Наставничка успеа да направи најдобра слика од ајкула во историјата! - Канал 5

Наставничка успеа да направи најдобра слика од ајкула во историјата!

Ајкулата се појавила пред очите на 25 годишната Аманда Бројер, ја отворила устата да го загризе мамецот, и тогаш девојката ја направила фотографијата за која се смета дека е најуспешна фотографија од ајкула воопшто!

Наставничка успеа да направи најдобра слика од ајкула во историјата!
Ретко на која фотографија може вака да види моментот како таа изгледа пред да го загризе пленот. Огромни остри заби, широко отворена уста...

Аманда е наставничка по уметност во основно школо во Њу Џерси. Заминала во Јужна Африка да ги набљудува ајкулите одблизу и работела како волонтер за организацијата „Бела Ајкула Африка“. Но никогаш не помислила дека ќе се најде очи в очи со ајкулите!

- Кога сте во нивно присуство не се страшни туку грациозни и убави, а можете да видите и колку се интелигентни - вели Аманда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

А1 Македонија со нова припејд понуда

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците Нови двонеделни пакети со неограничени разговори и до пет пати повеќе интернет во постоечките пакети, без промена на нивните цени. 

А1 Македонија со нова припејд понуда

*Активација на eSIM по цена од 49 денари.

– А1 Македонија ја унапредува својата припејд понуда со нови пакети, повеќе мобилен интернет и неограничени национални разговори. Новата понуда им овозможува на корисниците поголем избор во согласност со нивните комуникациски потреби.

Од денес, новите и постоечките А1 припејд корисници имаат на располагање два нови двонеделни пакети. Истовремено, постоечките неделен и месечен пакет вклучуваат значително повеќе интернет, без промена на цените. Новите двонеделни пакети, со важност од 14 дена, вклучуваат:

 Двонеделен пакет S – 5 GB национален интернет и неограничени национални разговори за 199 денари.

 Двонеделен пакет M – 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB интернет во земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари.

Сите нови припејд корисници кои ќе активираат нова А1 SIM картичка од 19 ноември 2026 година ќе добијат автоматска активација на Двонеделниот пакет M по првиот повик со траење од 14 дена.

Активацијата на новите двонеделни пакети е достапна преку SMS, апликацијата Мојот А1 или во продажните места на А1.

Повеќе интернет по истите цени добиваат и корисниците на постоечките неделен и месечен пакет:

 Неделниот пакет вклучува пет пати повеќе интернет, односно 5 GB наместо досегашниот 1 GB, неограничени национални разговори и SMS, за 149 денари, со важност од 7 дена.

 Месечниот пакет XL вклучува 30 GB наместо досегашните 10 GB, неограничен интернет за социјални мрежи и неограничени национални разговори и SMS, за 499 денари, со важност од 30 дена.

Дополнителна поволност е новатацена на А1 Припејд дигитална eSIM картичка од 49 денари, наместо редовните 399 денари, за корисниците кои ќе изберат активација преку www.a1.mk.

Со унапредената припејд понуда, А1 Македонија одговара на растечките потреби на корисниците за мобилен интернет со повеќе вредност, поголема флексибилност и слобода во изборот на услуги без договорна обврска.

Повеќе информации за новата припејд понуда се достапни на www.a1.mk.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија го повлекува ветото за преговорите на Украина со ЕУ

Унгарија денес ги повлекува своите приговори за последните два преговарачки кластери за пристапување на Украина во Европската Унија, потврдија дипломати. 

Унгарија го повлекува ветото за преговорите на Украина со ЕУ

Ова го отвора патот за Киев и Молдавија да започнат преговори за сите поглавја за членство во ЕУ, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Два дипломатски извори потврдија дека Унгарија планира да се откаже од своето вето за отворање на последните два преговарачки кластери со Украина, на состанокот на амбасадорите на ЕУ.

Овој потег го најави Андраш Биро-Наѓ, унгарскиот државен секретар за прашања поврзани со ЕУ, за време на дебатата за проширувањето што му претходеше на вчерашниот состанок на Советот за општи работи во Брисел.

Долго време, Будимпешта ја блокираше кандидатурата на Украина, а со тоа го попречуваше и отворањето на преговарачките кластери. Ветото, исто така, го запре напредокот на Молдавија, чиј процес на пристапување е сè уште поврзан со оној на Киев.

Ставот на Унгарија се промени откако Петер Маѓар ја презеде власта од Виктор Орбан, кој владееше 16 години. Првиот преговарачки кластер беше отворен во јуни, вториот во јули, а следните два – во октомври.

Минатиот месец, Киев и Будимпешта постигнаа договор во врска со правата на унгарското малцинство во западна Украина, кој потоа беше одобрен од украинскиот парламент. По ова, унгарската влада беше подготвена да го направи следниот чекор, но сепак го одложи отворањето на последните два кластера за уште неколку недели. Поради повеќегодишната антиукраинска реторика за време на ерата на Орбан, ваквата одлука стана политички чувствителна на внатрешен план.

Унгарскиот премиер Маѓер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одржаа својата прва билатерална средба на 16 октомври во Брисел, на маргините на самитот на Европскиот совет. Оваа средба претставува дополнителен чекор кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји.

Откако Унгарија официјално ќе го повлече своето вето во петок, Украина и Молдавија ќе можат да ги отворат сите преговарачки кластери. Тие вклучуваат некои од најосетливите поглавја, како што се оние што се однесуваат на животната средина и земјоделството. За Киев, земјоделството ќе биде особено предизвикувачка тема.

Под притисок од земји како Полска и Франција, Европската комисија предложи ограничување на пристапот до фондовите на ЕУ и до европскиот пазар за одредени украински земјоделски производи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна

СДС и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна

Толку од наводната итност на СДС и Филипче, толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДС и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДС и Филипче.

Филипче и СДС не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година.

Тогаш СДС и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка.

Зошто СДС и Филипче тогаш молчеа? Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција?

Филипче и СДС не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата.

Не може СДС во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер