Додека се чека на мислењето од Брисел за текстот на новиот предлог Кривичен законик кој од Министерството за правда информираа дека е веќе изготвен, преведен на англиски јазик и доставен во Европската комисија, како обврска од Билатералниот скрининг за Поглавјето 23, стручната фела и граѓанскиот сектор изразуваат загриженост од измените на актуелниот КЗ што пред десет месеци со европско знаменце беше изгласан во Собранието, а со кои се „офајдија“ обвинети поранешни функционери од високопрофилирани случаи , меѓу кои и на поранешното СЈО.
Универзитетската професорка Александра Деаноска Трендафилова вели дека септемвриските измени во делото„злоупотреба на службената положба“ направија долгорочна штета на државата.
„ Во мај 2023 излезе една нова предлог директива за борба против корупцијата каде е направена дефицинија листа минимална на секое закодоавство треба да ги има ои казните кои треба како определен минимум да бидат предвидени и на таа листа верувале или не е и злоупотребата на службентаа положба и овластувања, значи отпаѓа дискусијата дали вакво дело требад , треба да постои можеби прпоратено со позацврстено материјално зкаонодавство.“- Александра Деаноска Трендафилова – Универзитетски професор
Изменаите на Кривичниот законик, за судијката Оља Ристова се болна тема. Со нив вели таа извршната власт директно се вмешала во работата на судовите и негативно се одразиле довербата во правосудните органи. Таа предлага да се изнајде начин како да не застаруваат постапките за кои веќе е донесена првостепена пресуда, по примерот од хрватското законодавство.
-Она што сакам да кажам е многу битен член 3 од КЗ според кој како што гласи, ако по извршувањето на кривичното дело еи зменет законот еднаш или повеќе пати ќе се примнени тој штои е поблаг.Сите оние кои сториле кривични дела пред донесување на измените на овој закон нема понатаму да одговараат и за нив ќе настапи застареност на судскитепостапки и за оние кои се веќе во тек знали треба да се преземат мерки, да се даде поцврста гаранција дека нема да дојде до вакви ситуации.- Оља Ристова – Судијка
Како што претходно најави првиот човек на работната група, академик Владо Камбовски, во текстот на новиот Кривичен законик се враќа делото „злоупотреба на службената положба при јавни набавки“, кое како резултат на бришењето на став од членот 353 во ланските спорни измени, сега не подлежи на кривична одговорност.