Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за Државни патишта

Обвинителството да ја испита досегашната работа на ЈП за државни патишта и македонски железници инфраструктура побара денеска министерот за транспорт и врски Александар Николовски. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Министерот за европски прашања Муртезани на средба со евроамбасадорот Гир

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на министерството за европски прашања одржаа средба заедничка прес-конференција.

Три лица загинаа во близина на кампусот на Универзитетот во Синсинати

Најмалку пет лица беа застрелани денеска, од кои тројца загинаа, во близина на кампусот на Универзитетот во Синсинати, соопшти полицијата.

Две лица се приведени, од кои едното е рането во престрелката. На местото на настанот се пронајдени неколку огнени оружја, а приведени се две лица, од кои едното исто така е рането, изјави полицискиот претставник Марк Бурнс.

Тој рече дека засега нема други информации. Претходно обезбедувањето на Универзитетот соопшти дека полицијата набрзо пристигнала по пријавата за пукањето, но дека еден час подоцна било констатирано дека повеќе нема никаква опасност.

Мицкоски: Преспа е реалност, Договорот за добрососедство е веќе репреговаран

Договорот за добрососедство со Бугарија веќе еднаш беше променет со додавањето на Францускиот предлог и не гледам причина зошто повторно не може да се репреговара. 

Ова го изјави Мицкоски како одговор на изјавите на амбасадорката Агелер која порача дека не е можно повторно преговорање ниту со Бугарија, ниту со Грција за напредок на земјава кон Унијата. Според Мицкоски нема ограничување на правата на Бугарите во Македонија, напротив нарушени се правата на Македонците во Бугарија, за што доказ се 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Порача дека наместо политика со двојни стандарди потребен е реципроцитет во односите со Бугарија.

„Ако можел догворот за добросодство да биде репреговаран и на него да му се додаде таканаречениот француски предлог, не гелдам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог што ќе ги опфати барањата кои ги има македонскиот народ и Македонците во Бугарија. Ако ја погледнете денас ситуацијата на пример или семафорот да се изразам спортски ќе видите резултат 14:0, одоносно имате 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија, чии што права се или ограничени или нарушени и нула за бугарската зедница во Македонија “, истакна – Христијан Мицкоски, Претседател на Влада.

Ставот на Мицкоски следи по острите тонови од официјална Софија која најави дека прашањето за македонските услови за членство ќе ги покрене пред европските лидери во Брисел. Претходно и буагрското МНР реагираше на пораките на Мицкоски дека преговарачката рамка може да претрпи промени ако постои добра волја, од каде порачаа дека тоа можело да доведе до дополнително оддалечување на Македонија од Европската унија.

Во однос пак на Преспанскиот договор, Мицкоски уште еднаш го повтори ставот – дека тој е дел од уставниот и правниот поредок на државата и дека ќе го почитуваат.

притисни ентер