Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево - Канал 5

Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево

Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево. Направивме 18 километри пристапни патишта..

Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево

Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Дебрца.

Со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, извршија увид во реконструкција на патот од Мешеишта до Волино и улици во село Волино, проекти кои се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт.

“ Овој проект во селото Волино го работевме заедно со општина Дебрца, со поддршка на Светска Банка преку една проектна линија којашто ја имаме обезбедено од Светска Банка и која што значи завршување на локални улици низ многу населени места во државата. Исто така претходно бевме на влезот на село Мешеишта, а кога бил правен проектот за автопатот Охрид-Кичево, за жал не беа предвидени нити пристапни патишта, нити паралелни патишта, ниту клучки, нити потпатници, ниту надпатници и на тој начин најголем дел од селата коишто се од левата и од десната страна на автопатот беа, односно требаше да бидат отсечени и од Охрид, од Струга, од Кичево и од Скопје.

Ние решивме тоа да го коригираме, испроектиравме паралелни патишта и пристапи во должина од 18 километри. За долниот дел од автопатот, од потегот кој што е од Пресека до Охрид мораше да бараме согласност и од Комисијата за УНЕСКО. Во изминативе 6 месеци работевме и со нив, добивме согласност и веќе можете да видите дека пристапот кон населените места, во случајов кон Мешеишта почнува да се работи, а онаму каде што завршува пристапот ќе продолжи општината, така што ќе добиеме едно модерно патно решение коешто нема само да значи спој за ова населено место, туку ќе значи и спој за Општина Струга и селата коишто гравитираат кон Општина Струга” – изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Немаме направено пресметка за тоа какви би биле цените на горивата од понеделник

По минатонеделниот раст на цените на нафтата на светските берзи – премиерот Хриситјан Мицкоски и денеска, одговарајќи на новинраско прашање рече дека цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај бенизните

Мицкоски: Немаме направено пресметка за тоа какви би биле цените на горивата од понеделник

По минатонеделниот раст на цените на нафтата на светските берзи – премиерот Хриситјан Мицкоски и денеска, одговарајќи на новинраско прашање рече дека цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај бенизните, но не прецизираше точно кога би се донела таквата одлука. Иако вели како Влада немаат направено пресметка за тоа какви би биле цените од понеделник, сепак согласно берзанските движења очекува зголемување и затоа вели како влада вчера ја продолжиле и кризната состојба до 20ти октомври.

Со одлуката се обезедува можност институциите брзо да реагираат при евентуални нагли ценовни скокови на берзите и ублажување на евентуални негативни последици врз буџетот на граѓаните и стопанство, но и, како што посочија од владата, се гарантира континуиран и непречен проток на енергнси во земјава...

-Нафтата и бенизните драматично пораснаа изминатава недела а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со минатата недела ние како влада ја продолживме кризната состојба за уште три месеци, цените се такви да сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Од опозициската СДСМ и денеска обвинија дека власта води лоши економски политики. Според партијата платите стагнираат, цените растат, а граѓаните велат едвај врзуваат крај со крај.

„ Платите не го пратат растот на цените на храната и горивата. Куповната моќ на граѓаните е срозена. Корпата со производи во маркет е се попразна - со исти плати, а повисоки цени, може само помалку производи да се купат. Граѓаните чекаат мерки, а Владата на Мицкоски не прави ништо. Новото поскапување на бензините ќе донесе и нови поскапи цени на веќе покачените цени на храната. “- Симона Цветановски – член на ИО на СДСМ.

Во меѓувреме на Блискиот исток ситуацијата и натаму останува тензична откако САД и Иран веќе седми ден разменуваат меѓусебни напади во заливот. Дел од економските аналитичари оценуваат дека доколку ситуацијата продолжи во оваа насока светската економија ќе се соочи со сериозни предизвици, а цената на нафтата во следните две недели би можела да стигне и до 100 долари по барел, додека веќе во септември, оценуваат дека може да има сериозен недостиг во снабдувањето, што ќе го направи проблемот со инфлацијата уште полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош

Гостивар и натаму се справува со последиците од масовното труење.

Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош

Повеќе од 1.300 лица за неколку дена побарале медицинска помош, а забраната за пиење на водата останува во сила.

Утринава на терен беше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој даде оценка за состојбата и најави натамошни мерки.

Во живо од Гостивар е Дејан Трајкоски. Дејан, каква е моменталната состојба а што велат граѓаните, како се снаоѓаат со забраната за користење на водата во летните горештини?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата низ различна призма го гледаат извештајот за владеење на правото од ЕК

Власта и опозицијата низ различна призма го гледаат последниот извештај на ЕК за владеењето на правото во земјава кој беше објавен вчера.

Власта и опозицијата низ различна призма го гледаат извештајот за владеење на правото од ЕК

Според премиерот Мицкоски ова не е документ којшто ЕК го објавува за напредокот на државата, туку, како што вели, е редовен извештај за земјите членки и земјите кандидатки. Оцени дека извештајот содржи и пофалби и критики, коментирајќи ги како главни забелешки загриженостите за политичкиот притисок врз правосудството, барањата за поголем буџет и критиките за работата на судиите и обвинителите, што според него се контрадикторни. И покрај забелешките Мицкоски најави дека ќе продолжи јавно да испраќа пораки и да бара подобри резултати од правосудството, а Владата беше дециден дека нема да даде повеќе пари за судството и обвинителството иако, како што рече, постојат законски барања за поголем буџет.

- Од сите споредено со претходно, ова е најдобар извештај за нас како држава. Дали е одличен? Не е одличен. Се констатираат забелешките. Има многу пофалби, има многу констатирани проекти и политики што испорачуваат, но има и критика. Мене ми е тоа работа, јас јавно да ги повикувам судиите и обвинителите да испорачуваат правда и ќе продолжам во таа насока да коментирам колку сакаат извештаи нека се објавуваат. Пари повеќе нема да добијат. Пари нема да добијат, иако се бара и во Законот за јавно обвинителство да се стави сума од 0,5 проценти од буџетот. Нема да добијат, затоа што не ги заслужиле. Затоа што очекуваме правдата да ја донесат. Се што побараа-добија. Ако некој мисли дека на овој начин ќе врши притисок врз Владата, нема Владата да го прифати. Бидејќи независноста со пари не се обезбедува, туку се обезбедува со работа, изјави Мицкоски.

Според СДСМ извештајот на Европската комисија нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција, за кои, како што велат, јавноста секојднево сведочи.

- Она што Европската комисија го забележува како системски проблем, ние го гледаме секојдневно во конкретни постапки и одлуки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група. Постапувањето на луѓе блиски до ВМРО во клучни позиции во правосудството е веќе системска практика. Сопруга на екс градоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет на пример. Обвинителка поврзана со Сашо Мијалков беше избрана, што покажува дека старата мрежа на криминал и контрола врз институциите повторно се враќа на власт, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

Инаку, во новиот Извештај на ЕК за состојбите во правосудството, меѓудругото се нотира дека независноста на судството во Македонија е загрозена од притисок и мешање на други државни инстанци кои, како што се вели, продолжуваат да предизвикуваат сериозни загрижености во врска со почитувањето на судската независност. Како дел од позитивните забелешки на ЕК, се забележува усогласувањето на новиот закон за Судски совет со европските стандарди, а се нотира и подобрена ефикасност кај кривичните предмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер