МакедонијаНУК за алкохол смеат, а за вакцини не смеат да бараат лични картиОд НУК признаваат дека кога станува збор за полнолетност на посетителите смеат да бараат лични карти, а сега за заштита на јавното здравје не сакаат – било повреда на личните податоци.Со Здравко Јосифовски од НУК разговараше Дејан Трајкоски. Целосната изјава погледнете ја во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЏо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коскитеСопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија. Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден. Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз. Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак. - Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа различни локации во Скопје пронајдени тројца починати Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково. Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53
ФудбалБарселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја одреди цената за својот разноврсен дефанзивец Андреа Камбијасо, за кого интерес покажуваат богатите европски великани Барселона и Челзи.Според италијанските медиуми, клубот од Торино нема намера да го пушти за помалку од 30 милиони евра. Според „Скај Спорт Италија“, Барселона во последните денови активно се распрашува за можноста за доведување на Камбијасо. Во исто време, „Калчомеркато.ком“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги слушне понудите, но дека нема да го продадат 26-годишниот италијански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра. Камбијасо претходно беше поврзуван со Комо и Интер, но Јувентус во моментов не е во напредни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови. Камбијасо, кој може да ги покрива двете бековски позиции, има договор со Јувентус до јуни 2029 година. Поранешниот играч на Џенова и Болоња имаше успешна сезона во Јуве , во која одигра 47 натпревари за „бјанконерите“ во сите натпреварувања.Тагови: БАРСЕЛОНА Јувентус Челзи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53