Научници: Под обвивката на Земјата откривме траги од вонземски свет - Канал 5

Научници: Под обвивката на Земјата откривме траги од вонземски свет

Научниците веруваат дека огромно небесно тело удрило во Земјата пред околу 4,5 милијарди години, што создало вистински хаос и на крајот ја создало Месечината.

Научници: Под обвивката на Земјата откривме траги од вонземски свет

Имено, по ударот, во вселената бил исфрлен куп отпад кој прво се населил во орбитата околу нашата планета, а потоа почнал да се собира и натрупува и да го создава нашиот природен сателит.

Експертите прво помислиле дека на Земјата не останале многу траги од таа древна планета со големина на Марс, наречена Теја, но се чини дека не биле во право. Имено, научниците од Кина, САД и Британија пронашле индикации кои укажуваат дека делови од Теја завршиле и внатре во Месечината и внатре во нашата планета.

Ако е вистина, можеби ќе имаме решение за мистеријата што ги мачи научниците повеќе од една деценија: присуството на густи грутки со големина на континент закопани длабоко под обвивката на Земјата (на длабочина од околу 2.900 километри), обвиткани околу јадрото .

„Нашите наоди го предизвикуваат традиционалниот поглед на џиновски удар кој ја хомогенизирал раната Земја. Наместо тоа, џиновскиот удар што ја формирал Месечината се чини дека е извор на раната хетерогеност на обвивката и ја означува почетната точка на геолошката еволуција на Земјата во текот на 4,5 милијарди години.“, вели планетарниот научник Хонгпинг Денг од Шангајската астрономска опсерваторија (ШАО) на Кинеската академија на науките.

Научниците дознаа за акумулациите на материјалите што го опкружуваат јадрото на Земјата (голема провинција со мала брзина на смолкнување, LLVP) откако ги анализирале земјотресите бидејќи сеизмичките бранови различно се движат низ различни материјали. Тие пронашле големи, густи региони на границата помеѓу јадрото и обвивката - едниот под Африка, другиот под Тихиот Океан.

Досега експертите веруваа дека LLVP се формирале за време на некој внатрешен процес на Земјата, но новото истражување покажува дека зад нивното формирање стои Теја. Претходните нумерички симулации покажале дека поголемиот дел од Теја завршил на Месечината, а само фракции на Земјата.

Но, тоа не мора да биде така. Со години, научниците ја истражуваат можноста дека големо количество од Теја се заглавило во внатрешноста на Земјата и се уште е таму и денес. Затоа, експертите спроведоа нови симулации и пронајдоа неколку индиции кои упатуваат токму на такво сценарио, пишува Science Alert.

Првата трага е наслојувањето на земјината обвивка. Во симулациите, материјалот од Земјата и Теја бил измешан во горната обвивка во океан од течна магма, додека долната обвивка остана поцврста. Други се LLVPs. Тимот открил дека парчиња од Теја, со дијаметар од само неколку десетици километри, можеле да потонат до границата на јадрото-мантија и да се акумулираат таму и да прераснат во LLVP.

Околу 2 до 3 отсто од масата на Земјата, велат експертите, можеби доаѓа од Теја. LLVP тогаш треба да бидат помеѓу 2 и 3,5 проценти погусти од обвивката на Земјата и побогати со железо. Ова е добра вест бидејќи хипотезата може да се тестира.

Имено, ако од Месечината добиеме примероци на материјали од обвивката, кои стигнале до површината при ударот, можеме да ги споредиме со акумулациите околу јадрото на Земјата и да видиме дали ги имаат истите хемиски карактеристики.

Истражувањето наречено Moon-forming impactor as a source of Earth’s basal mantle anomalies е објавено во списанието Nature.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Илјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Заврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со денови

Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно.

Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај.

,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД

И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува.

,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,,

Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност.

,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,,

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер