Најниска гледаност на Оскарите во историјата

Без водител и ништо привлечно, телевизиската гледаност на 92-то доделување на наградите Академијата беше најниско во историјата - привлече само 23,6 милиони луѓе, што е намалување за 20 проценти во однос на минатата година.

Ова го објави американската АБЦ повикувајќи се на резултатите од Нилсен.

Иако за прв пат во историјата, странски филм ја освои наградата за најдобар филм , режисер, сценарио и странски филм , тоа не привлече гледачи.

Покрај тоа, церемонијата се одржа порано од вообичаеното, што веројатно влијаеше на гледаноста.

„Наградата беше премногу предвидлива, премногу обична и здодевна“, рече Том О’Нил, основач на портал Голдерби, кој се занимава со органзиацијата на Оскарите .

По втор пат во историјата на Оскарите, наградата мина без домаќин, а критичарите велат дека тоа беше уште еден хендикеп на годинешната церемонија.

„Она што домаќинот го прави е да се даде форма и глас . Оваа година требаше да го наполни тој вакуум “, рече Џејмс понивозик од Њујорк Тајмс.

И критичарот на „Вашингтон пост“, Ханк Ставер, рече дека церемонијата била премногу предвидлива и ја нарече „Оскар на автопилот“, бидејќи, како што рече, тричасовното шоу „крстареше над Холивуд на височина од 35.000 метри“.

Во 2000-тите, гледаноста на Наградите на Академијата беше помеѓу 35 и 45 милиони гледачи и најчесто беше второ најгледано шоу на годишно ниво, а во 2015 година церемонијата ја следеа 37,3 милиони гледачи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер