Тухел: „Виновен сум, но не жалам“ - Канал 5

Тухел: „Виновен сум, но не жалам“

Селекторот на Англија, Германецот, Томас Тухел, ги бранеше своите тактички одлуки по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство.

Тухел: „Виновен сум, но не жалам“

Германецот изјави дека не жали за ниту една измена и дека ја презема целосната одговорност врз себе.

На прес-конференцијата пред натпреварот за третото место против Франција во Мајами, германскиот стручњак призна дека неговиот тим станал премногу пасивен кон крајот на натпреварот, но нагласи дека не смета оти одлуките биле погрешни.

„Ако некој треба да биде виновен, тоа сум јас. Јас сум тренер и ја преземам одговорноста. Не жалам за моите одлуки; ги донесов врз основа на искуство, инстинкт и желба да му помогнам на тимот да победи. За жал, резултатот не беше таков каков што посакувавме“, рече Тухел.

Англија водеше со 1:0 сè до 85-тата минута, но Аргентина, предводена од Лионел Меси, успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Тухел објасни дека одлуката неговиот тим да премине на формација со петмина во одбраната била донесена за да се запрат нападите на Аргентина.

„По нашиот гол, Аргентина заигра со многу поголем ритам. Не успеавме да ги спречиме нафрлувањата ниту влегувањето на нивните играчи во шеснаесетникот. Затоа преминавме на систем со петмина во одбраната за да ги затвориме крилните позиции. Сепак, станавме премногу пасивни, додека Аргентина го подигна нивото на играта“, објасни тренерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младоженец загина на пат кон црквата во која требало да се венча- трагедија во Белгија

Жордан Кинард (29), татко на две деца, бил само на неколку минути од венчавката со жената на својот живот кога автомобилот што го возел кон црква се лизнал од патот.

Младоженец загина на пат кон црквата во која требало да се венча- трагедија во Белгија

Човекот зад воланот бил неговиот кум и брат на неговата идна невеста Полин. Страшната несреќа се случила околу 13:30 часот во саботата на пошумен дел од патот во белгиската покраина Луксембург.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот, но младоженецот бил прогласен за мртов, објавува британскиот The Sun. Возачот бил повреден и итно префрлен во болница. Во несреќата немало други возила, соопшти полицијата.

Локалната полиција започнала истрага за да ја утврди точната причина зошто автомобилот се лизнал. Во времето на фаталната несреќа имало неколку лица во возилото.

Џордан и Полин се венчале во градското собрание пред нешто повеќе од еден месец и требало да се венчаат во црква минатиот викенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Криминалец осум години бил во бегство, го сменил изгледот и живеел во Турција како жена- го издал еден детал

По осумгодишна потера, турската полиција го уапси Тугрул Башар, осуден крадец кој значително го променил својот изглед додека бил во бегство и, според локалните медиуми, со години живеел претставувајќи се како жена.

Криминалец осум години бил во бегство, го сменил изгледот и живеел во Турција како жена- го издал еден детал

Башар беше осуден на три години затвор за кражба во 2010 година, но успеа да избегне апсење и остана во бегство следните осум години.

Според полицијата, во тој период, неговиот изглед се променил толку многу што истражителите повеќе не можеле да се потпираат на неговите стари фотографии за да го пронајдат. Како резултат на тоа, тие ја промениле тактиката и почнале да ги следат неговите движења и начин на живот.

Според локалните медиуми, истражителите утврдиле дека Башар ја користел официјалната турска лична карта на неговата биолошка сестра и ја претставувал како своја за време на безбедносните проверки.

Полицијата конечно го лоцирала во населбата Кадикој во Истанбул, каде што била извршена рација. За време на операцијата, му биле земени отпечатоци од прсти, а проверката го покажала неговиот вистински идентитет и потврдила дека тој е бараниот Башар.

По апсењето, тој бил префрлен во полициска станица во областа Кадикеи во Турција и приведен. Според полицијата, тој треба да ја отслужи првичната тригодишна казна за пресудата за кражба.

Меѓутоа, против него е покрената и посебна истрага за наводно лажно претставување и користење туѓи документи. Доколку обвинителите поднесат обвинение за кражба на идентитет или фалсификување документи, Башар би можел да се соочи со дополнителна казна.

Иако го променил својот изглед и начинот на кој се претставува во текот на годините поминати во бегство, според достапните информации, тој официјално не го променил своето име или пол во турскиот граѓански регистар.

Поради оваа причина, властите сè уште го наведуваат како маж во официјалните документи. Според турските прописи, информациите од официјалните документи играат улога и во одредувањето на сместувањето на затворениците, па затоа Башар треба да ја отслужи казната во машки затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено е телото на 3-годишниот Ноа кој исчезна од детско игралиште, заврши потрагата во Британија

Полицијата потврди дека е пронајдено тело во потрагата по тригодишниот Ноа. 

Пронајдено е телото на 3-годишниот Ноа кој исчезна од детско игралиште, заврши потрагата во Британија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер