Драма во основно училиште во Словенија: Ученик наводно прободел соученик со нож учениците итно евакуирани
Стојаноски: Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции
1Драма во основно училиште во Словенија: Ученик наводно прободел соученик со нож учениците итно евакуирани
2Стојаноски: Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции
3Мицкоски се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство: Продолжуваме да градиме партнерства засновани на доверба
НБАНова „голема тројка“ на ЛА Лејкерс: Дончиќ, „Коби од село“ и џин подготвен да помине низ ѕидНБА гигантот Лос Анџелес Лејкерс влегув во нова ера по заминувањето на Леброн Џејмс. Во обидот да ја освојат 18-тата титула во лигата, клубот се потпира на ново трио предводено од Лука Дончиќ. Покрај докажаната словенечка суперѕвезда, се очекува Остин Ривс да го подигне своето ниво на игра до „Ол-стар“ стандарди, додека центарот Вокер Кеслер треба да се докаже како елитен одбранбен играч. Клучниот дел од новиот тим е 25-годишниот Вокер Кеслер, висок 218 см, кој минатата сезона одигра само пет натпревари поради сериозна повреда и операција на левото рамо. Лејкерси го добија во размена со Јута Џез, отстапувајќи два незаштитени избори од првата рунда на драфтот и правата на два избори за размена. Поради овој потег, клубот нема да може да разменува избори од првата рунда во следните седум години. „Секој голем тим на Лејкерс низ историјата имал доминантен центар. Вокер Кеслер се докажа како еден од елитните високи играчи кои можат да играат на врвно ниво во двата правци. Кога се појави можноста да го споиме таков чувар на обрачот со нашите ѕвезди Лука Дончиќ и Остин Ривс во играта ’пик-енд-рол‘, не сакавме да ја пропуштиме таа шанса“, изјави Роб Пелинка, претседател за кошаркарски операции и генерален менаџер на Лејкерс. Во сезоната 2024/25, Кеслер беше стартер на сите 58 натпревари за „Џез“, со просек од 11,1 поен, 12,2 скока и 2,4 блокади. Таа сезона, тој беше најдобар во НБА-лигата според офанзивни скокови (4,6), втор според блокади и петти според вкупен број скокови. За четирите години во Јута, одигра 201 натпревар со просек од 9,5 поени, 9,3 скока и 2,4 блокади. Од неговото влегување во лигата, само Виктор Вембањама има подобар просек на блокади. Дончиќ и Ривс како основа на нападот Раководството на клубот е исто така оптимистично во однос на соработката што Лука Дончиќ (33,5 поени, 7,7 скока и 8,3 асистенции минатата сезона) и Остин Ривс (23,3 поени, 4,7 скока и 5,5 асистенции минатата сезона) ја покажаа на натпреварите што Леброн Џејмс ги пропушти поради ишијас. Ривс, познат и по прекарот „Хилбили Коби“, летово потпиша четиригодишен договор вреден 180 милиони долари – највисокиот износ во историјата за играч кој не бил избран на драфтот. Вокер Кеслер потпиша четиригодишен договор вреден 130 милиони долари. „Посебно чувство е кога некоја организација верува во тебе. Лејкерси го покажаа тоа и преку парите и преку изборите на драфтот што ги вложија во мене. Сознанието дека имаат таква доверба во мене ме прави подготвен да ’пробијам ѕид‘ за нив. Едноставно, таков сум отсекогаш“, изјави Кеслер. Лука Дончиќ го продолжи договорот со клубот уште во август 2025 година, на три години и за сума од 165 милиони долари.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама во основно училиште во Словенија: Ученик наводно прободел соученик со нож учениците итно евакуираниВо основното училиште „Милан Јарц“ во словенечкиот град Чрномељ, ученик наводно прободел свој врсник со нож. Учениците биле итно евакуирани, голем број полицајци се присутни околу училиштето, а повреденото дете е пренесено во болница. Голем број полициски службеници и криминалистички истражители се на терен уште од утринава во словенечкиот град Чрномељ, додека граѓаните преку социјалните мрежи предупредуваат да се избегнува подрачјето околу училиштето каде што се случил напад. Информации за настаните во училиштето се појавија на социјалните мрежи денес во 9:43 часот. „Нешто се случи во основното училиште 'Милан Јарц' во Чрномељ. Не знаеме што. Има многу полицајци, а децата се надвор. Избегнувајте ја областа околу училиштето!“ – напиша член на една Фејсбук група. Вработен во училиштето и полицијата од Ново Место за „Словенске новице“ потврдија дека децата се надвор и дека полицијата е на лице место. „Според првичните сознанија, детето се здобило со полесни повреди. На самото место му била укажана прва помош, по што екипа на итната медицинска помош го пренела детето во болница на преглед и понатамошен третман“, соопштија од полицијата. Полицијата сè уште нема потврдено информации за напад со нож, а се очекува и одговор од управата на училиштето во врска со тоа што точно се случило.Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Буџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестицииБуџетот за 2027 година е буџет на развој со околу 663 милиони евра за капитални инвестиции, интензивно ќе се работи на изградба на автопатските и железнички делници, ќе се градат пречистителни станици.Буџетот за 2027 година претставува јасна потврда за определбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со одговорно управување со јавните финансии, да ја зајакнува економската стабилност, да создава услови за нови инвестиции и да го забрзува развојот на државата, со јасна цел економскиот напредок да се почувствува преку нови работни места, подобра инфраструктура, посилно стопанство и поголеми можности за граѓаните. Капиталните инвестиции заземаат централно место во Буџетот, за кои се предвидени 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, средства кои што се наменети за реализација на проекти кои имаат долгорочно значење за економскиот развој и подобрувањето на инфраструктурата во државата. Дополнително, преку Јавното претпријатие за државни патишта се планирани уште 18 милијарди денари инвестиции, од кои над 12 милијарди денари се проектирани за изградба на патните делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола, како дел од стратешките инфраструктурни коридори 8 и 10д. Продолжува и реализацијата на автопатските делници Кичево–Охрид, Кичево–Букојчани и Скопје–Блаце, со што се создаваат услови за подобра поврзаност на регионите, побезбеден сообраќај, полесен транспорт на стоки и услуги и поголема конкурентност на македонската економија. Посебно значајни се инвестициите во железничката инфраструктура, каде што за 2027 година се предвидени 6,2 милијарди денари, што претставува зголемување од 53,6% во однос на претходната година. Продолжува изградбата на железничката делница Бељаковце–Крива Паланка, а се планираат и активности за делницата Крива Паланка–граница со Бугарија, како и изградба и опремување на заедничката железничка гранична станица Табановце и започнување на проектот за набавка на нови дополнителни локомотиви. Паралелно со патната и железничката инфраструктура, продолжуваат и инвестициите во комуналните проекти, меѓу кои се и пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, како и планираните активности во Велес, Штип и Виница. За владината програма „Економски развој“ во 2027 година се планирани 9,7 милијарди денари, што претставува зголемување од 30,5% во однос на 2026 година, а средствата се насочени кон поддршка на инвестициските вложувања, привлекување на нови инвеститори и создавање подобри услови за раст и развој на домашните компании. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага секоја инвестиција, секој проект и секој потрошен денар да донесе реална вредност за државата и за луѓето, поради што успешноста на Буџетот нема да ја мериме само преку планираните средства, туку пред сè преку реализираните проекти, изградените патишта, модернизираната железница, новите инвестиции и работните места што ќе бидат отворени. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски се сретна со амбасадорката на Обединетото Кралство: Продолжуваме да градиме партнерства засновани на довербаПремиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Маја Сивањанам, амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија.„Остварив средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, нејзината екселенција Маја Сивањанам. На средбата разговаравме за традиционално добрите македонско-британски односи, стратешкото партнерство и можностите за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Продолжуваме да градиме партнерства засновани на доверба, пријателство и заедничка посветеност на стабилноста и просперитетот.“- објави Мицкоски на Фејсбук. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook