Новинарка му кажува на Харисон Форд (84) дека „сè уште е згоден“ , неговата реакција е хит - Канал 5

Новинарка му кажува на Харисон Форд (84) дека „сè уште е згоден“ , неговата реакција е хит

Харисон Форд на 13. јули го прослави својот 84. роденден, а по тој повод тимот на порталот Е! News повторно ја подели снимката од неговата реакција од претходен разговор со новинарите што насмеа многумина.

Новинарка му кажува на Харисон Форд (84) дека „сè уште е згоден“ , неговата реакција е хит

Славниот актер одговара на прашања на новинари, а посебно внимание привлече една новинарка која без да се воздржи одлучи да му даде комплимент на славниот актер.

„Сè уште мислам дека сте многу згоден“, му вели таа пред насобраните, предизвикувајќи смеа во просторијата. Уште позабавна е реакцијата на Харисон Форд. Актерот ја погледнува малку збунето, длабоко воздивнува и неколку моменти останува без зборови.

Новинарката не застанува на тоа. „Сè уште изгледате одлично“, продолжува таа, а потоа го прашува како успева во тие години да се одржи во форма.

Форд за момент станува сериозен, а потоа одговара во својот препознатлив стил, со хумор. „Имав среќа да бидам благословен со ова тело. Фала што забележавте“, вели актерот, повторно предизвикувајќи смеа пред насобраните лица.

„Харисон Форд е легенда“

Снимката набргу стана вирална, а многумина на социјалните мрежи ја пофалија неговата смисла за хумор. „Изразот на лицето после комплиментот кажува сè“ – прокоментирал еден корисник. „Харисон Форд сè уште има неверојатна харизма“, додал друг.

Многумина се согласија дека токму таа негова опуштеност и способност да се пошегува на сопствена сметка е причина што публиката го сака и после 50 години кариера.

Тајната на неговата форма се крие во активниот живот

Иако Фрод се пошегува, сепак зад неговата фигура стојат години дисциплина и активен живот. Актерот претходно откри дека редовно вежба, вози велосипед и игра тенис, а на тренинзите се фокусира на одржување на силата, подвижноста и кондицијата.

Во своите 80-ти години, како што изјави во една прилика, целта не е да се изгледа како бодибилдер, туку да се остане силен и подвижен. Со помош на тренинг прилагоден на возраста тој работи на цело тело, а особено му е важно да ја одржи рамнотежата и да го намали ризикот од повреди.

Форд говореше и за својата исхрана, која со текот на годините ја променил. Не консумира месо и млечни производи, туку се одлучил на исхрана богата со зеленчук и риба. Ваквиот начин на исхрана, со редовната физичка активност, му помогнал да ја задржи својата форма во текот на своите осумдесетти години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. 

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски.

„Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе.

„Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер