Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ЖивотНеобичното Бабанеделино – првото прилепско женско училиштеПрилепчани го знаат Бабанеделиното училиште. Објектот сместен до најпознатата прилепска црква „Свето Благовештение" или попозната Стара Црква, до ден денес го носи името – Бабанеделенио училиште. Иако сега е галерија на ретки икони.Историјата го познава и го потврдува како првото изградено женско училиште во Прилеп. И има своја посебност, ексклузивност со факти досега непознати, ама сигурен предизвик да ги откриеме. Кое е Бабанеделиното училиште? И зошто има толку необично име? Нашата љубопитност почна со фасцинантната приказна на кустосот-советник од прилепскиот Завод и музеј, Илија Велкоски, сега во пензија. Тој долги години ги раскажува необичните приказни за иконите во Галеријата, некогашното Бабанеделино училиште. Подготвен е да ја раскаже и приказната за училиштето. Дури, неговата изградба на необичен начин се врзува за манастирот Трескавец. -На крајот на 19-тиот век, прилепчани сакале да ги школуваат и своите женски деца. Имало потреба од изградба на женско училиште. Зградата каде сега е галеријата на ретки икони е првото женско училиште во Прилеп, наречено Бабанеделино училиште. Значи, прилепските големци, еснафот собрале доброволни прилози и местото го купиле од фамилијата Мотевци. Платиле тогашни 600 турски лири. И го изградиле училиштето. За изградбата е употребен дел од материјалот што останал при обновата на манастирот Трескавец. Да појасниме, во 1866 година, Манастирот изгорел (тој е првиот од трите пожари во 150-ина години). Дел од материјалот се употребил за женското, Бабанеделиното училиште. Со текот на времето, бидејќи немало доволно женски деца, станало училиште и за женски и за машки ученици. Било училиште до 1912 година, кога почнале Балканските војни, еден период не работело, и по Првата светска војна, 20-ите години од минатиот век, повторно е училиште. Еден период потоа било претворено во работничка школа каде се учеле занаетчиски работи. По Втората светска војна, пак е училиште па до 60-тите години од минатиот век, раскажува Велкоски. Нашата потрага по документација не однесе во прилепскиот архив. Директорката Елена Чагороска ги отвори големите регистри со документи и беше уште попрецизна. Историјатот за женско училиште не враќа точно 155 години од денеска. Идејата да почне со работа женско училиште има зачеток во 1865, во годината кога се родил револуционерот Пере Тошев, зашто во неговата и куќата на неговото семејство Тошевци, почнала првата настава за ученичките. Куќата е веднаш зад црквата „Свето Благовештение". Документите откриваат – токму во куќата на Тошевци почнува да работи женското училиште, пред да се изгради како посебна зграда. И имало голем интерес. Се пријавиле дури 180 девојки, а првата учителка им била Недела Петкова. -Во 19 век кај прилепчани се јавува желба да отворат и женско училиште, оти машкото веќе работело од 1843 година во кругот на црквата „Свето Благовештение", во денешниот трпезариски објект. А за школување на женските деца, тоа го направиле во 1865 година. Тоа било домаќинско-занаетчиско училиште. Исклучиво за женски ученички, кои прво ќе се описменуваат, а потоа ќе учат занаети. Имало курсеви за шиење, плетење, за везење. Интересот бил голем, во првата учебна година се пријавиле 180 ученички, така што Црковната општина ја ангажирала, во историјата спомната, а во архивот документирана, Недела Петкова, како прва учителка во женското училиште, објаснува Чагороска. Бидејќи немало простории, а интересот бил голем, наставата се одржувала во куќата на Тошевци, зад црквата „Свето Благовештение". Таа додава дека првата година ученичките се описменувале, втората учеле занаети. По две години, училиштето престанува со работа, бидејќи првата учителка Недела Петкова го напуштила. -Има преданија дека не ги почитувала патријархалните норми во тоа време. Била преместена во Охрид. Училиштето не работело година-две, но потоа продолжува да работи со поголем интензитет. Донесени се учители, просветители и свештени лица. Донесени се Сава Плашева од Велес, Цветанка Миладинова од Струга, Икономова од Скопје, Марика Кафеџиева од Одринско, Марика Бочварова од Велес. Постои и летописна книга во која пишува кој што изучувал, колку учители биле, со платни списоци, и со дипломи од занаетчиското училиште, објаснува Чагороска. Но, кон крајот на 19 век неминовна е потребата од посебен објект за женското училиште. И тука документите се отвораат. -Во 1894 година, со народни донации и со средства на еснафите кои сакале да се изгради училиште, односно да се продолжат писменоста и занаетот, предадени од учителката Недела, се гради посебна зграда која денеска е позната како Бабанеделино училиште. Односно, тоа е местото на денешната галерија на икони на Заводот и музеј-Прилеп. Бил прекрасен објект во кој продолжуаат да се школуваат прилепчанките, вели Чагороска. Од прилепскиот архив откриваат и досега во јавноста непознат факт. Со почетоците на женското училиште се совпаѓа и првата прослава во градот на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Свети Методиј. И тоа на иницијатива на преродбеникот Кузман Шапкарев. -Мора да се каже како екслузивна информација дека во 1866 година, откако се отворило женското еснафско училиште, се побудила желба, а имало агитација на Кузман Шапкарев, кој бил од голема помош во описменувањето, и така, за првпат е направена прослава и одбележување на денот на Свети Кирил и Методиј. Прославата била на 11 мај, според стариот стил, по ново на 24 мај. Тоа е многу значајно за градот за укажувањето чест на просветителите, објаснува Чагороска. Во 19 век во Македонија почнуваат мисионерите кои во поединечни општини ја шират писменоста. На каков било начин. Во тој период, познати наши историски дејци Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Димитар Миладинов, сите тие поминале низ Прилеп и оставиле белег од нивните дела. Прилеп е меѓу првите во земјава со просветителството. -Во 20-ите и во 30-те години на минатиот век најголем број училишта се во Прилеп. Преку 40. Секогаш еснафите имале доброволни прилози и се интересирале сите деца да се школуваат, без разлика на административната власт која во тој момент владеела. За сите да имаат поддеднакви услови за школување, потврдува Чагороска од Прилепскиот архив. Нашата приказна за првото женско училиште во Прилеп, до денес познато Бабанеделино училиште, останува фасцинантна, потврдувачка, за желбата за писменост и учење. Кога ја фотографиравме зградата, денес Галерија, се сретнавме и со нејзин поранешен ученик, од првата генерација по Втората светска војна, кој токму во Бабанеделиното училиште учел на македонски јазик со македонски буквар. Осумдесет и четири годишниот Костадин Кепески, внук на Круме Кепески, составувачот на граматиката, со радосни сеќавања ни кажа дека бил во првата генерација ученици по Ослободувањето. -Јас сум од првата генерација ученици по ослободувањето. Учев, до четврто, во Бабанеделиното училиште. Имавме посебна училница, секое одделение и уште една просторија за учителите. Ние почнавме да учиме од првиот македонски буквар, ни рече Костадин Кепески. Првото женско училиште во Прилеп, денес Галерија на икони, секогаш ќе биде познато како Бабанеделино. Како место за спомени и приказни за школувањето, за првата учителка, но и за убавината на бесценетата уметност./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00