Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан - Канал 5

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска ќе одржат нова рунда преговори во рамки на „тријалогот“ за Предлог-регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан.

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан

Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска ќе одржат нова рунда преговори во рамки на „тријалогот“ за Предлог-регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, на која ќе присуствува и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во својство на претставник на Европската комисија.

Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, чија цел е поттикнување на демократскиот, економскиот и социјалниот напредок на земјите од регионот аспиранти за членство во ЕУ, промоција на поголема регионална соработка и стабилност и постепеното приближување на овие држави кон структурите на Унијата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, основна премиса на идејата на Еврокомисијата при предлагањето на Планот беше целосната убеденост во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан - Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и потребата од зајакнување на блиските културни, историски и географски врски и меѓусебната соработка во голем број важни области.

Во регулативата предложена од ЕК се наведува дека таа се носи имајќи ги предвид заедничкиот интерес на Унијата и нејзините партнери од Западен Балкан за унапредување на напорите за реформирање на политичките, правните и економските системи на земјите од регионот, со цел нивно идно членство во Унијата.

- Перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект, што вклучува позитивни демократски, политички, економски и социјални промени, се додава во текстот.

Во документот се посочува дека во моментов БДП-то по глава на жител во земјите од регионот според стандардите на куповна моќ, се уште е на многу ниско ниво помеѓу 30 и 50 отсто од просекот на ЕУ и не се зголемува доволно брзо, па затоа со цел да се намали таа разлика Европската комисија го предложи Планот за раст на Западниот Балкан. Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, пак, е замислен како нов финансиски инструмент.

Во текстот натаму се додава дека целта на Механизмот е да се зголеми финансиската поддршка на земјите од регионот за спроведување на неопходните реформи за поттикнување на економскиот раст, регионалната интеграција и заедничкиот регионален пазар.

- За да се постигнат овие цели, посебен акцент, особено кога станува збор за инвестициите, треба да се стави на секторите кои веројатно ќе бидат клучни мултипликатори на социјалниот и економскиот развој: поврзувањето, вклучувајќи го транспорт, енергијата, зелената и дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини, се наведува во документот.

Механизмот, исто така, треба да ги поддржува и инвестициите и реформите кои го трасираат патот на земјите од регионот кон дигитална трансформација на економиите и општествата во согласност со амбициите за остварување на дигиталните цели на ЕУ до 2030 година и за гарантирање на безбедноста, флексибилноста и заштитата на интегритетот на дигиталната инфраструктура во регион, како и за поттикнување на зелената транзиција преку зголемена заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени, зајакнување на отпорноста и забрзување на трансформацијата кон економии со ниски емисии на јаглерод.

Во документот се потенцира дека Механизмот не треба да претставува замена на сегашната билатерална и регионална поддршка за земјите од регионот, туку дополнителна помош за нивна подготовка за членство во Унијата.

- Во рамките на Механизмот треба да се обезбеди поддршка за остварување на општите и специфичните цели врз основа на утврдени критериуми и со јасни услови за исплата. Општите цели на Механизмот треба да бидат забрзување на регионалната економска интеграција, постепена интеграција со единствениот пазар на Унијата, социо-економска конвергенција на економиите на Западниот Балкан и усогласување со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата за постигнување на целта за членство во Унијата. Механизмот треба да придонесе и за забрзување на реформите поврзани со основните принципи на процесот на проширување, вклучувајќи го владеењето на правото, јавните набавки и контролата на државната помош, управувањето со јавните финансии и борбата против корупцијата. Овие цели треба да се постигнат на таков начин што ќе се надополнуваат една со друга, се додава во Предлог-регулативата.

Во документот се наведува и дека максималната сума на финансиската поддршка во рамки на Механизмот треба да биде шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година, од кои две милијарди евра во форма на грантови и четири милијарди евра позајмици, при што најмалку половина од вкупниот износ треба да се распредели преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ), вклучувајќи го и целиот износ на грантовите.

- Со оглед на амбициозните општи цели на овој Механизам со краток период на имплементација, Регулативата треба да стапи во сила наредниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија, се наведува во документот.

Во предлог-измените на Регулативата усогласени од страна на Европскиот парламент се предвидува зголемување на сумите предвидени за неповратната финансиска поддршка и поголема флексибилност во однос на условите на позајмиците.

Според мислењето на ЕП, исто така, е потребен голем степен на флексибилност во однос на исплатата на овие средства условена со реализација на однапред утврдените реформски агенди, имајќи ги предвид „неодамнешните кризи кои продолжуваат да ги погодуваат земјите од Западниот Балкан“.

Европратениците бараат меѓу условите за исплата на средствата да бидат и подобрување на социјалните и работните услови, обезбедување одржлив развој и борбата против нерамноправноста, особено меѓу мажите и жените, како и инвестициите да бидат насочени кон поддршка на регионот во транзиција кон зелена, климатски неутрална, флексибилна, дигитална и инклузивна економија.

Дополнително ЕП инсистира приоритет да биде ставен на целите поврзани со основните вредности на ЕУ, како владеењето на правото и демократијата, заштитата на човековите права и основните слободи, промоцијата на независен судски систем, зајакнувањето на борбата против измамите, корупцијата, организираниот криминал, перењето пари и даночното затајување, почитувањето на меѓународното право, слободата на медиумите и академската слобода, како и создавање на амбиент за развој на граѓанското општество, поттикнување на социјалниот дијалог, промовирање на еднаквост меѓу мажите и жените, недискриминација и толеранција и зајакнување на почитувањето на правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници.

Според оценката на ЕП, овој инструмент треба да им овозможи на економиите од Западниот Балкан да се приближат до ЕУ усогласувајќи се со европските стандарди, како и да ги засили културните, образовните, академските, истражувачките и креативни партнерства на регионот со оние на Унијата, бидејќи покрај зајакнувањето на економиите, постои значителен потенцијал и за развој на поблиски односи и поголемо меѓусебно разбирање.

Во предлогот пак на Советот на ЕУ е предвидува допрецизирање на специфичните цели на Механизмот и на условите за исплата на финансиската поддршката. Еден од клучните предлози се однесува на зајакнување на улогата на Советот на ЕУ во управувањето со Механизмот, особено при усвојувањето и дополнувањето на реформските агенди на земјите од Западниот Балкан и на следењето и оценката во исполнувањето на поставените услови за исплата на поддршката.

Исто така, Советот предлага да се става и посилен фокус на усогласувањето на земјите од регионот со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Европската комисија го претстави новиот План за раст за Западниот Балкан на 8 ноември минатата година. Тој се базира на четири столба насочени кон зајакнување на економската интеграција на земјите од Западниот Балкан со единствениот европски пазар, зацврстување на економската интеграција меѓу државите во регионот преку заеднички регионален пазар, забрзување на основните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформските процеси преку Механизмот за реформи и раст.

Со ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан беа одвоени две милијарди евра дополнителни средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида

Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.

Најмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида

Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот.

Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс.

„Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

До 12 часот гласале 35,1 процент од гласачите во Србија

35,1 процент од гласачите во Србија излегле на гласачките места до 12. Часот. Од утрово на сите места се чека во редици и тоа не само во Србија , туку и во гласачките места во странство. 

До 12 часот гласале 35,1 процент од гласачите во Србија

Претседателот на Републичката изборна комисија (РИК), Владимир Димитријевиќ, денес изјави дека процесот на гласање досега на голем број избирачки места се одвива без никакви инциденти или нерегуларности, објави Телеграф.

„Единствените мали предизвици се, како што реков, што дури и во 8 часот наутро, поради големиот интерес, излезноста е висока до 10 часот наутро“, рече Димитријевиќ на втората редовна конференција на РИК.

Тој изјави дека од отворањето на избирачките места, РИК е во редовна комуникација со локалните изборни комисии, а локалните изборни комисии со избирачките места.

„Како што споменав, единствениот предизвик беше на почетокот кога самите избирачки места беа отворени поради создавањето големи толпи и почетокот на работата на одборот на избирачките места и договорот за работата на избирачките места, но секако сите избирачки места сега се отворени“, рече Димитријевиќ.

Тој повторно апелираше до членовите на избирачките места строго да се придржуваат до законот и упатствата на РИК и да постапуваат исклучиво според нив.

„Исто така, би сакал да ве потсетам дека избирачките места мора да се грижат за изборниот материјал и дека секое уништување на изборниот материјал е кривично дело, како и спречување на потенцијалните гласачи да гласаат на избирачкото место, а гласањето е тајно и лично“, рече Димитријевиќ.

Тој изјави дека РИК ќе одржува редовни прес-конференции во текот на денот на изборите и ќе ја информира јавноста за излезноста на гласачите, како и за сите настани на избирачките места.

Во Србија денес се одржуваат предвремени парламентарни избори, а избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најновиот Ауди Q9 има светла какви што не се видени во автомобилската индустрија (ФОТО)

Новиот најголем Audi Q9, како водечки модел во гамата, носи технологија на задни светла каква што никој друг во автомобилската индустрија досега не видел. 

Најновиот Ауди Q9 има светла какви што не се видени во автомобилската индустрија (ФОТО)

Станува збор за закривени дигитални OLED светла кои се состојат од шест стаклени плочи, секоја со дебелина од само 0,1 милиметар. Панелите се обликувани да ги следат страничните линии на каросеријата, за разлика од класичните рамни светла.

Aуди ја претстави оваа иновација како светска премиера уште во јули, за време на најавата на моделот Q9. Технолошката основа се состои од хардвер со вкупно 512 светлосни сегменти распоредени на шест плочи, каде што секој сегмент може да се контролира независно.

Како функционираат закривените OLED светла

Кај класичните LED светла, рамните леќи го ограничуваат ширењето на светлината кон страните на возилото. Q9 го решава тој проблем со стаклена основа која е закривена и ја следи линијата на каросеријата. На овој начин, светлината не се прекинува ненадејно, туку продолжува по должината на страната на автомобилот.

Стаклената подлога со дебелина од 0,1 милиметар е доволно флексибилна за да се свитка без да го скрши OLED слојот нанесен на неа. Последниот светлосен елемент е дебел само еден милиметар. Ауди веќе десет години работи на развојот на оваа технологија за сериско производство.

Ауди веќе беше првиот производител со сегментирани OLED светла во сериски модел, а дигиталната верзија во Q9 претставува нов чекор напред. Секое задно OLED светло е поврзано со контролна единица преку шина, овозможувајќи индивидуална контрола врз стотици сегменти. Затоа, тие не се активираат како еден блок, туку можат да се активираат одделно.

Благодарение на прецизната контрола, закривените панели се видливи од страна, како и одзади. Ова значи дека возачот што се приближува до возилото под агол, на пример на раскрсница или паркинг, може појасно да го види активирањето на стоп-светлата или трепкачите за насока.

Дизајн и дополнителни функции

Системот од шест панели се протега по целата ширина на задниот дел и се протега до страните. Ауди вели дека надворешниот закривен панел на секоја страна е најголемиот што некогаш го произвеле. Според спецификациите, надворешните плочи имаат 99 сегменти, централните имаат 84, а внатрешните имаат 73, што дава вкупно 512 сегменти.

Задните OLED светла работат во согласност со предните дигитални матрични LED светла. Така, Q9 може да проектира стилизиран шаблон на трепкачите на патот пред возилото, а проекцијата е синхронизирана со динамичните трепкачи напред и назад. Audi ја тестираше оваа функција на Q7 пред да ја имплементира на својот нов водечки SUV.

Податоците за бројот на плочи, вкупниот број на сегменти и дебелината на стаклото беа објавени од Audi како дел од официјалните спецификации на презентацијата на моделот Q9. Технологијата на дигитални матрични LED предни светла е веќе достапна на некои модели на Audi за американскиот пазар.

Audi сè уште не објави детали за нивото на персонализација на системот од 512 сегменти што ќе им биде достапен на возачите. Исто така, не е познато дали анимациите на светлата при отклучување и заклучување на возилото ќе бидат исти на сите пазари. Овие детали, како и цената, се очекуваат како што се приближува датумот на почеток на продажбата на Q9.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер