Најскапиот стан понуден на интернет е во Германија, а чини вистинско богатсво - Канал 5

Најскапиот стан понуден на интернет е во Германија, а чини вистинско богатсво

Најскапиот стан во Германија кој беше понуден на интернет во 2022 година се наоѓа во Берлин и чини неверојатни 17,9 милиони евра. 

Најскапиот стан понуден на интернет е во Германија, а чини вистинско богатсво

На порталот за продажба и изнајмување на недвижности „Immoscout24“ се огласува стан од 578 метри квадратни чија цена е неверојатни 17,9 милиони евра.

За тие пари купувачот добива „ексклузивен пентхаус во историскиот центар на Берлин“. Станот има девет соби опремени со површини од природен камен и дрвени подови. Според огласот, станот има и прозорци од подот до плафонот.

Поради својата локација во близина на Државната опера и форумот Хумболт, ексклузивната резиденција е во центарот на сите збуднувања.

Меѓу десетте најскапи станови на „Immoscout24“ се уште три апартмани кои исто така се наоѓаат во Берлин. Седумсобен стан може да се купи во Пренцлауер Берг за 11,5 милиони евра.

А кога станува збор за скапите станови, Берлин води и на порталот за домување „Immowelt“. Најскапиот стан објавен на оваа страница се нуди за 8,9 милиони евра. Станува збор за висококвалитетна реновирана стара зграда во областа Шарлотенбург-Вилмерсдорф. Располага со осум соби и покривна тераса на 437 квадратни метри станбена површина. Вториот најскап стан на страницата е исто така во Берлин, но во Мите. Во непосредна близина на Бранденбуршката порта се наоѓа пентхаус од 454 метри квадратни за осум милиони евра.

Севкупно, четири од десетте најскапи станови во „Immowelt“ се наоѓаат во главниот град на Германија.

Рангирањето се заснова на понудите што се објавени на Интернет помеѓу јануари и ноември 2022 година. Наведените цени се цените наведени во огласот, а не цените што купувачите на крајот ги плаќаат за имотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите.

- Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.

Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија

Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време.

Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција

Лишени од слобода пет лица.

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција

На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана.

На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево биле пронајдени куршуми.

На 21.08.2026 во 10:35 часот во с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода П.Т.(55) од Ресен. При претреси во неговиот дом во Ресен и во с.Евла, извршени со судска наредба, биле пронајдени 28 куршуми, испукани чаури и ловечка пушка .

На 21.08.2026 во с.Светомитрани, крушевско, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Крушево извршија претрес во домот на К.Т.(38) од с.Светомитрани, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, ловечки патрони, пиштол и две рамки за пиштол.

На 21.08.2026 во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево, со судска наредба извршија претрес во домот на ВН.(48) од Крушево, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против лицат ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер