„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“ - Канал 5

„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“

Старата битолска чаршија синоќа беше местото каде се играше и пееше, каде се создаде една прекрасна атмосфера под отворено небо, за која се погрижија членовите на „Skopje Via“, новата музичка сензација на овие простори.

„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“

Старата битолска чаршија синоќа беше местото каде се играше и пееше, каде се создаде една прекрасна атмосфера под отворено небо, за која се погрижија членовите на „Skopje Via“, новата музичка сензација на овие простори, етно акустичен состав со препознатлив џипси џез звук. Се работи за група која го спојува традиционалниот џипси џез со современиот урбан звук, создавајќи автентична музика што ја освојува публиката. Тие настапија во рамките на 20. јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“. Минатата година ја промовираа својата прва авторска песна ,,Под ова небо”. Овој уникатен бенд комбинира и театарска експресија и современ балкански звук. „Skopje Via“ е проект зад кој стојат музичарот Мишел Трајковски и актерката и вокалистка Јана Стојановска, а членови на бендот се и: Хилми Баки (виолина), Никола Петрушевски (кларинет), Влатко Пате (ударни инструменти), Кирил Златановски (бас-гитара) Ташко Грујоски – гитара и Васил Потиров – (гитара), музичари кои со својата енергија и врвна изведба ја освоија битолската публика.

„Секогаш ми е драго да дојдам во Битола. До идејата за „Скопје Виа“ дојде одамна, почна со „Цигани летаат во небо“. Имаше еден фантастичен музичар таму. Многу ме привлече таа музика. Години подоцна го запознав Мишел Трајковски. Јас бев дел од неговиот спот „Тарантино Џез“. Го

замолив да пробаме да направиме еден автентичен македонски бенд кој што ќе биде џипси бенд, кој што исто така ќе обработува и македонска етно музика, но и наша авторска. Една година веќе функционираме како бенд. Полека самиот бенд се движи и се отвараат вратите сами по себе. Знаете како е, ќе работиш, ќе создаваш, ако го правиш со љубов,

се гледа и навистина почнаа да се отвараат убави врати, како во Бугарија, во Унгарија и сл. Веќе одиме сега на Нишвил. Се трудиме да направиме една убава македонска приказна која што сакаме да ја користиме за светски пазари“, ни изјави Јана Стојановска и додава: „Многу ни е драго што сме дел од овој фестивал, од 20.издание. Ајде да славиме и 40 изданија заедно“.

Воодушевен од Битола е и Мишел Трајковски.

„Прва година сме на Локум фест и многу сум среќен што ете за прв пат во срцето на Старата битолска чаршија настапуваме. Отсекогаш Битола имала прекрасна публика и се познати како љубители на добра музика“.

Бендот приреди концерт исполнет со емоција, виртуозност и силна сценска енергија, а публиката пееше и играше заедно со нив.

Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г.

Настанот го модерираше Силвана Петрова Насух, која даде посебна нота на целата атмосфера.

Музичката приказна продолжува и вечерва. На сцената во старата битолска чаршија ќе настапат Били Естебан и Александар Јовевски, со етно проектот „Кафе де Анатолија“, проект на органик хаус музика со етно елементи. Музичарите соработуваат со над 4000 диџеи и продуценти од целиот свет и нивниот каталог содржи над 6000 музички композиции. „Кафе де Анатолија“ е најнаградуваната издавачка куќа на Јутјуб со 31 Creator award. Нивните живи настапи се повеќе од само изведба, тоа е прослава на традицијата, иновацијата и универзалниот јазик на музиката.

Следува настапот на една од најпознатите балкански етно групи – Divanhana од Босна и Херцеговина. Основан е во 2009 година во Сараево од студенти на Музичката академија при Универзитетот во Сараево, со идеја традиционалната босанска севдалинка да ја претстават во современо музичко руво, инспирирано од џезот, класичната и светската музика. Во 2023 година, британското списание Songlines ги прогласи Divanhana за „Best Group“ на Songlines Music Awards, што претставува едно од најголемите меѓународни признанија за традиционалната музика од Босна и Херцеговина. Со својата врвна музичка изведба, емотивен вокал и препознатлив сценски израз, Divanhana денес е еден од најважните амбасадори на босанското музичко наследство на светската сцена.

Оваа вечер ќе ја заокружи лајв сетот со DJ Били Естебан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Светка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. 

Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија.

„Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска.

Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек.

„Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот.

„Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска.

Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти.

„Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска.

YouTube video

Скопје, 07.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Затворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.

Јанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во Кавадарци

Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема.

Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

34 издание на „Турнир на медиуми“

„34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето“.

34 издание на „Турнир на медиуми“

Во Скопје од 7 до 9 октомври се одржува 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија „Турнир на медиуми“, која и годинава ги обединува новинарите, спортистите, тренерите, медиумските работници и јавните личности од Македонија и регионот.

На манифестацијата учествуваат гости од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а централниот ден е 8 октомври, кога програмата ќе понуди три содржински целини – знаење, спорт и дружење.

Во 11:00 часот во Свечената сала на Ректоратот на УКИМ ќе се одржи панел-дискусијата „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“, на која ќе се говори за примената на AI во спортската анализа, тренингот, здравјето и донесувањето одлуки, но и за улогата на човечката проценка, етиката и фер-плејот. Панелисти се проф. д-р Орце Симов, проф. д-р Влатко Неделковски, проф. д-р Маре Србиновска и тренерот Горазд Михајлов, со видеообраќање на академик проф. д-р Изет Раѓо од Сараево.

Од 13:30 часот на игралиштето на ФК Аеродром во Реонски центар Ново Лисиче следува ревијалниот спортски дел, со фудбал, пенали, гол-на-гол и други забавни натпреварувачки формати, во мешани екипи составени од новинари, спортисти, ветерани, жени и јавни личности.

Манифестацијата ќе заврши со заедничко дружење на сите учесници, со што повторно ќе се потврди нејзината основна идеја – поврзување на луѓето преку спортот, медиумите, науката, културата и јавниот живот.

По 34 години, „Турнирот на медиуми“ продолжува да ја гради традицијата, но и да ја проширува својата мисија.

„Фудбалот беше причината да се сретнеме, но луѓето беа причината повторно да се видиме. 34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер