Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари
СДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот
1Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари
2СДСМ: „Твоја држава, твоја шанса“: Човекот пред профитот, мерки за повисоки плати, 50% повисоки пензи и достоинствен живот
3ВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор
МетеоОблачно со сончеви периоди – за продолжениот викенд дожд, грмежи и ветерВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).Се очекува да дува дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час. „Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени“,се вели во прогнозата на синоптичарите. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, проследено со умерен, а во делови од котлината и повремено засилен северен ветер. „Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени“, велат од УХМР. Времето за продолжениот викенд во Македонија ќе има типична пролетна слика: топло, но нестабилно, со сончеви периоди, променлива облачност и локални врнежи кои најчесто ќе се развиваат во попладневните часови. Според достапните метеоролошки податоци, од сабота до понеделник најстабилно ќе биде во претпладневните часови, додека западните, југозападните, северозападните и планинските региони ќе имаат поголема веројатност за дожд и грмежи. УХМР во официјалната тридневна прогноза ја покрива сликата до сабота, 23 мај, со температури во Македонија од 6 до 14 степени наутро, а дневните вредности за претходните денови се движат до 28 степени. Сабота, 23 мај, ќе биде првиот понестабилен ден од продолжениот викенд. Во Скопје се очекуваат сончеви периоди со облаци и можни попладневни врнежи, со температура до 25 степени. На запад и југозапад, особено во Охрид, Битола, Маврово и планинските делови, условите за дожд ќе бидат поизразени. Во Охрид се очекуваат облаци, врнежи и можен грмеж, додека во Маврово дневната температура ќе се задржи околу 16 степени. Недела, 24 мај, носи нешто потопло време во дел од земјата, но не и целосна стабилизација. Во Скопје температурата ќе се искачи до 26 степени, со можност за изолирани попладневни грмежи. Во Тетово и Гостивар се очекуваат врнежи, во Прилеп можен дожд со грмежи во попладневните часови, а во источниот дел, Штип, Струмица, Делчево и Берово, ќе има променлива облачност со локални врнежи. Понеделник, 25 мај, ќе остане променлив. Најтопло ќе биде во Кавадарци, Скопје, Штип, Струмица и Гевгелија, со температури од 25 до 27 степени, но и таму не е исклучена краткотрајна нестабилност. Во западните градови и планинските места ќе биде посвежо, со можни врнежи и локални грмежи, особено во Битола, Охрид, Прилеп, Маврово и Струга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЛепа Брена ја продава куќата во Мајами? Имот на брегот на океанот вреден речиси 18 милиони долариБалканската музичка ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг, славниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ наводно ја продаваат луксузна вила во Мајами. Имотот на брегот има шест спални соби, седум бањи и е проценет на речиси 18 милиони долари. Брена и Боба наводно решиле да го продадат својот луксузен имот во Мајами, кој се проценува на речиси 18 милиони долари. Иако нивниот дом се наоѓа во елитен дел од градот опкружен со скапи вили, изворите тврдат дека со години брачната двојка уживала во имот уреден во типичен американски стил, далеку од гламурот што ги придружува на Балканот. „Брена оди таму да се одмори, ги извршува и сите домашни работи бидејќи нема слугинки или готвачки. Кога го напушта Балканот, Брена е сосема обична. Не е оптоварена од фактот дека во светот најмногу ја препознаваат луѓе од нашите простори“, вели извор запознаен со нивниот живот во САД. Според истиот извор, Мајами е омилена дестинација на семејството Живојиновиќ, но тие сепак одлучиле да го стават имотот на пазарот. Вилата се наоѓа веднаш на брегот на океанот, а е дизајнирана така што сопствениците можат да влезат во својот дом директно од јахтата. Се простира на неколку стотици квадратни метри и содржи шест спални соби, седум бањи, две кујни, како и отворен бар достапен со лифт. Посебно внимание привлекува пространиот базен, тревникот на покривот и бројните тераси со поглед на океанот, кој се протега од повеќето соби во куќата.Тагови: Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денариГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа.Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ќе имаат можност да стекнат искуство во доменот на својата идна професија, да видат како функционира локалната администрација и како се носат одлуки што влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Воедно, секторите ќе добијат дополнителна поддршка и нова енергија“, истакна Герасимовски. Тој додаде дека ваквите програми претставуваат значаен поттик за младите кои го започнуваат својот кариерен пат. „Верувам во потенцијалот на младите. Дел од нив ќе имаат можност да го продолжат својот ангажман во Општина Центар. Уверен сум дека практичната работа многу ќе им помогне да се формираат како професионалци , да го развијат тимскиот дух и комуникациските способности “, порача Герасимовски. Општина Центар втора година по ред успешно ја реализира програмата за практикантство, за која е предвиден буџет од 1,5 милиони денари. Програмата им овозможува на младите да стекнат практично работно искуство, да ги надградат своите вештини и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏејсон Момоа изненадувачки се повлече од снимање на филмХоливудскиот актер Џејсон Момоа нема да ја игра главната улога во филмот „Helldivers“, филмска адаптација на популарната видео игра.Според американските медиуми, Момоа го напуштил проектот режиран од Џастин Лин, познат по својата работа на франшизата „Helldivers“. Причината за неговото заминување сè уште не е објавена. „Сони“ веќе започна со потрага по нов главен актер, како и за други членови на екипата. Филмот е базиран на успешната франшиза од „Arrowhead Game Studios“ и следи елитна воена единица чии членови се борат против вонземски закани што ја загрозуваат измислената планета Супер Земја. Иако деталите за заплетот сè уште не се познати, станува збор за научно-фантастичен акционен спектакл чија премиера е закажана за 10 ноември 2027 година. Вклученоста на Момоа во проектот беше објавена уште во февруари оваа година, па неговото заминување беше изненадување за фановите на видео играта. Во меѓувреме, Момоа останува еден од најбараните актери во Холивуд. Во наредниот период, публиката ќе го види во продолжението на филмот „Мајнкрафт“, проектот „Пријатели на животни“, како и делата „Fast Forever“ и “Protecting Jared”.Тагови: мамоа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook