Њујорк тајмс го повика Бајден да се откаже од претседателската трка

Редакцијата на американскиот весник „Њујорк тајмс“ синоќа го повика претседателот на САД Џо Бајден да се повлече од претседателската трка, еден ден по неговиот слаб настап во дебатата против Доналд Трамп, пренесоа светските агенции.

Иако посочува дека 81-годишниот Бајден е „претседател за восхит“, весникот истакнува дека на дебатата тој изгледал како „сенката на голем јавен службеник“ и дека би се впуштил во „непромислена авантура“ доколку ја продолжи кампањата.

„Нема причина партијата да ги ризикува стабилноста и безбедноста на земјата со тоа што ги принудува гласачите да избираат меѓу недостатоците на г-дин Трамп и оние на г-дин Бајден“, пишува весникот.

„Премногу голем залог е да се надеваме дека Американците ќе ги игнорираат или минимизираат годините и слабоста на г-дин Бајден, кои тие ги гледаат со свои очи“, се додава во њујоршкото издание.

„Ако ризикот од втор мандат на Трамп е толку голем како што тој вели - а ние се согласуваме со него дека опасноста е огромна - тогаш неговата посветеност на оваа земја ги остава него и неговата партија само со еден избор“, посочува „Њујорк тајмс“.

Статијата беше објавена два часа откако Бајден пристигна во Њујорк на дводневна турнеја за собирање средства за неговата кампања./МИА

Мицкоски: Преспа е реалност, Договорот за добрососедство е веќе репреговаран

Договорот за добрососедство со Бугарија веќе еднаш беше променет со додавањето на Францускиот предлог и не гледам причина зошто повторно не може да се репреговара. 

Ова го изјави Мицкоски како одговор на изјавите на амбасадорката Агелер која порача дека не е можно повторно преговорање ниту со Бугарија, ниту со Грција за напредок на земјава кон Унијата. Според Мицкоски нема ограничување на правата на Бугарите во Македонија, напротив нарушени се правата на Македонците во Бугарија, за што доказ се 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Порача дека наместо политика со двојни стандарди потребен е реципроцитет во односите со Бугарија.

„Ако можел догворот за добросодство да биде репреговаран и на него да му се додаде таканаречениот француски предлог, не гелдам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог што ќе ги опфати барањата кои ги има македонскиот народ и Македонците во Бугарија. Ако ја погледнете денас ситуацијата на пример или семафорот да се изразам спортски ќе видите резултат 14:0, одоносно имате 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија, чии што права се или ограничени или нарушени и нула за бугарската зедница во Македонија “, истакна – Христијан Мицкоски, Претседател на Влада.

Ставот на Мицкоски следи по острите тонови од официјална Софија која најави дека прашањето за македонските услови за членство ќе ги покрене пред европските лидери во Брисел. Претходно и буагрското МНР реагираше на пораките на Мицкоски дека преговарачката рамка може да претрпи промени ако постои добра волја, од каде порачаа дека тоа можело да доведе до дополнително оддалечување на Македонија од Европската унија.

Во однос пак на Преспанскиот договор, Мицкоски уште еднаш го повтори ставот – дека тој е дел од уставниот и правниот поредок на државата и дека ќе го почитуваат.

Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција

Најголеми отстапувањата на просечната максимална температура во јуни 2024 година имало на Пелопонез (+4,8 степени), во областа Атика и дел од централна Грција (+4,6 степени) и во северниот дел на земјата (+4,3 степени).

Во јуни годинава просечната вредност на максималните дневни температури во Грција била на екстремно високи нивоа споредено со просекот од периодот 2010-2019 година, а минатиот месец бил најтоплиот јуни во последните 14 години, според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми отстапувањата на просечната максимална температура во јуни 2024 година имало на Пелопонез (+4,8 степени), во областа Атика и дел од централна Грција (+4,6 степени) и во северниот дел на земјата (+4,3 степени).

Во првата половина на минатиот месец, односно во периодот од 10 до 12 јуни кога Грција беше зафатена од топлотен бран, во одредени делови од земјата температурата била од десет до 12 степени Целзиусови над нормалните нивоа за конкретниот период од годината.

Како што пишува Метео, 11 станици од мрежата на Националната опсерваторија на Атина регистрирале рекордно високи температури.

Во Атина, просечната месечна вредност била за четири степени повисока, при што 29 од 30 дена во месецот беа потопли од нормалното.

Унгарија од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ  под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“.

Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“, во кој многумина го препознаа мотото кое го популаризираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп – „Направи ја Америка повторно голема“. Проширувањето на ЕУ е високо на агендатата на Будимпешта за следните шест месеци, како еден од седумте клучни периоритети на унгарското претседателство, а во чија порака се вели дека ЕУ не може да биде целосна без Западен балкан. Во неодманешното претставување на приоритетите, министерот за европски прашања Јанош Бока рече дека очекува Македонија и Албанија конечно да го направат клучниот исчекор кон евроинтегративниот пат.

- Се надеваме дека до крајот на нашето претседателство, сите земји од Западен Балкан ќе направат најмалку еден чекор поблиску до нивното членство во ЕУ. Унгарското претседателство има конкретни цели за земјите кандидатки од Западен Балкан. Сметаме дека е реално Црна Гора да отвори нови преговарачки кластери, мислам дека е реално со Македонија и Албанија да се одржат меѓувладини конференции,- Јанош Бока - министер за европски прашања на Унгарија.

Но и покрај тоа што една од најважните точки во шестмесечното претседавање на унгарскиот премиер Орбан е интеграцијата на Западен Балкан во Унијата, од Македонија и натаму ќе се очекува да ги исполни условите од преговарачката рамка, смета извршниот директор на Евротинк Димитар Николовски.

„ Очекувам дека за време на ова претседателствување ќе има позитивни сигнали во однос на нѓшето пристапување кон ЕУ, но реално не очекувам дека ќе има таква моќ па нуту заинтересираност да ги средуваат билатералните проблеми на Македонија со грција и бугарија, тука ќе бидеме оставени сами на себе.// Промена во преговарачкта рамка не очеувам видовме дека за такво нешто нема заинтересираност ни од Бугарија, мислам дека ЕУ со унгарското претседателство ќе биде зафатено во внатрешни расправии, ангажирани околу украина, баш нашиот конкретен проблем ќе биде многу ниско на агендата и поради тоа не очекувам некои посебни промени. ‘-Димитар Николовски – Евротинк.

Меѓу приоритетите на унгарското е завршување на војната во Украина, подобрување на конкуренстноста на унијата, борбата против илегалната миграција теми кои предизвикуваат низа несогласувања на релација Будимпешта - Брисел.

притисни ентер