Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ЖивотНека трепка магијата на новогодишната честиткаДедо мраз со бела долга брада и црвена облека, со санка носи подароци во ноќта со голема месечина во пресрет на Божик и Нова Година. Слика на честитка што сум ја добила пред многу години кога посетував основно училиште. Од другата страна на честитката со детски ракопис напишано: Среќна нова година, многу здравје и радост. Ти посакува Ане! До реченицата е нацртано црвено срце. Многу емоции ми навираат кога ја гледам во рацете, ме потсетува на едно друго време кога едвај чекав да дојде Нова Година и Божик. На почетокот на декември со брат ми секогаш купувавме новогодишни честитки за другарчињата. Тоа беа едноставни честитки со новогодишни мотиви, потоа во годините што доаѓаа „најхит“ беа честитките што свиреа. Во првите години од основното училиште во средината на декември одев порано наутро на училиште за да ги ставам честитките во клупите (во местата каде што требаше да стојат училишните чанти) и да ги изненадам моите другарчиња. Но, секој ден, буквално секој ден од декември имав очекувања дека ќе најдам некоја и уште некоја честитка во преградата од зелената клупа. Тогаш мислев дека колку повеќе честитки ќе добиеш толку поубава ќе ти биде новата година. Како напредував со одделенијата така ми се зголемуваа и идеите и фантазијата за да напишам, но и да добијам што поубаво напишана и срочена честитка. На магијата и немаше крај. Дури и кога го пишувам ова, ми навира истото чувство на предновогодишна возбуда како кога бев дете. И се радувам дека е така, а сакам и да му ја пренесам на син ми. Не дека сегашните честитки немаат своја убавина и магија, туку сакам да знае дека имало и поинаку и дека новогодишната честитка што ја држиме в рака, особено денес е знак дека некој кому навистина му значиш одвоил време за тебе, купил новогодишна честитка, која верувајте може да чини само 20 денари, ти напишал убави желби, купил поштенска марка и ја испратил по пошта за да ти посака Среќна нова година и Честит Божик! Дури и денес, иако знам од каде можам да добијам честитка, повторно секој ден (освен за сметките и данокот) погледнувам во сандачето со бројот 3 за да најдам можеби некоја новогодишна честитка. Засега се уште нема. И да не заборавам, секој декември имавме специјални часови на училиште за изработка на честитки. Носевме шарена хартија (потоа и самолеплива), лепак, светки, памук, картони… за да изработуваме честитки за домашните и бабите и дедовците, а некогаш и за учителката. Потоа кога почнаа новогодишните базари нешто остававме и таму. Старите честитки ги чував во специјална кутија, а подоцна кога се преселив ги најдов и старите честитки од семејството на сопругот. Мајка ми ќе речеше вистински колекционер си на новогодишни честитки. Но, јас и денес уживам кога околку елката ќе видам многу наредени убави честитки, особено ако биле испратени од друга држава, бидејќи од таму доаѓаа секогаш со поинкави дизајни и цртежи од нашите. Колку повеќе новогодишни честитки околу елката, толку повеќе желби за среќна и убава година, што ме тераат да мислам дека се ќе биде подобро, здравјето ќе ми биде добро, семејството околу мене, работата ќе оди подобро, пријателите ќе бидат тука… Та, нели се е во надежта и љубовта? Мојата магија не е магија за новите милениумци Мнозинството граѓани во средни години веројатно имаат иста или слична приказна како мојата, додека поновите генерации единствено ги знаат или добиваат само СМС пораки (па дури ни тоа веќе можеби) или електронски новогодишни честитки на Вибер, Ватсап, Твитер, можеби ТикТок и/или Фејсбук, се разбира или некоја друга социјална мрежа или платформа за комуникација. Но низ годините едно е постојано, а тоа се новогодишните подароци. Нив секој сака да ги добие и поеднакво им се радува, и помладите и повозрасните. За да ви го долoвам убавото и крајно позитивно чувство што го предизвикува добивањето новогодишна честитка ќе споделам неколку реченици напишани на еден од форумите на социјалните мрежи. -Не сум којзнае колку стара, ама кога бевме помали, некаде до 4 одделение се сеќавам дека си остававме честитки на клупите. Неколку дена пред Нова година, со мајка ми ќе отидевме до книжара или во поштата ќе одберев околу триесетина и ќе си дојдев дома и оп, време е за пишување. Се сеќавам пред некое време пронајдов еден плик полн со честитки, и онака се израдував, сигурно се постари повеќе од пет години. Во училиштето правевме честитки, па кога ќе си дојдев дома, продолжив да правам. Не беа професионални и толку убави и прекрасни, ама се трудев колку што можам да ги направам поубави, ама за тоа требаше повеќе материјали. Е сега, последниве неколку години, не добивам ниту една единствена честитка, напиша таа. Во разговор со скопјанката Биљана таа вели дека со интернет честитањето на новата година и Божик забораваме дури и телефонски да се јавиме кај некои блиски така што се повеќе се отуѓуваме меѓу себе. -Поголема радост ми е кога во поштенското сандаче ќе најдам новогодишна честитка, бидејќи ме потсетува на детството. Ги чувам честитките, дел од моите а некои од мојата ќерка и ги вадам секогаш пред Нова година како спомен. За жал, со развојот на технологијата многу повеќе честитаме преку електронските честитки и го изгубивме чувството дури и да се јавиме телефонски кај некого и да честитаме Нова година и Божик. Со ваквиот начин на комуникација се повеќе се отуѓуваме меѓу себе и ги губиме тие вредности, вели Биљана. Јас честитките многу ги сакам, раскажува Александра од Велес. – Сепак, тоа ти останува, и е опипливо, можеш повеќе пати да го прочиташ и да ја оживееш емоцијата. Иако сум млада, повеќе ги сакам традиционалните од електронските честитки. Тие ги добиваш и толку. Во следниот момент ги нема. Особено рачно изработените за мене имаат посебно значење, бидејќи знам дека некој посветил внимание и одвоил време само за мене и за моето семејство со убави и позитивни желби и честитки, вели Александра. Тематски новогодишните честитки можат да биде семејни, со забавна содржина, со градови, со различни ликови, но најмногу се со Дедо Мраз, светкави ѕвезди и желби за поубава година. На Интернет може да се најдат повеќе верзии за историјата на новогодишните честитки или картички. Се зависи од каде доаѓате. Американските извори велат дека првите комерцијални божикните честитки биле испечатени од Луис Пранг во 1875 година што се сопаднало со зголемувањето на индустријализацијата и преминот кон конвенционалната божикна прослава. Во Велика Британија првата комерцијална божикна картичка била направена и испратена од Лондон во 1843 година. Претходно луѓето разменувале лично на рака празнични честитки. Сер Хенри Кол, богат британски бизнисмен, му дал задача на талентираниот илустратор Џон Калкот Хорсли да изработи една таква картичка. Кол сакал картичка што ќе им ја испрати на неговите пријатели и соработници за да им посака среќен Божик./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook