МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
2МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
МакедонијаБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијатаБрвеница избира нов градоначалник. Шестмина кандидати се во трка за функцијата на предвремените избори. Право на глас имаат над 16 илјади граѓани. Јана Јосифоска го следи изборниот ден. На еден час сме до затворањето на избирачките кутии. Јана Јосифоска претходно беше во селото Брвеница, сега е во Долно Седларце. Дали се се одвива регуларно и колкава е излезеноста до сега. Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook