Најниски 22 степени се измерени на Попова Шапка, во Велес највисоки 39 степени - Канал 5

Најниски 22 степени се измерени на Попова Шапка, во Велес највисоки 39 степени

Денеска најтопол град во Мекедонија бил Велес со измерени 39 степени, соопшти УХМР.

Најниски 22 степени се измерени на Попова Шапка, во Велес највисоки 39 степени

Измерени се 22 степени на Попова Шапка, 26 Крушево, 28 Лазарополе, Маврови Анови, 30 Претор, 31 Берово, 32 Охрид, Прилеп, Крива Паланка, 34 Битола, Тетово, 35 Струмица, Гевгелија, 36 Виница, 37 Штип, Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, 38 Скопје- Петровец, Кавадарци, 39 Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачноста. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.

Тајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)

Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година.

Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан.

Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“.

Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“.

Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Во Македонија до 18 часот се регистрани осум активни пожари, информираат од ЦУК. Во општина Сарај гори во селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во Македонија вечерва осум активни пожари

Пожар е активен и на подрачјето меѓу селото Трново во општина Гостивар и селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод, каде што гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Чашка активен е пожарот над селото Нежилово, во месноста Сватови, каде што гори ниска вегетација и поединечни дрвја. Пожар има и во селото Копанце во општина Јегуновце, каде што е зафатена мешана шума. Во прилеп активни се три пожари – над касарната, кај старите гробишта, како и во селото Црнилиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица на сите православни верници.

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честита христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност - вредности кои не потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за ближниот.

Семејството, традицијата, верата и солидарноста се темелите врз кои градиме силна, достоинствена и просперитетна Македонија. Токму овие вредности не обединуваат и ни даваат сила со заедништво и одговорност да чекориме кон подобра иднина.

Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба, и нека нe обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината.

Нека ни е честит и вековит празникот Успение на Пресвета Богородица!

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер