3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
МакедонијаО. Карпош: Реконструкција на водоводната мрежа во Долно НерезиОпштина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези. По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП „Водовод и канализација“ и изведувачот на градежниот зафат. За реализација на реконструкцијата на водоводната мрежа во должина од 125 метри, ЈП „Водовод и канализација“ изработи Основен проект, кој содржи детална спецификација на материјалите предвидени за вградување на предметната улица. Општина Карпош, преку избран изведувач за интервентни активности, ќе ги реализира градежните работи кои опфаќаат ископ, затрупување и асфалтирање на коловозот, со што по завршување на реконструкцијата улицата ќе биде целосно вратена во првобитна и функционална состојба. Со реализација на овој проект, кој е резултат на заедничка соработка помеѓу Општина Карпош, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, ќе се надмине повеќегодишниот проблем со недоволен воден притисок со кој се соочуваа жителите од овој реон на Карпош. Во рамки на денешната средба, градоначалникот Лукровски оствари средба и непосреден разговор со жителите од Долно Нерези при што ги информираше за динамиката на проектот, а воедно ги слушна и нивниѕе предлози и потреби поврзани со условите за живеење во населбата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37
МакедонијаОпштина Илинден - Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино, Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино.Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од околу 3.500 метри, со што се овозможи приклучување на приближно 100 домаќинства на новоизградената канализациона мрежа. Дополнително, извршено е нивелирање и поставување на заштитни бетонски капаци на шахтите од фекална канализација кои се наоѓаат на улицата, се врши чистење и уредување на отворените одводни канали, кои се во функција на прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот, како и поставување на заштитни банкини долж коловозот. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуираното инвестирање во локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на општината, бидејќи современите и квалитетни сообраќајници придонесуваат за поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот на жителите од сите населени места. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со интензивна реализација на проекти за изградба и реконструкција на улици низ целата територија на општината, со цел понатамошно унапредување на комуналната и сообраќајната инфраструктура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри активни пожари во Македонија, оганот кај штипскиот „Исар“ се гаси со ер-тракторТри активни пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 13 часот, информираат од центарот за управување со кризи.Според ЦУК, пожарникарите во моментов интервенираат во делови од општините Штип, Пробиштип и Чешиново-Облешево. Во општина Штип пожар е регистриран во централното градско подрачје, на местото викано исар, каде што гори ниска вегетација. Од ДЗС информираат дека „ертрактор“ веќе е полетан да интервенира на овој пожар. На терен во населбата Исар се веќе противпожарни возила, пожарникари и доброволци од дпд од Штип, како и населението и волонтери, каде со помош на цистерни со вода, но и лопати и вода од околните куќи, не дозволуваат пожарот да дојде до најблиските објекти. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, вели дека за среќа нема повредени и нема зафатено куќи во населбата исар, која е под тврдината Исар. Активен пожар во кој гори ниска вегетација има кај селото неокази во општина пробиштип. Од ДЗС велат дека пожарот во Пробиштипско започнал меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНародниот театар Битола - По успешната премиера, „Госпоѓа Бовари“ повторно пред публикатаНа 4.јули, сабота, со почеток од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола, ќе биде изведена „Госпоѓа Бовари“, во режија на Дејан Пројковски, а во рамките на Битолското културно лето.Приказна за копнежите што не познаваат граници, за соништата што се судираат со реалноста и за цената на изборите што ги правиме. Ема Бовари нè води низ свет исполнет со страст, илузии и немир, во претстава што остава силен впечаток долго по последниот аплауз. На 4.јули, сабота, со почеток од 20 часот на Големата сцена на Народниот театар Битола, ќе биде изведена „Госпоѓа Бовари“, во режија на Дејан Пројковски, а во рамките на Битолското културно лето. „Госпоѓа Бовари“ носи со себе некои вечни теми и прашања. Мислам дека „Госпоѓа Бовари“ е некаков женски „Хамлет“. Тоа е женскиот поединец кој се спротивставува на системот, на општествените и моралните рамки што ги создаваме и кои се дел од сите нејзини проблеми, додека системот се обидува да ја вовлече да биде дел од тие лажни вредности. Самата претстава зборува за слободата на личниот избор“, истакнува режисерот за претставата. Госпоѓа Бовари во претставата го минува својот пат, каде што е растегната меѓу телото и душата, меѓу телото и страстите што ја влечат надолу, на земјата, во калта, и од друга страна, душата што се обидува да гледа кон небото, да го бара Бог и повисоката смисла на постоењето. Ликот на Ема Бовари го игра актерката Маја Андоновска Илијевски, а покрај неа во актерската екипа се и: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ (Шарл), Огнен Дранговски (Родолф), Мартин Мирчевски (Лере), Сандра Грибовска Илиевска (Слугинка), Петар Мирчевски (Свештеник), Борче Ѓаковски (Исус Христос) и Ива Лазарова (Ќерката на Ема и Шарл). Авторскиот тим го сочинуваат: асистент на режија Андреј Цветановски, драматург Сашо Димовски, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Андреј Ѓоргиевски, кореограф Олга Панго, композитор Горан Трајкоски, видео дизајнер Сергеј Светозарев, светло мајстор Игор Мицевски, тон мајстор Александар Димовски, видео оператор Владимир Переловски, инспициент Оливер Петровски и суфлер Гордана Михајловска. Една од варијантите на плакатот е изработка на Михајло Димитриевски – Мичо. Има уште еден плакат, дело на Сергеј Светозарев, кој од септември, кога ќе се продолжи со настапи по фестивали ќе биде презентиран на прес-конференција. Не пропуштајте ја репризата на најновата театарска продукција во режија на Дејан Пројковски, инспирирана од ремек-делото на Гистав Флобер. Претставата е наменета за лица над 16 години!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter