3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
Шоу бизНоминираните за овогодишните „Оскари“ ќе бидат објавени денескаАмериканската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави филмовите номинирани за годинашните „Оскари“. Претстојното 97. доделување на престижните награди ќе се одржи вечерта на 2 март во „Долби театарот“ во Холивуд. По две одложувања поради пожарите коишто го опустошија Лос Анџелес, годинешните номинации ќе бидат објавени на интернет, соопшти Академијата. Глумците Бовен Јанг и Рејчел Сенот ќе ги објават номинациите денес, во 18:30 часот по македонско време. Според правилата на Академијата, за еден филм да влезе во избор за главните номинации, тој мора да биде првпат прикажан во текот на претходната календарска година, од полноќ на 1 јануари до 31 декември во областа Лос Анџелес. Тоа правило не важи за странските филмови. Натаму, филмот мора да биде долгометражен, т.е. да трае најмалку 40 минути - освен ако не се натпреварува во категоријата за најдобар краток филм. За филмовите гласаат сите членови на Академијата што, инаку, брои неколку илјади членови и е составена од личности од филмската индустрија. Во повеќето случаи, членовите гласаат за нивните категории, режисери за категоријата режија, глумците за глума, но во изборот за најдобар филм, сите членови се поканети да гласаат. Овогодишната емисија ќе ја води комичарот, водител и продуцент, Конан О'Брајан. Според американските медиуми, главни фаворити за изминатава година би можеле да бидат филмовите „Емилија Перез“, „Конклава“ и „Бруталист“. Оскарите се доделуваат во 24 категории: Најдобар филм, глума, оригинално и адаптирано сценарио, режисер, најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, документарец, анимиран филм, музика, специјални ефекти итн. Наградата е позлатена статуетка во облик на испревен маж, изработена од британиум, со црна метална основа. Долга е 34 сантиметри и тешка 3,85 килограми. Академијата за филмски уметности и науки е основана од шефот на студиото Метро-Голдвин-Мајер, Луис Б. Мајер. Минатогодишниот победник беше филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“, којшто освои седум „Оскари“, вклучително и за најдобар филм, режисер, главна и споредна машка улога. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44