Најпопуларниот камионет во светот слави јубилеј: 40.000.000! - Канал 5

Најпопуларниот камионет во светот слави јубилеј: 40.000.000!

Во Дирборн е направен 40-милионитиот „Ford F-Series“ за американскиот пазар.

Најпопуларниот камионет во светот слави јубилеј: 40.000.000!

Јубилејниот модел „Ford F-150 Tremor“ излезе од производствената лента во фабриката во Мичиген и наскоро ќе се упати кон својот сопственик во Тексас.

До броката од 40 милиони „F“ серијата стигна по 75 години присуство на американскиот пазар, со оглед на тоа дека камионетите со оваа ознака започнале да се изработуваат во далечната 1947.

За импресивноста на оваа бројка говори и статистиката според која „Ford“ во последните седум и пол децении годишно склопувал над половина милион камионети од серијата „F“, поточно 533.333 примероци.

Се разбира, тоа е премногу поедноставен поглед на работите со оглед на тоа што серијата „F“ станала најпродаваниот камионет во Америка дури во 1977 година.

„Ford“ ја има таа титула 45 години, а ако се погледнат и патничките автомобили, серијата „F“ е најпродаваното возило во Америка 40 години по ред.

Минатата година, 726.004 од овие возила биле продадени во САД. Тоа е за 156.616 примероци повеќе од најсилниот конкурент на „Ram“.

YouTube video

„Ford“ се надева дека трендот ќе продолжи со нови верзии како што се „F-150 Lightning“ и „F-150 Raptor R“. Тие ќе покриваат многу различни групи на потрошувачи, бидејќи првата е електрична, додека втората има моќен „V8“ мотор под хаубата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, се обрати на отворањето на Регионалната конференција за спречување на корупцијата и проценка на корупциските ризици во Западен Балкан, која се одржува во Скопје.

Потпретседателот на Собрание Милошоски се обрати на регионална конференција за спречување на корупцијата

Конференцијата ги обединува претставниците на надлежните институции од регионот и меѓународните партнери во разговор за унапредување на интегритетот и заштита на јавниот интерес.

Во обраќањето Милошоски истакна дека спречувањето на корупцијата бара ризиците да се препознаваат навреме, а наодите на надлежните институции да водат до конкретни мерки. Особено ја нагласи важноста на транспарентното трошење на јавните средства, следењето на ревизорските препораки и препознавањето на ризиците во јавните набавки.

Осврнувајќи се на улогата на Собранието, потпретседателот посочи дека соработката со Државниот завод за ревизија е важна за парламентарниот надзор. Тој потсети дека двете институции во 2022 година склучиле Меморандум за соработка, кој предвидува размена на информации и разгледување на ревизорските наоди во Собранието.

Милошоски се осврна и на Предлог-законот за државната ревизија, кој е во собраниска постапка. Со предложените решенија се предвидува засилување на соработката со Собранието, поголема транспарентност на конечните ревизорски извештаи и подобро следење на спроведувањето на ревизорските препораки.

На крајот, Милошоски порача дека размената на искуства меѓу земјите од Западен Балкан треба да придонесе за поуспешно препознавање на корупциските ризици и за доследна примена на препораките во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија остана без селектор по само две кола во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот старт во Лигата на нации.

Бугарија остана без селектор по само две кола во Лигата на нации

Бугарите освоија само еден бод од првите два натпревара, кои се одиграа во Пловдив. Најпрво беа изненадени од Луксембург и славеа со 2:1, а потоа одиграа нерешено без голови против Естонија.

Димитров ја соопшти својата одлука веднаш по вториот натпревар, незадоволен од играта и од фактот што неговиот тим не успеа да го спроведе подготвениот план.

„Игравме многу хаотично. Нашиот план не беше спроведен и не успеавме да создадеме притисок во нападот. Тоа значи дека ја изгубивме довербата на играчите. Со ваква игра и вакво издание, завршуваме. Ѝ благодариме на Фудбалската федерација за укажаната можност“, изјави Димитров.

Тој ја предводеше бугарската репрезентација на десет натпревари, при што оствари три победи, две нерешени средби и пет порази. Бугарија сега ја очекуваат два последователни натпревари на гостински терен.

Во сабота ќе играат против Исланд во Рејкјавик, додека три дена подоцна ќе гостуваат во Луксембург. Исланд го зазеде првото место во групата со победа од 3:0 над Луксембург.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет — за чии интереси ВМРО-ОКГ го крои тендерот?

Криминална власт на Мицкоски под радарот договора тендер вреден речиси 60 милиони евра за автобуси во Скопје. 

СДСМ: 60 милиони евра за автобуси со помал капацитет — за чии интереси ВМРО-ОКГ го крои тендерот?

Скопјани чекаат превоз, а власта им ги намалува и местата во автобусите!

Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, наместо првично бараните 76, во следните постапки се бараат 66 патници по автобус.

Тоа е 20 места помалку од последно купените автобуси на Град Скопје и 30 помалку од донираните од ЕУ.

Две поевтини понуди биле отфрлени. Значи поскапи.

Класичен рецепт за корупција и шеми со местење тендери.

Очигледно намерно тендерот се повторувал трипати за да се наместат условите и да се усогласат играчите.

Омилените компании на ВМРО од Унгарија и Кина од остри конкуренти преку ноќ станале „партнери“ со заедничка понуда.

Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да го реши проблемот со јавниот превоз, Орце мисли на провизии и дилови и со автобусите.

Помалку места за Скопјани повеќе пари за арамиите.

Вака функционира организирана криминална група.

Ќе отвори ли истрага Јавното обвинителство или екскурзијата уште трае?

Скопје, 30.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер