб, масло, млеко и месо. На граѓаните не им треба статистика - им треба полн фрижидер. 22 април – Филипче предупредува, спиралата на поскапувања е започната. Реалност: Бензинот беше 70 денари - денес 91 денари за литар. Дизелот беше 65 денари - денес 100 денари за литар. Треба ли уште објаснување? 21 јуни - Филипче вели дека Владата потфрли и дека растот на цените е огромен. Реалност: откако сè веќе поскапе, сега се фалат дека поскапувањето забавило. Класика. ВМРО вели: „Ама просекот е понизок од 2022 година!“ Реалност: споредуваат со една од најтешките светски кризи - пост-ковид, почеток на војната во Украина и енергетската криза. А не споредуваат што граѓаните можат да купат денеска со истата минимална плата од околу 400 евра. Ете како ВМРО ја пласира својата статистика. 14 јули - Филипче повторно укажува на пад на стандардот и нова спирала на поскапувања поради горивата. Реалност: дизелот е 100 денари, минималната плата во Македонија е најниска во Европа. И ако ВМРО сака да ја споредува 2022 година со денес, тогаш да споредиме и цени: • Млеко - поскапено околу 50% • Леб - поскапен околу 60% • Ориз - поскапен околу 70% • Јајца - поскапени околу 60% • Месо - поскапено меѓу 50 и 70% И што сега, ВМРО? Морате да сфатите дека бројките што Мицкоски ги црта по табла како Вучиќ, и соопштенијата што ви ги пишуваат Манасиевски и Петрушев, повеќе не поминуваат. Ова е истата логика како и досега: • Трета економија во Европа, а луѓето немаат за леб, • Најголема куповна моќ, а фрижидерите се празни, • Буџетот е во одлична кондиција, а секоја недела ново задолжување (државата ја задолжија со 2,5 милијарди евра за две години), • Инфлацијата е под контрола, а сè што се јаде и пие чини повеќе, Бројките на Мицкоски живеат во презентации. Граѓаните живеат во продавница. И таму статистиката е јасна: паричникот е потенок, а сметките се подебели. Продолжете да се фалите со проценти. Народот веќе одамна ве мери со празни кеси. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter