Најскапи родендени на децата на познатите од српската естрада - Канал 5

Најскапи родендени на децата на познатите од српската естрада

Кога станува збор за родендените на нивните наследници, познатите личности никогаш не жалат пари. 

Најскапи родендени на децата на познатите од српската естрада

Тие им ги исполнуваат желбите на своите деца, а и се трудат прославите да изгледаат светски. Со години наназад, јавноста често се осврнува на семејните забави на Емина Јаховиќ, Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ и Ацо Пејовиќ, кои се на самиот врв на списокот гала-прослави на познатите.

Емина Јаховиќ и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал некогаш организираа вистински рај за децата на островот Лерос во Грција. Нејзиниот син Јаман, всушност, во тоа време го славеше шестиот роденден, а славната мајка ништо не му препушти на случајот, иако беше на семејно крстарење. Момчето ги дувна свеќичките на специјално направена торта - со детали од фудбалски натпревар, очигледно, помеѓу Турција и Србија, но и Грција беше присутна.

Драгана Мирковиќ, го прослави 20-тиот роденден на нејзиниот син Марко, кој овој пат славеше само во кругот на семејството поради епидемиолошката состојба. Замокот во Виена беше украсен до најситни детали, што според проценките воопшто не беше евтино.

Кога најмладиот син на Лепа Брена, Виктор, славеше полнолетство, познатите родители обезбедија и преуредија простор за него и гостите од 2.500 метри квадратни со специјално осветлување и сценографија… Според тогашните медиуми, на забавата биле поканети околу 500 лица, покрај пејачи, имаше и истакнати бизнисмени, политичари, чии имиња се чуваа во тајност. Најубав подарок за Виктор беше тоа што беше заедно со своите браќа.

- Јас веќе имам сè, немам желби што се однесува на подарокот - рече тогаш младиот Живоиновиќ, кој, како што беше наведено, добил 100.000 евра од колегите и пријателите на неговата мајка, и планирал да ги даде во добротворни цели.

И Ацо Пејовиќ се истакнува кога станува збор за роденденските забави за своите деца. Имено, тој во септември 2015 година организираше неверојатна прослава на полнолетството на неговата ќерка Марија. Покрај тоа што ги собра своите најблиски и домаќински ги пречека, на својата миленичка í подари скап џип.

Ќерката на Цеца, Анастасија, пред неколку вечери го прослави 23-тиот роденден во еден локал во Белград, а пејачката тоа задоволство наводно ја чинело околу 20.000 евра.Забавата воедно била и подарок бидејќи Анастасија минатата година не била во можност да прослави поради епидемиолошката ситуација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија со досега најостра закана кон Британија

Русија предупреди дека би можела да ги нападне британските воени цели во и надвор од Украина како одговор на украинските напади врз цели во Русија со употреба на крстосувачки ракети со долг дострел произведени во Велика Британија.

Русија со досега најостра закана кон Британија

Предупредувањето, упатено од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на прес-конференција во Москва, е најсилното од ваков вид што Русија досега го упатила до Велика Британија, земја членка на НАТО и цврст сојузник на Украина.

Захарова рече дека Лондон е „на еден чекор“ од тоа да стане легален соизвршител на она што таа го нарече „тероризам“ против руските цивили, што би имало „катастрофални последици“ доколку Велика Британија не го промени курсот.

„Постојано предупредувавме дека сите британски воени објекти и опрема во Украина и надвор од нејзините граници би можеле да бидат цел на одговор на украинските напади врз руска територија извршени со британско оружје“, рече таа.

„Ризик од ескалација“

„Предлагаме британското раководство уште еднаш внимателно да ја анализира ситуацијата и веднаш, на најрешителен и недвосмислен начин, да ја напушти агресивната линија на непријателот, што може само да создаде ризик од ескалација на конфликтот на сосема ново ниво“, рече Захарова.

Нејзиното предупредување дојде еден ден откако Русија ја обвини Украина дека испалила британски ракети „Сторм Шедоу“ врз трговски центар во рускиот град Донецк во источна Украина, во напад во кој наводно биле повредени цивили, вклучувајќи и деца.

Кремљ соопшти дека Велика Британија методично додава „масло на огнот“ откако Лондон објави дека ќе му дозволи на Киев пристап до тајна технологија за да започне сопствено производство на крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“, кои можат да погодат длабоко во Русија. Франција веќе даде согласност за лиценцирање на технологијата за европската ракета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериозна

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“.

Норвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериозна

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“, се вели во соопштението на кралската палата.

Харалд (89), најстариот жив монарх во Европа, седна на престолот во 1991 година. Тој со години страда од сериозни здравствени проблеми, но одбива да абдицира и да му го предаде норвешкиот престол на својот син и наследник, принцот Хакон.

Влошувањето на неговата здравствена состојба се совпаѓа со периодот во кој норвешкото кралско семејство е потресено од скандали поврзани со сопругата на Хакон, крунисаната принцеза Мете-Марит.

Објавувањето на документите од случајот Џефри Епштајн во Соединетите Држави на крајот на јануари ја извади на виделина нејзината преписка со него од 2011 до 2014 година, кога тој веќе беше осуден за сексуални злосторства.

Принцезата се соочи и со правни проблеми со својот син од претходна врска, 29-годишниот Мариус Борг Хеби, кој беше осуден на четири години затвор во јуни за две силувања и 32 други обвиненија за насилство. Тој поднесе жалба на пресудата. Самата Мете-Марит страда од неизлечива белодробна болест и во јули ѝ беше извршена трансплантација на бели дробови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)

Најмалку 350 луѓе загинаа во катастрофални поплави и лизгање на земјиштето што ги погодија областите долж границата на Непал со Тибет, додека речиси 1.500 луѓе се водат како исчезнати.

Над 350 загинати и 1.500 исчезнати во поплавите во Непал- снимен е почетокот на разорниот порој (ВИДЕО)

Една од најразорните сцени е снимена на 26 август во непалскиот округ Расува, кога ненадејни поплави ја зафатија областа околу реката Бхоте Коши.

Работниците заглавени на патот на водата и огромната количина остатоци мораа да бегаат на повисоки места за да си го спасат животот. Според Геолошкиот завод на САД, поплавата е предизвикана од уривањето на глечер и протокот на остатоци што потоа ја зафатил областа.

Наводно видео циркулира на социјалните мрежи на кое се гледа моментот кога огромна количина вода се упатила кон работниците.

Според локалните медиуми, работниците биле спасени откако успеале да стигнат до повисоки места. Многу од исчезнатите се странци кои биле во погодената област планинарејќи или на поклонение на свето хиндуистичко место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер