По натпреварот со Уругвај се случи интересна сцена пред кампот на репрезентацијата. Лионел Меси бил пречекан од 11-годишен навивач со транспарент во рацете.
На него пишувало: „Меси, прости и` мајка ми, не знаеше што прави, јас се викам Кристијано“.
Мајка му го крстила по Кристијано Роналдо, а тој во меѓувреме станал голем фан на ликот и делото на Лионел Меси, па дошол да се извини.
„Би сакал да го видам и лично да му се извинам и во име на мајка ми, таа не знаеше што прави“, рекло малолетното момче за аргентинските медиуми.
Да потсетиме, Аргентина одигра 0: 0 со Парагвај во квалификациите и го победи Уругвај со 3: 0, а утре ќе игра против Перу.