Објавена третата верзија на божикната песна „Вечниот Бог“ (ВИДЕО) - Канал 5

Објавена третата верзија на божикната песна „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)

Во пресрет на Бадник и одржувањето на Бадниковите поворки, објавена е третата верзија и спотот на божикната песна „Вечниот Бог“. 

Објавена третата верзија на божикната песна „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)

Официјалната промоција на песната и спотот ќе се одржи утре на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во рамки на малиот божиќен концерт што ќе и’ претходи на Бадниковата поворка.

-Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание. Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души. Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме, порачуваат во соопштение од Здружението „Бадникови поворки“.

Теретата верзија на „Вечниот Бог“ снимена месецов е во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче.

Останатиот дел од екипата која беше дел од создавањето на ова аудио-визуелно дело се актерите Крсте Јовановски, Петар Мирчевски и Валентина Грамосли, Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов. Аранжман и оркестрација Владимир Димовски.

Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ – клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу – тимпани, чинела. Хор – Златно славејче

Бадниковите поворки со почеток во 10 и 11 часот утре ќе се одржуваат во 62 градови и населени места во државава.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти, која на 15 и 16 октомври 2026 година ќе се одржи во Рим, Италија. 

Претседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим

Конференцијата се одржува под покровителство на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одбележува 50 години од одржувањето на првиот ваков собир во Рим, во 1975 година.

На овој форум на високо ниво, претседателите на парламентите ќе разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат демократските институции, влијанието на технолошкиот развој врз општествата и пазарите на трудот, како и за улогата на парламентите во зајакнувањето на меѓународната соработка и изнаоѓањето одговори на современите кризи.

Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и посебен состанок на генералните секретари на парламентите, на кој ќе учествува и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието. Дневниот ред на состанокот предвидува дискусија за транспарентноста, интегритетот и етиката како клучни предуслови за обновување и зајакнување на довербата на граѓаните во парламентите.

Европската конференција на претседатели на парламенти се одржува на секои две години и на неа учествуваат претседатели на парламентите од 46-те земји членки на Советот на Европа, како и делегации од државите со статус на партнери и набљудувачи, како и претставници на меѓународните парламентарни собранија.

Педесет години по првиот собир во Рим, Конференцијата ќе биде можност повторно да се потврди суштинската улога на парламентите во зачувувањето на демократијата, обезбедувањето отчетност, справувањето со новите предизвици и зајакнувањето на меѓународната соработка од која зависат мирот, стабилноста и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ламин Јамал ​​коментираше слика на својата девојка и го збуни светот!

Светската фудбалска ѕвезда, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, веќе неколку месеци е во врска со шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија.

Фото: Ламин Јамал ​​коментираше слика на својата девојка и го збуни светот!

Светската фудбалска ѕвезда, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, веќе неколку месеци е во врска со шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија, па покрај тоа што е во центарот на вниманието поради успесите на теренот, тој редовно е и предмет на јавни коментари поради својот љубовен живот.

Сега, коментарот што тој ѝ го остави на девојката под нејзината објава привлече уште поголемо внимание, а пораката набрзо стана тема на разговор меѓу неговите фанови.

„Мојата сопруга, мојата ѕвезда“, напиша Јамал, а фановите различно ги протолкуваа неговите зборови.

Додека некои сметаат дека неговата врска со Инес станала посериозна, вниманието на другите го привлече мистериозниот збор „жена“ и тие се прашуваат што сакал да каже со тоа – дали најавува скорешна свршувачка или свадба?

Сепак, нема одговор ниту од фудбалерот, ниту од инфлуенсерката, па очигледно е дека Џамал ​​едноставно сакал да биде романтичен и да му покаже на светот колку Инес му значи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Запленети два тони храна на зелениот пазар во Ченто

При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. 

АХВ: Запленети два тони храна на зелениот пазар во Ченто

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид.

Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи за нејзино безбедно складирање и промет.

При контролата било утврдено дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет и нештетно уништена, а надлежните инспекциски служби ќе продолжат со преземање мерки во согласност со своите законски надлежности.

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.

АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските обврски и да обезбедат соодветни хигиенски услови при ракувањето, чувањето и продажбата на храната. Безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите остануваат приоритет во работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер