Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“
1Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“
3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
АвтомобилизамNissan Juke во Бетмен изведба (ФОТО)Атрактивниот кросовер на Nissan доби специјално издание инспирирано од претстојната премиера на новото продолжение од серијата Бетмен.Неговото име е Кииро, што на јапонски значи жолто. Така, жолтите детали надвор и во кабината не треба да изненадуваат. Тие се вклопуваат во темните Бетмен тонови. Имено, жолтата боја доаѓа како контраст на сивата нијанса на каросеријата и тркалата од 19 инчи во сјајна црна завршница. Во кабината, жолтиот шев се издвојува над вештачката кожа и металик сивите детали. За посебен дизајн зборува и специјалната алуминиумска плоча. Стандардната опрема вклучува 8-инчен екран, како и нова генерација на мултимедија која вклучува TomTom Maps и Live Traffic и компатибилност со Google Assistant / Amazon Alexa. За разлика од претходната генерација, новиот Juke не нуди многу во однос на моторите. Опцијата е една, 1.0 мотор со 114 КС и 200 Nm. Списокот на опции вклучува само менувач со две спојки како замена за стандардниот рачен „шант“. Премиерата на Бетмен е закажана за 4 март, а Juke Kiiro пристигнува на патиштата неколку недели порано. Ќе бидат направени дури 5.000 примероци. А кога станува збор за Бетмен, режисер е Мет Ривс, со Роберт Патинсон како Брус Вејн и Бетмен, Енди Серкис како Алфред, Џефри Рајт како Џејмс Гордон, Зои Кравиц како Жена мачка и Колин Фарел како Пингвин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“. Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња. Општина Кисела ВодаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди ЏакомоПоддршка за развојот на одбојката и унапредување на судиските стандарди.Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Судиска комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, кој в сабота во Скопје, ќе биде специјален гостин – предавач на Семинарот за судии и делегати во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Покрај Ди Џакомо на средбата присуствуваа и генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, како и претседателот на СО при ОФМ, Влатко Ристовски и членот на ПСО, Јосип Христов. „Европските искуства и знаења се важен придонес за развојот на македонската одбојка и унапредувањето на професионалните стандарди. Континуираната едукација на судиите и делегатите е од големо значење за поквалитетни натпреварувања и усогласување со европските стандарди. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на иницијативите што придонесуваат за развој на одбојката, унапредување на стручниот кадар и размена на знаења и искуства со европските спортски институции“ - истакна министерот Борко Ристовски. Како прв човек на Европската судиска комисија, Артуро Ди Џакомо в сабота, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе одржи предавања за новите официјални правила на одбојката, кои беа тестирани во текот на летото, а ќе започнат да се имплементираат во новата натпреварувачка сезона. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаМицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годинатаНамалените приходи од акцизите и данокот на додадена вредност може да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски.Според владините пресметки во буџетот може да недостигаат меѓу 6 и 7 милијарди денари, пред се поради намалените акцизи и ДДВ-то за горивата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook