Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд наврнал во Претор - Канал 5

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд наврнал во Претор

Утрово се измерени 5 степени на Попова Шапка, 7 Kрушево, Лазарополе, 8 Претор, Mаврови Анови, 9 Охрид, Битола, 10 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 11 Тетово.

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд наврнал во Претор

Утрово се измерени 5 степени на Попова Шапка, 7 Kрушево, Лазарополе, 8 Претор, Mаврови Анови, 9 Охрид, Битола, 10 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 11 Тетово, Виница, 12 Скопје-Петровец, Штип, Кавадарци, Демир Капија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово, Струмица, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

33 Претор, 23 Битола, 19 Охрид, 12 Струмица, 11 Гевгелија, 10 Тополчани, 8 Прилеп, Kрушево, Демир Капија, 7 Кавадарци, 6 Берово, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, 3 Тетово, Mаврови Анови, Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Пожаране, 1 Скопје-Петровец, Штип, Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Атрактивната италијанска ТВ водителка  Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското  фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.

Фото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите

Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа.

Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал.

Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси.

Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Ѕвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар  го пропушта и дуелот од 2 коло  против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.

Нејмар го пропушта и 2 коло на Мундијалот

Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата.

Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт.

Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. 

Фото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикини

Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ...

Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан .

Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер