3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
СветНајмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија во канадска воена базаНајмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени по експлозија и пожар што избувнаа вчера попладне во канадската воена база во Вејнрајт.Локалните болници се под огромен притисок поради големиот број жртви, а во тек е масовна операција за итно реагирање. Според воени извори, експлозијата се случила околу 16:00 часот по локално време, кога за време на вежба со боева муниција бил погоден гасовод во внатрешноста на базата, пренесува „Глобал њуз“ . Кралската канадска коњаничка полиција потврди дека биле повикани да интервенираат при пожар на воениот полигон. Сепак, властите сè уште официјално немаат потврдено дека инцидентот бил предизвикан од експлозија. Војската и полицијата спроведуваат истрага, а засега не е познато дали меѓу жртвите има исклучиво војници. Извор од теренот опиша заслепувачки пламени јазици и хаотични сцени, додека војниците ги качувале своите ранети соборци во возила за да ги пренесат во базата. „Никаква обука не можеше да нè подготви за ваква глетка“, изјави изворот. Доцна синоќа, повеќе од десетина припадници на војската биле испратени во Вејнрајт со падобрани за да помогнат во згрижувањето на жртвите. Footage from @bkbrey shows the aftermath of the large fire at CFB Wainwright in Alberta, following an incident where a live fire exercise triggered a massive explosion. So far 7 have been reported killed with others injured in the serious incident. Numerous unconfirmed reports also indicate that additional military medical and/or emergency personnel were parachuted in to help aid in the response. More to come. — OSINTdefender (@sentdefender) October 18, 2026 Канадските вооружени сили соопштија дека нивен моментален приоритет е да им пружат поддршка на настраданите и да ги известат нивните семејства. Поради тоа, нема да објавуваат детали за жртвите сè додека овој процес не заврши. Канадскиот министер за одбрана, Дејвид Мекгинти, вчеравечер потврди дека има загинати и повредени. „Не паметам ваков инцидент во поновата историја“, рече тој, опишувајќи ја ситуацијата во базата во централна Алберта како многу сериозна и чувствителна. „Ова е многу, многу сложена и деликатна ситуација“, додаде тој. Неколку болници во Алберта прогласија „Портокалов код“ – протокол што се активира при катастрофи со голем број жртви. Поради преоптовареноста на капацитетите во Вејнрајт, голем број повредени се префрлени во болници во Едмонтон. „Ова е катастрофа“ Д-р Ворен Тирск, лекар во одделот за итни случаи во болницата „Ројал Александра“ во Едмонтон, изјави за „CBC“ дека станува збор за вонредна ситуација каква што се случува еднаш на секои 15 до 25 години. „Во моментов има повеќе пациенти отколку што некој од нас би сакал да изброи. Ова е катастрофа“, изјави Тирск. More than a dozen CAF personnel literally parachuting into Wainwright, arriving at the local health centre to respond to the explosion and fire at the nearby Canadian Forces Base. https://t.co/IbmtAiXWpN — Jeff Semple (@JeffSempleGN) October 18, 2026 Организацијата „Акут Кеар Алберта“ апелираше до граѓаните да не го оптоваруваат здравствениот систем освен ако не е неопходно, со цел да се обезбеди доволно простор за настраданите од воената база. Возила за итна помош од цела Алберта беа пренасочени кон базата, а хеликоптерската служба „СТАРС“ испрати екипи од Едмонтон и Саскатун. Експлозијата предизвика голем пожар кој, потпомогнат од налети на ветер со брзина до 100 км/ч, брзо се прошири надвор од границите на воениот полигон. Во гаснењето учествуваа пожарникари од неколку околни окрузи, а помош понуди и соседната провинција Саскачеван. Затворено и избирачко место Локалните власти околу полноќ соопштија дека ширењето на пожарот е запрено, иако надзорот продолжи во текот на целата ноќ. На жителите на блискиот град Вејнрајт – каде што живеат околу 6.600 луѓе – им беше препорачано да ја избегнуваат погодената област, иако во моментов не е издадена наредба за евакуација. Поради ширењето на пожарот, вчера мораше да биде затворено и едно избирачко место во Вејнрајт. Тоа беше последниот ден од предвременото гласање за референдум во Алберта. Воената база „Вејнрајт“ лоцирана во рурален дел на источна Алберта, е една од најзначајните канадски бази за воена обука. Во неа е сместен Канадскиот центар за обука за маневри, а според пописот од 2021 година, во базата биле стационирани 1.310 воени и цивилни лица. Генерал Џени Карињан, началник на Генералштабот на канадските вооружени сили, изјави дека благосостојбата на воениот персонал и нивните семејства останува главен приоритет. „Голема трагедија“ „Моите мисли се со сите погодени“, рече таа. Премиерката на Алберта, Даниел Смит, го опиша настанот како голема трагедија, додека канадскиот функционер Марк Карни преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на жртвите. „Во воената база Вејнрајт во Алберта се случи сериозен инцидент, кој резултираше со голем пожар. Нашите мисли се со сите храбри мажи и жени погодени од оваа несреќа“, напиша Карни. Други политичари, како што се пратеникот Дејн Лојд и лидерот на опозицијата Пјер Поливр, им се заблагодарија на службите за итни случаи и повикаа на молитви за жртвите и нивните семејства. Извор: Индекс.хрТагови: експлозија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook