ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
1ЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратениците
3ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
АвтомобилизамНесекојдневна изложба на олдтајмери во недела во Скопје Околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли ќе бидат дел од „Skopje Classic Day“ 2018 што ќе се одржи во недела на плацот кај авиончето во општина Аеродром.Меѓу нив ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери. - Идејата е да се претстават олдтајмерите што ги има во Македонија заедно со возилата кои ќе бидат донесени од четири соседни држави. Граѓаните ќе имаат можност да поминат ден од викендот дружејќи се со одбрани автомобили и моторцикли кои не се гледаат секојдневно, велат во разговор со МИА двајцата организатори на настанот Благоја Петровски и Игор Стефановски, кои неодамна по трет пат во Скопје го организираа и „Distinguished Gentleman's Ride“. Двајцата истакнуваат дека сакаат да организираат настан кој ќе биде поразличен од останатите и на кој ќе бидат претставени олдтајмерите во едно поинакво светло. - Ќе има индивидуално претставување на секое возило и ќе се обидеме да ангажираме девојки кои ќе имаат соодветен аутфит со периодот од кој потекнува возилото со цел да се добие целосен впечаток за тој временски период. Селектираме автомобили и моторцикли бидејќи идејата не е да одиме на квантитет, туку на квалитет, велат Стефановски и Петровски. Во рамки на настанот ќе биде доделена и награда за најдобра целосна презентација што е пракса во државите каде се организираат вакви настани. Замислено е да има динамична и статична презентација на возилата со кратка приказна за возилото. - Секој има приказна врзана за своето возило - како го нашол, колку време му било потребно да го рестарвира возилото......, вели Петровски. Двајцата неуморни љубители во олдтајмерите и урбаните мотори најавуваат дека ова е само почеток на нивната идеја овој настан да премине во традиција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Прославите завршија, за вистинска независност извадете го од фиока Законот за двојно државјанство на пратеницитеДодека со разни панаѓури и концерти си прославија 35 години од осамостојувањето на Македонија, Законот за укинување на двојното државјанство на пратениците сѐ уште седи заглавен некаде во собраниските лавиринти.Колку што е важно да се докажува патриотизмот и љубовта кон државата преку концерти и разни настани платени со народни пари, кои патем очигледно никој не знае точно колку чинат, исто толку е и важна лојалноста на пратениците, па и на другите функционери кон нашата држава. Додека устите им се полни со патриотизам и за тоа кој колку ја сака државата, самите предлагачи на Законот за укинување на двојните државјанства, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, сѐ уште молчат и го избегнуваат донесувањето на оваа регулатива. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, со јавно објавен заверен нотарски акт побара и останатите колеги-пратеници да докажат дека и тие како неа, поседуваат само македонско државјанство. До денеска, освен Зајкова, сите други пратеници сметаат дека нема потреба од јавно докажување на лојалноста, верноста и љубовта кон државата, истата од која секој месец земаат плата и користат разни бенефиции. Во таа насока, ЛДП повторно бара од пратениците час поскоро да ги донесат измените со кои ќе се ограничи правото за поседување на две државјанства на пратениците, но и на министрите, директорите, јавните обвинители, судиите и другите функционери. Нема потреба од половични решенија, „ќе важи за овој мандат, ќе важи за другиот мандат“, „ќе важи за едните, ама нема да важи за другите“. Воедно, предлагачите на законот исто така да побараат сите актуелни носители на функција да ги достават на увид нивните досиеја и сите што поседуваат двојно државјанство, да се откажат од второто или во истиот момент да си поднесат оставка. Сѐ останато е купување на време и замајување на јавноста, но и отвара сериозни сомнежи за тоа дали извршителите на државните функции вистински ги штитат интересите на Македонија, или пак на некоја друга држава. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еденАмериканските сили нападнаа пет ирански танкери, потопувајќи еден, како одговор на тоа што Техеран двапати гаѓаше американски воен брод, соопшти Централната команда на САД.Четири ирански танкери за нафта во Оманскиот залив поврзани со корпусот на Иранската револуционерна гарда беа цел на нападот, како и уште еден во близина на островот Харг, голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, додаде централната команда на САД. Техеран одговори со лансирање ракети врз американската база во Јордан - од кои повеќето беа соборени - и соопшти дека нападнале два американски брода и осум танкери за нафта во Ормутскиот теснец. Пресметките меѓу двете земји ескалираа изминатата недела, по повеќе од шест месеци откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари. Цените на нафтата пораснаа на азиската берза. Референтната сурова нафта „Брент“ поскапе за 1,5% , додека нафтата што се тргува на берзата во САД е повисока за 1,3%.Тагови: ирански танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00