Министерот за европски прашања Муртезани на средба со евроамбасадорот Гир

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на министерството за европски прашања одржаа средба заедничка прес-конференција.

Именувани директори на неколку јавни институции – кадрите се добро познати во јавноста

На местото на Ејуп Рустеми, за нов в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Владата на вчерашната втора седница го именуваше Коце Трајановски, екс-градоначалникот на Скопје во два мандати од 2009-2017 година.

Тој не е достапен за коментар, но според извори во партијата, неговото назначување доаѓа какао резулатат на позитивниот имиџ што го изгради во менаџирањето со инфраструктурни проекти додека беше градоначалник.

Додека беше прв човек на Град Скопје тој располагаше со буџет од околу 60 до 100 милиони, а сега како директор на ЈПДП ќе има на располагање околу 625 милиони евра. Главниот предизвик сега ќе му биде проектот на „Бехтел и Енка“, за кој ВМРО-ДПМНЕ се противеше и најавуваа декласифицирање на Договорот, вреден над 1,3 милијарди евра.

На именувањето на Трајановски реагираа од опозициската СДСМ. Од опозициската партија велат дека на Трајановски кој е косопственик и управител на градежна фирма му е доделена државна функција за што според нив постои опасност од голема корупција.

- Пошокантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти, стои во соопштението на СДСМ.

Освен Трајановски, Владата вчера ги именуваше и Александар Пандов за директор на Управата за извршување на санакции, Сашо Клековски за нов в.д директор на Фондот за здравствено осигурување, Оливер Миланов за в.д директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Здравко Трајанов за нов в.д. директор на Шуми и Гоце Димовски на местото на Јован Септоовски во ТИРЗ.

Претходно, уште на правата седница, избрани беа Игор Јанушев за Генерален секретар на Владата, Елена Петрова нов директор на Управата за јавни приходи, Ивица Томовски на Службата за општи и заеднички работи, Бобан Николовски на Царинската управа и Александар Јанев на Бирото за јавна безбедност.

Се очекува во текот на летото нови раководства да добијат сите државни институции, а наскоро премиерот Мицкоски треба да предложи и избор на заменици-министри.

Бране Паласков нов началник на СВР Велес

Бране Паласков е нов началник на СВР Велес, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Тој на оваа позиција е назначен со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

- Паласков ја вршеше функцијата началник на СВР Велес и за време на техничката влада пред последните избори. Тој ќе раководи со целото подрачје на СВР Велес. Тука спаѓаат општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Чашка, соопштија од Секторот.

Оттаму појаснија дека Паласков е дипломиран економист и во својата 10-годишна кариера како полициски службеник има работено на неколку позиции во СВР Велес. Како помлад инспектор во отсек за општ криминал, виш инспектор во отсек на општ криминал, виш инспектор во надворешна канцеларија за криминaлистички работи во Свети Николе, како и виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес.

- Новиот началник на СВР Велес, е оженет и татко на три малолетни деца, споделија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Харис: Бајден е нашиот кандидат, го победивме Трамп еднаш и повторно ќе го победиме

Таа нагласи дека е горда што е потпретседателка на Џо Бајден.

Потпретседателката на САД Камала Харис денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка, откако демократскиот конгресмен Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по „лошиот“ настап на дебатата минатата недела.

- Видете, Џо Бајден е нашиот кандидат. Ние еднаш го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп и ќе го победиме повторно, точка, рече таа во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

Таа нагласи дека е горда што е потпретседателка на Џо Бајден и одби директно да одговори на прашањето дали е подготвена да ја води земјата доколку е потребно. /МИА

притисни ентер