Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност - Канал 5

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авио летови и туризам во Европа и Централна Азија мотив за уште поголема работа и посветеност

Николоски: Извештајот на Светска банка мотив за уште поголема работа и посветеност

“ИЗВЕШТАЈОТ НА СВЕТСКА БАНКА СПОРЕД КОЈ МАКЕДОНИЈА Е СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА АВИО ЛЕТОВИ И ТУРИЗАМ ВО ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, МОТИВ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМА РАБОТА И ПОСВЕТЕНОСТ”– напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус и додаде:

“Македонија забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, исклучителен успех што е препознаен од страна на Светска банка.

Успехот и растот на авиосообраќајот во Македонија е нотиран во анализата на Светска банка за раст на туризам.

Со раст од 40% на годишно ниво, Македонија е препознаена како најдобар пример за држава со најголем раст во патници на пристигнување во Европа и Централна Азија.

Со мерката за субвенционирање на нови авиолинии и успесите што ги постигнуваме, Македонија е позиционирана на врвот во привлекување нови туристи и придвижување на економијата преку туризмот.

Овие успеси се потврдуваат и преку работата на охридскиот аеродром каде само во еден ден опслужени се рекордно преку 3 илјади патници, што за аеродром од овој тип е огромен успех.

Продолжуваме во следниот период со уште повеќе инвестиции во авиосообраќајот и туризмот.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/1BgoJgFzdZ/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари

Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи.

Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари

Сигналите за смирување на ситуацијата на Блискиот исток, по најавите на амеркинаскиот претседател Доналд Трамп за нова рунда преговори со официјален Техеран втор ден по ред ја намалуваат цената на нафтата на светските берзи, но ситуацијата и натаму е неизвесна.. Барел од типот Брент денеска падна на околу 85 долари.

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на горвата, но владата вели внимателно ја следи ситуацијата. Ако има потреба најави дека може да има ново намалување на акцизата или евентуално намалено ДДВ кај дериватите, но тоа вели ќе се знае в понеделник откако ќе го завшрат анализирањето на движењето на цените на берза за втората половина од месецов.

„Сега завршува онаа втора половина од месецот и веќе во понеделник ќе направиме просек за втората половина од месецот и врз основа на тие параметри ќе се делува на цената на нафтените деривати добро е што два дена по ред паѓа цената денеска се стабилизира на некој 85 – 86 долари за барел така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бенизните ..... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку со вчерашната последна одлука на регулаторна бензините поскапеа за 3, дизелот за 4,5 денари – тоа значи дека од денеска еуросупер 95ка се продава по цена од 93 денари, 98ца се точи за 95 денари, додека литар дизел чини 98,5 денари.

Вчера првиот регулатор Ацо Ристов, објасни дека причина за енергетската криза не е самото производство на нафта туку преработката на деривати, бидејќи вели воените дејствија оштетиле голем дел од капацитетите на рафинериите на глобално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Српскиот евролигаш КК Партизан го претстави шестото засилување! 

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Американскиот кошаркар Дерек Вилис е официјално новото засилување на Партизан.

205 сантиметри високиот Вилис потпиша двегодишен договор со „црно-белите“ од Белград.

Станува збор за класичен крилен центар, односно играч на позицијата „четири“.

Дерек Вилис имаше солидна сезона во Евролигата, со просек од 5,8 поени, 3,9 скока и 1,2 асистенции, при што реализираше 55 проценти од обидите за два поена и 37 проценти од оние за три поени, што го направи атрактивна опција на пазарот.

Вилис забележа уште подобри бројки во француското првенство, со просек од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,2 асистенции и 0,8 украдени топки за помалку од 19 минути по натпревар, остварувајќи импресивни 65 проценти реализација за два и 43 проценти за три поени.

Американецот роден во Кентаки му се приклучи на тимот на Жоан Пењароја и е шестото засилување во екипата што се формира за претстојната натпреварувачка сезона во Евролигата.

Пред него, во црвно белиот табор пристигнаа Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и Лука Вилдоса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање и континуирано беа спроведувани контроли на квалитетот на водата.

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

Ги известуваме граѓаните дека водата од јавниот водовод во Општина Крушево може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања.

Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг на системот за водоснабдување и со континуирана соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп, со цел обезбедување сигурна, квалитетна и здравствено исправна вода за сите граѓани.

Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период.

Општина Крушево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер