Шести ден протести и тензии во Тирана – полицијата продолжува да интервенира - Канал 5

Шести ден протести и тензии во Тирана – полицијата продолжува да интервенира

Премиерот Рама ги отфрли повиците за оставка, ги повика на дијалог демонстрантите но и обвини за „странско влијание„ позади протестите.  

Шести ден протести и тензии во Тирана – полицијата продолжува да интервенира

Шести ден протести и тензии во Тирана – полицијата продолжува да интервенира со водени топови и солзавец, како и да ги приведува демонстрантите кои на синоќешните судири фрлаа камења, молотови коктели и огномет, на што полицијата одговори и со гумени куршуми. Премиерот Рама ги отфрли повиците за оставка, ги повика на дијалог демонстрантите но и обвини за „странско влијание„ позади протестите.

-Ниту една држава – ама баш ниту една – не може да издржи ваква ситуација. Држава што ќе подлегне на ваква ситуација не би можела да се опорави со години, и години, и години. Затоа, ајде да застанеме и да размислиме. Затоа ги повикувам сите што сакаат да стапат во дијалог, сите што сакаат да воспостават контакт, сите што сакаат да разговараат – со камери или без, со фотографии или без – во кабинетот на премиерот, на универзитетот, каде и да сакате. - Еди Рама, премиер на Албанија

Според албанското Министерство за здравство, вкупниот број на повредени лица овие денови достигна 272, од кои 169 се полицајци. Илјадници луѓе во пошироко антивладино движење, меѓу кои средношколци и студенти, протестираат против наводната корупција, невработеноста и ниските образовни стандарди, барајќи итна оставка од Рама.

-Еди Рама мора да поднесе оставка. Веднаш. Инаку, некој може овде да загине.

Полицијата не сака да зборува со нас. Само фрлаат солзавец во количина која што не сум ја видел претходно.

YouTube video

Протестите денеска продолжија и во Франција, каде локалните власти се уште ги проценуваат материјалните штети по вчерашната ескалација - насилни судири, грабежи и пожари беа пријавени во Париз, Лион, Марсеј и Лимож, каде што беше запалено и градското собрание. Вчерашниот одѕив е проценет на 550.000 од француското МВР, но според организаторите бројката се движи до скоро 900 000 демонстранти.

-Денеска со инфлацијата е многу тешко да си ги дозволиме основните нешта за живот. Затоа сум тука за да ја покажам мојата поддршка.

Претседателот Емануел Макрон ќе се обрати на францускиот народ вечерва, објави Елисејската палата, а пред тоа ќе се состане со министрите со оглед на засилениот притисок врз неговата Влада за справувањето со вчерашните насилни судири. Макрон засега накратко се огласи на социјалните мрежи, ветувајќи дека ќе ги гони одговорните.

-Оние кои вандализираа и нападнаа владини згради и бизниси, па дури и ги ограбија нашите општински собранија, ќе бидат гонети и казнети. Сите ќе застанеме обединети против сејачите на хаос, кои сакаат само да ги уништат нашите институции и да ги спречат оние кои мирно ги изразуваат своите барања да го сторат тоа.- Емануел Макрон, претседател на Франција

Првично фокусирани на образованието, протестите во Франција се проширија и на незадоволството поради зголемувањето на трошоците за живот, проблемот со домувањето, социјалната нееднаквост како и влошувањето на јавните услуги. Токму овој револт е и причина за протестите кои иако со помал интензитет деновиве почнаа да се одвиваат и во Италија, Португалија и Белгија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Откако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%.

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.

Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени.

Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица.

Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер