МакедонијаКузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупцијаЕвропската комисија во својот најнов извештај за владеење на правото јасно и недвосмислено нотира мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта.ЕК наведува дека нема реформи има широко распространета корупција и проблематични тендери. Ова не е општа критика - ова е директна дијагноза на состојбата во која се наоѓа правосудниот систем во Македонија под актуелната влада на ВМРО-ОКГ. Она што Европската комисија го забележува како системски проблем, ние го гледаме секојдневно во конкретни постапки и одлуки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ќе наведам само дел од фактите кои го потврдуваат ова мешање: -Постапувањето на луѓе блиски до ВМРО во клучни позиции во правосудството е веќе системска практика. -Сопруга на екс градоначалник на ВМРО беше избрана за Судскиот совет на пример. -Обвинителка поврзана со Сашо Мијалков беше избрана, што покажува дека старата мрежа на криминал и контрола врз институциите повторно се враќа на власт. -Поставувањето советник на премиерот Мицкоски на позиција во правосудниот систем е директно мешање на извршната власт во независноста на судството. -Изборот на новиот државен обвинител беше јавно најавуван и управуван од самиот премиер Мицкоски преку телевизиска емисија, што е директна повреда на уставната независност на обвинителството. -Мицкоски јавно дискредитираше обвинителка со навреди како „медиокритет“, покажувајќи дека нема намера да ја почитува волјата на професионалните тела, туку сака да наметне свои кадри. -Портпаролката на Владата, Митева, знаеше податоци за судски предмет и исход пред да биде јавно соопштено. -Одземањето на предметот „Талир 2“ од поранешниот обвинител е класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите. -Заканите кон опозицијата од собраниската говорница, а потоа и преку медиумите, дека „ќе одговараат“, се директно кршење на принципот на независно обвинителство. -Закани кон претседателот на опозиционата партија и поранешни функционери се дел од истата кампања на притисок и заплашување. -Приведување на поранешни функционери на СДСМ за време на изборната кампања се спроведуваат селективно и со јасна политичка мотивација. -Јавното најавување на истраги од страна на премиерот пред да започнат постапките е грубо кршење на презумпцијата на невиност и директно мешање во работата на обвинителството. -Во случајот со 5 тони дрога никој не одговараше, но по негова наредба се изврши заплена на 100 тони легален канабис за медицински цели само за да се создаде медиумска кампања. До денес нема одговор како дрогата поминала редовно преку граница, без никакви податоци од полицијата, Safe City системот и царината. -Дрогата завршува во селото Коњух кај Крушевац во Србија, кај висок функционер на СНС - сестринската партија на ВМРО и е директно поврзана со поранешниот директор на БИА, и министер, еден од основачите на СНС. -Обвинителството ги запира истрагите против Алфа ТВ, дел од орбановата медиумска мрежа во Македонија, и покрај тоа што постојат конкретни докази во Словенија и Македонија за перење пари со цел финансирање на таканаречените „независни“ медиуми под целосна контрола на ВМРО и Мицкоски. -Уапсен е човек со оружје и дрога ама одговорност нема. Симо, човек кој го цитира Шешељ, промовира српски и руски интереси, слободно користи огнено оружје на снимки објавени на социјалните мрежи и има цел албум фотографии со премиерот Христијан Мицкоски. -ДКСК и Јавното обвинителство речиси осум месеци не постапуваат по пријавите на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема никаков одговор за криминалните тендери во вредност од над 150 милиони евра. -Единствениот одговор од ДКСК пристигна во форма на ДНК-извештај за биолошкиот татко на директорот на СОЗР од ВМРО - дека не му е татко. -Кривичната пријава против премиерот Мицкоски поднесена поради основано сомневање дека тој или знае што се наоѓа во предметите на обвинителството или лично ги нарачал, е директен резултат на ваквата практика. Кривичната пријава експресно е отфрлена. -Европската комисија го врати законот за високото обвинителство на доработка затоа што не е во согласност со препораките и не гарантира независност. -Ослободувањето на Никола Груевски и враќањето на имотот стекнат со криминал („Бела палата“) во корист на ВМРО-ОКГ е најдиректниот пример за заштита на криминалот. -Ослободувањето на Драган Павловиќ Латас, главниот медиумски човек на Мицкоски, е уште еден доказ дека правдата се применува селективно, според тоа колку некој е близок до премиерот. -Европската комисија во својот извештај за владеење на правото јасно предупредува дека измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост, дека постои мешање и притисок врз судството од претставници на власта и дека процесот на реформи во правосудството е загрозен од политичко влијание. Сето ова не е случајно. Ова е систематска политика на контрола врз институциите од страна на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски. Целта е јасна: да се спречи независното судство и обвинителство, да се заштитат криминалците и да се продолжи со неказнивоста. Затоа ВМРО намерно го кочат процесот на пристапување во Европската унија. Европа има свои механизми за независно обвинителство. Европското обвинителство би било надлежно во Македонија па би морал некој да одговара за криминал и корупција a тоа прво Мицкоски, а потоа и сите членови на неговата организирана криминална група од ВМРО не го сакаат. Граѓаните на Македонија нема да дозволат правдата да биде инструмент во рацете на оние кои ја уништуваат државата. Време е за одговорност. Време е за независно судство. Време е за Европа. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Скопје, 18.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЕва Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жениПо повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло. Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката. View this post on Instagram A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria) Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.Тагови: Ева Лонгорија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРијана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум. Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече: „Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“ Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain. Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил: „Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“ Потоа додаде: „Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“ Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече: „Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“ Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува: „Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“ Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете. Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБезос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината. „Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“. „Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос. "The Moon is a gift." @JeffBezos on building a Moon base: "NASA is really focused on the Moon now." "I've been focused on the Moon for a really long time and have been saying, 'Let's do the Moon and then do Mars.'" "It's kind of step by step, but do the Moon first." Via @CNBC @andrewrsorkin @blueorigin @NASAMoonBase — Jawwwn (@jawwwn_) October 8, 2026 Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“. „Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос. Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс. Извор: Б92Тагови: месечината Џеф Безос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook