3Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамНисан влезе во бизнис со роботакси, зашто во Јапонија нема доволно возачиNissan го објави својот план за комерцијализација на сопствените услуги за мобилност во Јапонија, што е уште еден чекор кон реализација на својата долгорочна визија од програмата Nissan Ambition 2030.Има неколку предизвици: прво и најважно е недостатокот на возачи поради стареењето на населението. Nissan тестира деловни модели за обезбедување услуги за мобилност во Јапонија и пошироко од 2017 година. Меѓу другото, тоа го прави и во метрополитенската област Мираи во Јокохама и градот Нами во префектурата Фукушима, каде што Namie Smart Mobility има персонал за мобилност од 2021 година. Nissan исто така тестира автономни услуги за мобилност надвор од Јапонија - на пример во Лондон и други делови на Обединетото Кралство со поддршка на локалната власт. Nissan, во соработка со трети страни, како што се локалните власти и транспортните компании, има намера да понуди автономни услуги за мобилност почнувајќи од 2027 година, а тестирањето на услугата во градското подрачје Минато започнува оваа година. За време на периодот на тестирање, нивото на автономно возење постепено ќе се оптимизира во согласност со оценката за прифатливоста на таквата услуга меѓу клиентите, сè со цел да се овозможат форми на превоз без возач.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребноГрадоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство. „Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски. При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата. Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.Тагови: Сашко Митовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПритвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈОПритвор за помошник директорот во Царинската управа, Џевер Имери, кој беше уапсен вчера како прима мито, побара Јавното обвинителство. Од таму инфомрираа дека акцијата следела по пријава од граѓанин, а Имери ќе одговара за две дела- примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Тој, според истрагата, во периодот од април/мај до септември 2026 година, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. -Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. – соопшти ОЈО ГОКК. Според информациите, Имери вчера по преземањето на парите, не застанал на полициските наредби и се дал во бегство, но брзо потоа бил фатен од полицијата и уапсен. За неполна седмица, ова е втор случај во кој обвинителството и полицијата постапувајќи по пријава од граѓанин, спроведоа успешна акција со обележани пари. Претходно уапсен беше и возачот на генералниот секретар на Владата, кој барал поткуп за вработување во пожарна. Од ОЈО ГОКК ги охрабруваат сите граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook