МакедонијаНБРСМ овозможи отворање сметки кај странските електронски сервиси за трансакции за комерцијални цели Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на која ја разгледа и ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.Со измените се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резидентите од нашата земја. Тие ќе можат овие сметки да ги користат исклучиво за комерцијални цели, односно за купување и/или за продавање стоки и услуги по електронски пат. Дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени. При разгледувањето на одлуката, на седницата, меѓу другото беше одбележано дека либерализацијата во однос на отворањето и поседувањето кориснички сметки кај електронските сервиси за платежни трансакции во натамошниот период може да донесе повеќе придобивки за нашата економија. Истовремено, беше истакнато дека донесената одлука е еден од чекорите на Народната банка за поголема промоција и поддршка на електронската трговија и залагање за користење на предностите од финансиските технологии, односно се создаваат услови стоките и услугите коишто ги нудат нашите резиденти, преку електронската трговија да бидат подостапни на меѓународниот пазар. Во дискусијата на седницата беа истакнати и можните ризици за резидентите коишто ќе ги користат овие сервиси, пред сѐ во поглед на квалитетот и сигурноста на услугите. На денешната седница, Советот ја разгледа и ја донесе и Одлуката за изменување на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци, со којашто треба да се овозможи поголема заштита на корисниците на потрошувачките кредити. Поконкретно, согласно со донесената одлука, давателите на потрошувачки кредити во пресметката на СВТ ќе треба да ги вклучуваат сите категории трошоци коишто ги намирува кредитокорисникот и за коишто со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити не е предвидено да не бидат опфатени со оваа пресметка. Со направената измена во регулативата се очекува дека ќе се обезбеди уште поголема транспарентност во формирањето на цените на потрошувачките кредити и дека на кредитобарателите ќе им биде навремено достапна поцелосна информација за вкупните трошоци коишто ќе ги имаат на годишно ниво, што ќе им обезбеди и поголема заштита како потрошувачи. Советот ја разгледа и ја донесе и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот. Со измената се проширува обврската на банките за утврдување капитал потребен за покривање на ризикот од другата договорна страна и на ризикот од порамнување/испорака. Поконкретно, покрај обврската за покривање на овие ризици за позициите од портфолиото за тргување, согласно со донесената измена, од 1 јануари следната година, банките ќе имаат обврска да издвојуваат капитал за овие ризици и за позициите од портфолиото на банкарски активности. Станува збор за ризици коишто се присутни кај сите позиции во финансиски инструменти, а коишто би добиле поголемо значење за банките со развојот на пазарот на капитал и зголемување на вложувањата на банките во различни видови финансиски инструменти. Со оваа измена се овозможува натамошно усогласување со Базелските капитални стандарди, како и со соодветната европска регулатива. На седницата, Советот разгледа и други прашања од својата надлежност, се наведува во соопштението на НБРСМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
СветЗеленски: Трамп зборува подобро за Путин отколку за менеСоединетите Држави повторно почнаа да споделуваат разузнавачки податоци со Украина, потврди претседателот Володимир Зеленски.Соработката беше прекината во траење од три дена, оставајќи ја Украина без клучни информации за претстојните руски напади. Зеленски изрази благодарност за прекинот на застојот во размената на податоци, кој сериозно ја попречуваше способноста на Украина да се подготви за напади. „Беше блокирано некое време, а потоа американската страна го одблокираше. Многу сме благодарни за тоа. Системот сега повторно функционира“, изјави Зеленски во претходно снимено интервју за емисијата „Meet the Press“ на телевизијата „NBC“, кое беше емитувано во недела. Последици од тридневниот прекин „Не ги видовме нападите со руски балистички ракети“, објасни Зеленски. „Десетици земји ни помагаат, но само Соединетите Држави ја поседуваат единствената способност да нè предупредат кога Русија користи балистички ракети. Во текот на тие три дена, не ги добивме тие информации.“ Иако Украина постигна значителен успех во спротивставувањето на руските беспилотни летала и во изведувањето сопствени напади со дронови, таа сè уште се соочува со тешкотии во однос на руските балистички ракети. Главната причина е недостигот на пресретнувачки ракети за системот „Патриот“, чии залихи, според достапните информации, неодамна се исцрпени. Спор околу нападите врз руската енергетска инфраструктура Прекинот во споделувањето разузнавачки податоци произлезе од спор меѓу Киев и Вашингтон во врска со украинските напади врз руската енергетска инфраструктура. Претседателот Трамп смета дека овие напади ги зголемуваат цените на дизелот, што за него претставува политички проблем пред претстојните избори за Конгресот. Минатата недела, Трамп повика на „енергетско примирје“ во Украина – потег што го затекна Киев неподготвен. Украина тврди дека, како одговор на ова барање, неколку дена ги прекинала нападите врз руските енергетски цели. Сепак, откако Русија продолжи да ги бомбардира украинските енергетски постројки, Украина ги продолжи своите напади. „Ако ми кажете дека Зеленски повторно ги напаѓа рафинериите, тој само ја зголемува глобалната цена на нафтата“, изјави Трамп во четвртокот за водителот на „Newsmax“, Роб Финерти. „Мислам дека тоа е срамно. Има многу други цели.“ Ограничувања на „Старлинк“ и пораки до Путин Покрај прекинот во размената на разузнавачки информации, Украина тврди дека пристапот до воената верзија на „Старлинк“ ѝ е ограничен. Ова ја попречи нејзината способност за пресретнување беспилотни летала и изведување напади на руска територија. Постојат спротивставени информации за тоа кој точно го наредил ова ограничување и дали пристапот до сателитскиот интернет сервис е целосно обновен. На прашањето зошто Трамп зборува подобро за рускиот претседател Владимир Путин отколку за него, Зеленски посочи дека причината можеби лежи во неговата сопствена директност. „Јас сум целосно искрен со претседателот на Соединетите Држави, многу сум јасен и ја поддржувам Америка бидејќи сме стратешки партнери“, рече тој. „Тој [Путин] е убиец.“ Потоа додаде: „Затоа сум многу искрен и отворено велам дека тој е убиец. Повеќе сакам партнери кои се отворени и јасни, отколку такви што се убијци, дури и ако имаат насмевка на лицето.“ Тој изјави дека усогласувањето на Соединетите Држави со рускиот претседател Владимир Путин би претставувало историска грешка, иако напомена дека сепак го смета Доналд Трамп за сојузник. „Сакаме да имаме доверба во него. Се надевам дека ќе ги промени своите одлуки, бидејќи сметам дека сè тоа е погрешно и нема да ни помогне ниту нам, ниту на Соединетите Американски Држави“, додаде тој. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00