Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
БалканНевакцинираните ученици во Грција ќе мора да носат негативен тест Грчките основци и средношколци се вратија на училиште, но доколку не се вакцинирани, мораа да понесат потврда за негативен резултат од тестот за Ковид, за што ги сносат трошоците.Истот важи и за сите вработени во приватниот и јавниот сектор кои не се вакцинирани. Денот на враќање во училиштата се совпаѓа со стапување во сила на новите задолжителни мерки за невакцинираните лица на возраст од 12 години и повеќе. Повеќе од 5,7 милиони од 10,7 милиони луѓе во Грција се целосно вакцинирани и повеќе од 11 милиони ја примиле првата доза, но ширењето на варијантата делта во земјата е причина за загриженост бидејќи вчера биле пријавени 1.300 нови случаи на инфекција. За сите оние кои не се вакцинирани во приватниот и јавниот сектор, стапува на сила задолжителното тестирање на нивна сметка, а тоа важи и за учениците од училиштата и студентите. Негативните тестови се исто така задолжителни во сите превозни средства и затворени простории. Цената на брз антигенски тест е максимум 10 евра, а ПЦР тест 60 евра. Невакцинираните вработени мора да прават негативен тест еднаш неделно, а професорите, студентите и учениците над 12 години и вработените во туризмот, културата и медиумите мора да се тестираат двапати неделно. Часовите се одржуваат со физичко присуство и ќе бидат прекинати само доколку бројот на позитивни ученици надмине 50 проценти. За прв пат, работодавачот има право да знае кои од неговите вработени се вакцинирани и кои мора редовно да се тестираат. Вакцинацијата веќе е задолжителна за сите вработени во домовите за стари лица и за негувателите на инвалиди, под закана од отпуштања за сите оние што се противат. Потребни се електронски здравствени сертификати или доказ за прележана болест за да се влезе во кафулиња, барови и ресторани. Маските се задолжителни во затворени простории и на отворено, ако е тоа место за собирање луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05