Нов обид за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Нов обид за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој доаѓа од инцијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие соопштија дека е закажан конгрес на 28 март во Скопје. А како главни точки, се отчет за сработеното на Христијан Мицкоски, како и гласање доверба.

Тврдат дека успеале да обезбедат поддршка од мнозинството на делегати кои гласале на конгресот кога беше избран мицкоски за претседател.

Од иницијативниот одбор најавуваат дека во наредните денови ќе ги формираат телата за спроведување на конгресот, ќе го промовираат слоганот и ќе почнат со дистрибуција на покани и материјали за делегатите. Исто така, повикуваат пријавување на заинтересирани кандидати за претседател.

„Иницијативниот одбор ги повикува сите заинтересирани кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ да достават апликации заедно со план за нивно делување“,

Иницијативниот одбор од минатото лето бара одржување на вонреден конгрес, а во септември 2020 следуваше и седница на централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во септември кога мицкоски самиот предложи свикување на вонреден конгрес. Централниот комитет на партијата го одби предлогот.

Индиец Гукеш Домараџу е најмладиот светски шампион во историјата на шахот (ВИДЕО)

Четиринаесеттиот натпревар од дуелот за титулата светски првак во Сингапур помеѓу бранителот на титулата Кинез Динг Лирен и 18-годишниот Индиец Гукеш Домараџу заврши со победа на Гукеш.

Четиринаесеттиот натпревар од дуелот за титулата светски првак во Сингапур помеѓу бранителот на титулата Кинез Динг Лирен и 18-годишниот Индиец Гукеш Домараџу заврши со победа на Гукеш и со тоа со вкупни 7,5-6,5 стана најмладиот светски шампион во шаховската историја.

Тоа беше резултат на невидена грешка на светскиот шампион во „конкретна“ реми позиција. По мирна позициска игра, предизвикувачот успеа да освои пион, а во сосема рамноправна завршница Динг „најде“ единствен пат до пораз и губење на титулата. Прво, тој го пасивизирал ловецот, а потоа, на запрепастување на сите љубители на шахот, понудил да го смени топот, по што се создал изгубениот пешак. Гукеш е вториот Индиец кој ја добива оваа титула по Вишванатан Ананд.

Натпреварот во Сингапур беше блиску до крајот, но грешките на 32-годишниот Динг на крајот го чинеа титулата што првпат ја освои во април 2023 година. Од друга страна, Гукеш не пропушти можност да го продолжи метеорскиот подем во светот на шахот.

Неговото назначување како предизвикувач благодарение на неговата победа за време на турнирот за кандидати во април 2024 година ги изненади сите, но тој продолжи да импресионира со одличната изведба за време на шаховската олимпијада во септември, која ја освои Индија. Со победата над Динг, тој стана најмладиот светски шампион во историјата, рекорд што го држеше Гари Каспаров, кој во 1985 година имаше 22 години.

Американец е пронајден како оди бос во близина на Дамаск, со месеци бил во притвор (ВИДЕО)

Американец, кој тврди дека со месеци бил држен во сириски затвор откако влегол во земјата пеш, опиша како го ослободиле луѓе со чекани откако бунтовниците го собориле режимот на Башар ал Асад.

Човекот, кој се претставил како Тревис Тимерман за американскиот партнер на Би-Би-Си, ЦБС, бил пронајден од жителите во близина на Дамаск. Скај њуз објави дека бил бос.

Тимерман изјави за NBC News дека бил приведен во мај откако ги преминал планините во Сирија како дел од верски аџилак.

Еден ден откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск и го соборија Асад, Тимерман рече дека двајца мажи ја скршиле вратата од неговиот затвор со чекани.

„Кога излеговме немаше отпор, немаше вистинска борба“, рече тој. Тој додаде дека од затвор излегол со поголема група луѓе.

Тимерман изјави за NBC News дека слушнал за други луѓе кои биле мачени во затвор, но дека тоа не било случај со него.

„Ме хранеа и ми даваа вода. Единственото нешто беше што не можев да го користам тоалетот кога сакам“, изјави за Ал-Арабија.

„Не ме тепаа, а чуварите се однесуваа пристојно со мене“, рече тој.

Тој додаде дека користел мобилен телефон за време на притворот и дека разговарал со семејството пред три недели. Тој не сакал да стапи во контакт со американските власти.

Инаку, Тимерман бил пријавен за исчезнат во мај, а последен пат е виден во Будимпешта. Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Вашингтон „работи на враќање на Тимерман дома“.

Инаку, по веста дека Американецот е ослободен, многумина помислија дека станува збор за новинарот Остин Тајс, кој исчезна во Сирија во 2012 година. Сепак, човекот им кажал на новинарите дека се вика Тревис Тимерман и негирал дека е новинар.

Да потсетиме дека илјадници затвореници беа ослободени по падот на Асад. На бројни слики се гледаат мажи и жени, а во некои случаи и деца, кои излегуваат од пренатрупаните ќелии, честопати несвесни за она што се случува во надворешниот свет.

Бунтовниците велат дека имаат намера да ги затворат озлогласените затвори на Асад и да ги пронајдат оние кои се вклучени во мачењето или убивањето на затворениците.

„Ќе ги бараме во Сирија и бараме од земјите да ги предадат оние што избегале за да можеме да ја постигнеме правдата“, изјави лидерот на бунтовниците Мохамед Ал Голани.

Лепа Брена ја објави снимката од концертот во Загреб, кога ја скрши ногата (ВИДЕО)

Лепа Брена на социјалните мрежи објави видео во кое го сумира својот трет концерт овој месец во Арената во Загреб.

На тоа видео се прикажува како изгледаат подготовките во бекстејџот пред излегување на сцената и дел од концертот на Брена, а на крајот од видеото може да се види моментот кога снимателот паѓа додека снима девојка како танцува на свила.

Во тој момент камерманот паѓа во лифтот и точно врз ногата на Брена. Видеото завршува со звукот на толпата која ја пее песната на Брена, Внимавај кому завидуваш.

„Ќе продолжи. Ваша Брена“, напиша таа во описот на снимката.

Во видеото зборуваа и гостите на Брена на концертот, Сенида и Ана Бекута. „Голем работник и уште поголема дива“, рече Сенида, а Бекута додаде: „Таа што победува“.

Пејачката вчера беше пуштена од загрепската клиника за трауматологија, каде што по концертот заврши на операција.

Концертите што таа требаше да ги одржи на 10 и 16 декември се одложени. Новите датуми се 21 и 22 март.

„За жал, синоќа во еден од незаборавните моменти на концертот на половина концерт се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица на тој пад ја скршив ногата. Не сакав да застанам, но за љубовта на сите вас во Арената, продолжив да пеам. Добрата вест е дека сѐ ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да закрепнам, вашата љубов, поддршка и трпение во овој период. Ви благодарам од сѐ срце“, изјави претходно Брена на своите социјални мрежи.

„Несреќата се случи кога член на техничката екипа случајно паднал од бината во лифтот за спуштање на сцената и се здоби со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекаше своето појавување пред публиката и така беше повредена.

И покрај големата болка, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно го изведе концертот со многу напор до крај, носена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите фанови. Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина, посветеноста на музиката и љубовта кон нејзините фанови“, изјавија од Екстра ФМ.

притисни ентер